Европјаниве пак не знаат и понатаму кај тераат. https://www.reuters.com/world/europ...sia-swift-system-foreign-minister-2022-02-25/ Со исклучување на Русија од Swift ќе значи потоп и на нивните индустрии. Баш да видиме што ќе се случува.
Нема потреба од војна тука. Ние миродавно сами ќе се предадеме. А, независни а под Украина/Русија исто ни се фаќа. Опасната земја што сме
Само што НАТО и Америка ги заболе баш за Украина, колку и за нас што ги има заболено. Мислиш од што многу ја сакаат сакаа да ја примат во НАТО? Не, само играчка е Украина за нив за да се поблиску до Русија. Таа им е трн в око одамна. И не не оправдувам она што прави Русија, а уште помалку Америка и НАТО. Само работите не се толку црно бели и премногу манипулација со информации има.
Таму обично се кријат војници, нот клевер.Одозгора убаво се гледа сѐ Пример од Водно доле у Скопје Како беше песнана у планињее
Не е така. Односно така мислиш додека не чукне на врата. Кога ќе чукне,сакаш да се браниш. Не сте осетиле,не знаете. Ова што се случува во Украина може да распали страсти и барања повторно и во Македонија. Мислите сите ќе остават се на послужавник на агресорот? Не.
Јас и @Celltica веќе одбравме. За да добиете подетални информации, Ве молиме прво донирајте некое евро да ја финансираме преселбата. #ВоениПрофитери На тема, на ако овој Зеленски навистина му понудиле и одбил евакуација, изгледа се осеќа самоубиствено. Нешто ми е сомнително тука.
Седам и читам неколку дена и гледам како го напаѓате Путин Да се разбереме не поддржувам војна. Ама ајде пријавете се тие што го плукате Путин, колку од вас ќе дозволите комшијата непријател бр.1 да ви дојде у комшии со вооружење од кои вие за толку краток период нема да можете да се одбраните? Зошто се правите луди? Кој ќе го дозволи тоа? Дали Америка ќе дозволи Путин да окупира нивен сосед? Ќе речете и Др членки се во НАТО а се комшии на Путин. Да ама не се директни закани. Истиот тој Путин ако читате и пратите уназад 20 години ги моли за мир. Не го оправдувам. Ама дали го разбирам, го разбирам. Башка тој претседателот на Украина. Па кој бре јавно изјавува правете коктели дома и фрлајте во тенковите од прозор и од коли. После полни ви се устите срушил зграда, прегазил кола. Алоооо у сред војна човекот се шета.. (мада ова и јас лично го осудив.) Сега ќе ме нападнете. И слободно. Ама тој е мој став. Зеленски кога виде дека никој нема да се бори со него требаше да се повлече, а не да дозволи невин народ кој што нема како да го одбрани да дозволи да страда за некој што го буцка и си го трга газот.
Освен ако не избегаш додека е време, кога навистина би почнале напади кај би можел да избегаш? Ова сериозно ме интересира. Летови најверојатно би немало, со кола до кај би стигнал? Плус нели треба некој да сака да те прими, ко сега тие што заглавија во Украина што чекаат? Јас би во Австралија, или Нов Зеланд. Ако веќе си пишуваме желби.
Аууу човече. Па вчера нели се ширеше приказни по интернет како сите до еден загинале Украински војници на тој Змијскиот остров. Дури и девојки имало што се бореле до последниот куршум. Која пропаганда само се шири по западните медиуми. Затоа треба секоја вест 3 пати да се проверува пред да се постира некој сомнителен твит.
Коа се зимаат вести од твитер и тикток така е. Видеото Хамери возила, доле пишале руска војска во Киев... 5 милиони прегледи, од кој 4,9 веруваат, пошо возило е возило. Многу ми е интересен сензационализмот, на двете страни...
Беспредметен е муабетов. Немаме апсолутно никакво влијание врз она што се случува. Најдобро би било, воопшто да не зборуваме/пишуваме за ситуацијава и да си го тераме животот ко претходно. Шо ќе иди, нека биди. Господ нека ни е на помош на сите.