Ве читам сите велите - после пандемијава уште војна ни фалеше ... А пандемијата што е? - Биолошка војна секако, која мислам дека служи само како вовед во тоа што допрва ќе ни се случува ... за жал.
Баба Ванѓа и Нострадамус предвиделе дека ќе има војна оваа година, одтанува да видиме дали тоа е точно или не
Уф, кој да памти како почна, ако не си креатор на истото Уште од лани есоноска меинстрим медиуми пишуваа дека Русија ќе ја нападне Украина. Изворите, нормално, Амерички. Па годинава се интензивираше со лицитирање со датум и време кога точно Русија ќе ја нападне Украина. Па се разиграа билатерални преговори меѓу Путини, Макрони, Бајдени, Шолцови, што уствари сака Русија за да не ја нападне Украина. Па Русија доставила предлози, меѓу другото веројатно и тој Украина да не влезе никогаш во Нато. Во меѓувреме излегоа записи од Германски архиви, дека вистина на времето се договориле, по спојувањето на двете Германии, Нато да не се шири на исток. Ама само усно се договориле, потпишано договор немало... Украина, колку што ми е мене познато, не беше ни блиску до членство во НАТО... И искрено, ова ми е неверојатно нелогичен потез од Путин, како за човек кој повеќе од 20 години води една голема држава, а покрај тоа со основна кариера во контраразузнавање. Така што, уште баш не ми е јасно која е целта на сето ова. Освен нели класика- богатите ќе бидат побогати, ние што не сме богати, никогаш нема ни да бидеме.
Мислам дека ова се измислици на новинари. Другарка ја имаше книгата на Нострадамус и во неа ништо конкретно нема напишано. Сѐ што има кажано е метафорично, а ти можеш како сакаш да си го преведеш. А ако не се лажам, Ванѓа за трета светска војна имаше кажано дека уште во 2010 ќе се случи.
Добро не мора да значи, само моабет си правиме, и дај боже да не се случи реално никој од нас не сакаме војна да има
Русија еве после Украина планира да ја нападне Македонија Небитни сме, скроз. Ама дека ќе не погоди цената на нафтата да. Не е добра ситуацијата. Верував дека војна нема да има, ама ете. Жал ми е за цивилното население, ќе страдаат невини.
Колку и лошо да звучи, најдобро сега е да ја освојат брзо Украина. Секако тоа ќе го направат, барем не мора да има повеќе жртви. Страшно е за луѓето таму. Никогаш нема да имаат мир ни прогрес.
Сфаќам, само ви кажувам да не верувате во сѐ што ќе прочитате на интернет бидејќи вакви ситуации највеќе се искористуваат за кликови. По видувањата на Ванѓа(ако и тоа беше точно), Кина треба да е светска сила, а не Русија.
Зар навистина мислите дека целта на Путин е само Украина? Не велам дека треба да почниме да градиме бункери ама доволно е да сме свесни дека никој не знае колку длабоки политики се во прашање.
https://www.dw.com/mk/пријателите-н...aca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss Ја ако заглави, бегам у Србија. https://a1on.mk/world/vo-napadot-na...LgVXFAE8DSXSeQDn2GoSEodQa7MlURqUtcXQR3oxJIhNg почело је почело..
Целата работа е околу северен ток. Бајден и западна Европа ја хушкаа играва со Украина и Путин.Се очекуваше оваа ескалација со години. Трамп беше прост,фенси беше за Бајден да бидеш. Ама омладина не знае дека таа екипа кога е на власт војна биднува.. А поради инсистирање Украина да биде членка на Нато, Русија и го почна овој напад. Следно жариште и Полска може да е. За жал и санкициите кои сега сите ке ги воведеме кон Русија ке имаат последици. Поради влијание на руски банки се смета дека во ДАнска на пр.во еден ден ке угаснат 7000 работни места.
Еве сега читам бараат од Турција да ги затвори Босфор и Дарданели за руски подморници. И после речете ми далеку сме и небитни сме.
А и не ми е јасно зошто се бомбардираат цивили? Имате воени бази, тепајте се, колете се, очи вадете си. Што се должни невини цивили? Што не се тепаат на пусти места, идете на Сибир па што сакате правете. По невини луѓе маваат, м р ш!
Епа ти виси, зошто за разлика од тебе која мислиш дека нациите се вештачки творби (до некаде за ова си во право) има луѓе кои мислат дека силата им е во раката и исто луѓе кои се држат до правилото слушај го помоќниот што ти кажува, во спротивно ќе бидеш натепан/нападнат. И не да ти виси, туку главата ќе ти ја пресечи, како во моментов што им ја сечи на украинците.