Си споделуваме информации Вајлд. Тоа што некои навлегуваат во изнаоѓање решенија и меѓусебни препукувања, не мислам дека е причина зашто останатите да не си ги коментираме актуелните настани. Hot heads не мора да пишуваат...
Зеленски е еден комичар кој моментално си прави шоу и глуми херој. Бил на улица? Можеби, ама заштитен. На една држава и треба лидер кој политички ќе ја води, и во ваква ситуација треба да најде начин како да ги спопре нападите, а не на улица, со пушката да си замислува дека Кантер игра.
Не за то.. туку повеќе се ствара паника, ако постојано мислиме и зборуваме за војна. Затоа во 2та Светска војна Британија ја форсираше паролата
Пропагандата машинерија работи на двете страни. Секогаш во војна се употребуваат сензационалистички вести за да се придобие јавното мнение од едната или другата страна, а и секако се трупаат лажни вести за да се замаскира вистината. Кога има населението оверфлоу на вести, не знае веќе на кого и на што да верува и е дезиорентирано. Ете и вчера членот Абракадабра или како да му беше никот тука ширеше видеа од телеграм, тенкови во Киев дека Русите влегле и го освоиле градот. А тие Украински, маневри правеа за дефанзива. Овие другиве пак шират стари снимки од тикток и твитови некои... Штета што мислењата ни се бришат пребрзо, па не можат да се видат дезинформациите и глупостите што ги тресеа вчера и едните и другите.
Со други зборови, си го користи народот како топовско месо. И Учк на времето слично правеше, па после пиштеше дека војската стрелала во недолжно цивилно население. Стандардна гнасна америчка школа.
Апсолутно не се согласувам. Преку оваа тема многумина млади (вклучително и јас), се (до)информираат. Иам 26 години и за првпат у животов свесно следам и сакам да следам се’ шо се случува. Ова не засега сите! Работам во авио компанија која што има над 250 луѓе стационирани во Киев. Тоа се мои колеги, тоа се луѓе кои се извисени и оставени на милост и немилост! Сакам да знам што се случува, сакам да читам нови информации, колку год да ми стои грутка у грло. Не може и не смее да се поставуваме игнорантски спрема ситуацијава. Точно е дека нашиот живот не застанува, слободни сме, не ни се бројат деновите, не спиеме по подруми и си куцкаме по социјални мрежи од комфорот на нашиот дом, но.. И Кина беше далеку на почетокот на пандемијава, па се крстевме за три дена коа почна да се шири вирусов и овде. Украина и не е така далеку, а сѐ може така брзо да ескалира.. сметам дека мора да сме во тек!
Секој извор и нова информација ја проверувам по неколку пати. Во контакт сум со колеги од Украина, голем дел од информациите ги споделуваат они, па затоа и не се потпирам конкретно јас на сѐ шо ќе прочитам и видам. Јасно ми е у какво време живееме и колку некои амеби гледаат да ќарат плус од клик и шер плус.
Ама и САД има убиено мнооогу невини луѓе? Вака како што го напиша звучи дека само едните се убијци? "Добар" политичар е оксиморон, само обичниот народ е тој што го заслужува тој епитет. Епа тоа е единственото место за добивање инфо? Или па во Украина директно да отидеме за најреално. Има видеа што се многу очигледно дезинформации, ама нормално не се верува на се ако си барем малку медиумски писмен.
А паниката? Стресот? Исто беше со пандемијата. Тамам стивна тоа, ова рипна. Крај нема... Добро, има крај, ама многу е морбиден...
Има луѓе што не сакаат ништо да знаат и не ги интересира и реално е подобро за себе си, ама ете не можеме сите така, сакаме да следиме.
Ми текнува, кога започна пандемијата во Вухан, ние бевме на пракса, докторите, медицинскиот персонал се шегуваа за корона, си кажуваа некој остроумни досетки, пошо нели далеку е од нас, ама за кратко време откако си го правеа муабетот немаше ни недела дена се појави првиот случај на корона во мкд, после тоа не им беше толку смешно .
Дезинформации има насекаде, ама првичната намена на твитер беше политика. Така да, сите новости што ги читате и гледате, првично на твитер се објавени. Видеата што ги постирате да не мислите дека од некој веродостоен медиум се снимени? Сѐ е од луѓето што се таму и имаат споделено на социјални мрежи.