Шо да дознаете бе Бубаче? Имаш официјални аудио снимки од Змискиот остров каде со едно слушање, дури и без англиски превод можеш да разбереш што се случило. И одиш споделуваш извесна Мирјана од Фејсбук, што онака нашла слика од брод со војници уз утринското кафе и еве споделила. Иначе не сум иронична кон тебе, ироничен сум.
Пак ќе кажам да не верувате во сѐ што ќе видите на социјални мрежи. Сликите се стари, а во армија жени одамна има, не знам што сте изненадени.
А ти баш си сигурен дека онака нашла слика? Биди си,ако те исполнува. Наместо да комуницираш со почит кон мене,ти се брецаш. Си завршил ти со мене! Безобразие на ниво. Фуј!
Очигледно овие не се изброени во цивилно население кое си седи дома и гледа ТВ. Хм.. интересно. Оти не разбираш дека Украина се искористува за туѓ интерес?
Па војна е.Во секоја војна се случува тоа. Нормално е секој кој сака да ја брани државата,домот,животот да земе оружје. Појма немате што пишувате. Знам повеќето сте млади ама малку историја барем за војните во регионот треба да знаете. Ако има општа мобилизација што е чудно? Ти ѕвонат на врата во ниедно време ти даваат пушка и одиш. Жени имаше во војски и паравојски и во крвавите војни во екс Југославија.
И после ќе умре некој од овие што сами зимаат оружје и војуваат и на крај ќе речат тоа е цивилен народ.
Како можете да го обвинувате Зеленски, кога Путин е непријателот тука?! Убива невин народ! Не сум на страната на САД, ама никогаш не би поддржала некој, што убива луѓе. Путин не е над никој, за да може да одлучува за друга држава. Нека кажува за Русија дали да биде дел од НАТО или не. За Украина, не смее ништо да кажува.
Која е возрасната граница? Ти спомна 3 загинати деца. Починат е еден тинејџер само кој се затекнал во операцијата - сочуство Ама 18 годишни не се деца повеќе, способни се да држат оружје и без разлика дали не бил во униформа, а мобилизацијата на цивилното население е од 18-60.
Ова е видео снимка, не е слика. Направив скриншот. Ама нека… ќе видиме дали е лажно или не. Така за тенкот се ширеа лажни информациј па се испостави друго.
Не знам Ахој, почнувам да мислам дека ни ние ни тие ништо не сме избрале сами. До Балчак не беше добар филм ама имаше добра реченица: "Ве излажале лоши политичари". Никако не можам ни една страна да сфатам, никако. Како и да ја свртиш паричката, во војна само профтерите добиваат. Добри лидери се залагаат за просперитет, добри лидери не си го втурнуваат народот во војна. За двете страни важи.
Како не бе Селти, ајде во 2016 можеби не беше победник, ама во 2020 си го изгласавме со предност. Излажани од политичари секако сме, сите и секогаш.