На времето (баба мод) во кризни сируации имаше известувачи на терен од секоја држава, или по неколку од телевизиските куќи. Бар така мислам. Имаше еден Тихомир Илиевски ли беше, често го праќаа да известува од ваму или таму. Колку биле пристрасни или непристрасни во известувањето тие си знаат, ама бар гледаа реално што се случува на терен. И тоа секако беа спремни луѓе, значи со познавање на состојбите, од политичка редакција, не од спортска. Сега Бесцелно е да се пишува, ниту информации ниту мислења базирани на лажни информации се битни. Само нека заврши побрзо и со помалку жртви.
Не можам да го дефинирам Зеленски сеуште. Но вчера ме изненади кога ги нападна европјаните дека никој ништо не помогнал,дека с е оставени сами. Што е храбро,а и остава порака ,ќе хушкаат од Еу,ќе доаѓаат во мисии,ќе делат памет,а немаат став 3 дена.
Зборот ми е дека можеби ни изгледа далеку од нас, ама не е. За жал многу брзо може да ескалира ситуацијата, побрзо отколу што мислиме. Не знам за вас ама јас цела ноќ не спиев мирно .
Точно, а и има снимки како влегуваат и ограбуваат куќи и станови. Затоа реков оди нека ги контролира некој сега.
Ама баш заради то го велам ова. Оти свесни сме сите дека може да го зафати цел свет. И додека чекаме да видиме дали ќе се случи, или не, ни останува само да паничиме. Го кажвам ова, оти знам како е да имаш опсесивни мисли кои предизвикуваат анксиозност и паника. Си го стимулираме стравот ако постојано мислиме и зборуваме за тоа. Па да речам, и за мене го зборам ова. Се обидувам да најдам coping механизам за да не се побудалам дури не заврши се'... one way, or another....
За кое борење зборат не знам. Не беше одамна 2001 па да се правиме мутави. Тие шо имаа шанси уште одма избегаа, оти би било поинаку сега? И со право избегаа, ама битно на форум ќе мудруваме.
Тука си во право. Јас се познавам себе и ме фаќаат паники и секој слободен момент почнав да мислам на тоа што се случува во Украина. Меѓутоа живи сме луѓе, не интересира, мене дури и ми е чудно што македонскиве инфлуенсерки и инфлуенсери не споделуваат ништо и познати српски фаци, си тераат како ништо да не се случува, освен кај Миа што видов пост. Ама затоа за лапање пари сите се први.
Значи една бомба да ни пуштат и толку е со нас. Нашата војска па една опремена со опрема од СФРЈ ќе војуваат. Немавме авиони пожарите да си ги стишеме не пак ние ќе војуваме. Ќе војуваме ние против Русија бе
Не знам ни што да искоментирам на нештово од што е толку трагикомично. Брада немаат уште на 18 и диплома од средно. Да одиш слободно да се бориш ако ти дошло до тоа.
Кога ќе го видат противпожарното возило шо гаснеше пожар летото, ќе речат овие отепани се со време нема потреба да интервенираме.
Епа со првиот напад од Путин ги снема сите, не му креваа слушалка. Сега редовно се слуша со сите европски лидери, стига помош во оружје, скоро сите европски држави ги стопираа европското небо за руски авиони, им ставија санкции, замрзнаа пари во банки, почнаа да протеруваат руски милијардери... Сега се познава дека има поддршка, изгледа првиот напад беше најсилен, завземени се само мали територии, си мислеше Путин ќе влезе триумфално во Киев, ама не е се по планот. Него ни рускиот народ не го сака, ама и тој ко Ердоган сам си изгласа да е претседател уште некоја деценија. Се менува ситуацијата на терен, стига оружје, стига помош, не е ова Грузија да ја помине за 45 минути, а не е ни 2008ма. Штом Унгарија стави бан на летовите, скоро сите се согласуваат за од свифт да ги мавнат, наредно е златото да се тргне од секјурити и Путко може слободно да се ебе. Ќе падне и кинеската поддршка
Се надевам ќе можам да заминам некаде. Да ни гинат децата за лични интереси? Чувството на хероизам и побитно од самиот живот? Децата ќе ги паметат траумите и ќе им фали таткото, нема да ги теши тоа дека бил херој. Да се бориш и да знаеш зошто, да. Да знаеш 5 посто од инфото, дали воопшто и толку, а се друго во позадина меѓу ограничен број луѓе...не, фала.
Тогаш зошто Зеленски нареди мобилизација на машките од 18-60 години ако се деца? Мм? Ако е 18 годишен и пука, значи дека овие треба да ќутат и да дозволат да пука врз нив оти "дете е?". Оти не разбирате дека Украина се искористува од страна на САД ?
Други теми се, ама стварно се нервирам. Колку се загрижила на пример државата за мене ко жена, колку имаме семејно насилство врз жени, а никаква заштита од државата. Значи мене некој може да ме отепа комотно, ко што и има фемициди и да биде сигурен дека ќе си помине лесно, ама јас треба детето без родител да го оставам. Не верувам ни дека еден политичар имаме што не би му ја киднал, ниту дека би немало предавници што ќе ги продадат другарите за неколку илјади евра пошто тоа ни е во генот.
Реално најдобро решение е да си мислиме оптимистично и дека ќе се смири се и нема да се шири. Ќе дојдат до договор деновиве и крај. Најлошо сценарио на никој не ни е во полза.
Мене кога ќе фаќа паника затворам и ништо не читам (ко сношти ) А инаку и паниката е дел од животот, озбилни се овие работи, нормално дека ќе паничиш