Сочувствувам со Украина моментално, бидејќи гледам како невин народ плаче и бега во неизвесност, гледам како бебиња се раѓаат во нестерилни услови во метроа и подруми, и како истите се борат за воздух. Знам дека војуваа со Русија со години, ама не следев детално што како... Да се навратиме на денес, не знам со кој памет Зеленски оди против Путин коски ми се тресат само што го гледам на Тв, каков страшен и лудачки поглед има човеков, а не да му се спротиставам него, знаејќи колку моќно е опремен воено, (да додадам дека до скоро го почитував, нели јас хардкор православка, па и тој таков, ау-бау, браќа и сестри по религија и некоја си заедничка словенска врска), ама сега веќе Зеленски не е ни најмалку храбар, патриот и слично се сними вчера во слепа и мирна улица со министри покрај него, демек еве тука сме, се бориме, а реалноста е дека ни се бореа ни ќе се борат, плус кој знае во позадина од колку војска беа чувани, ама нека. Војна не ни треба на никого, ама пак ќе речам, оној Зеленски нека му се помоли на Путин, ако толку си го сака народот и нека не го пушта по вода, не од што така е правилно, туку дека секогаш помладиот оди кај постариот на "бацирака", во спротивно ќе изгинат уште многу Украинци... Не го оправдувам ама ич Путин што се меша во Украина и им налага да не влегуваат во Нато, ама за жал кој е помоќен ќе те управува, исто ко нас што ни прават соседите. Нешто слично и нас ни се случи 2001, и нас меѓународните мирољупци не притиснаа, бидејќи однапред беше договорено се, само штета беше што ем изгубивме многу како држава и свиткавме кичма и сеуште виткаме, ама најштета беше што можеа да се избегнат масакри, ама...
Немаат војска, немаат ништо. Никој не им помага сами се. И тука се крши правото на избор, ама тоа е. Наместо да се заврши ова, Зеленски се шета со луѓе околу себе,а децава се оставени сами на милост и немилост.
Нелим НАТО е со нив? Оке, ај НАТО не смее да оперира. Нелим добијаа милиони тони оружје? Нелим имаат 500.000 војска? Каде е? Зошто го мобилизираат цивилното население? Или Зеленски земал телефонот и твитер и ја подгрева ситуацијата и земал пушка и мисли игра Кантер de_dust2. Ако неможи да пружи отпор, нека го предаде оружјето шо го добиват од запад, нека се изјасни дека Украина ќе има неутрален статус а не да ги загрозува животите на цивилите и да работи за интересите на САД. И разберете дека само народот ќе страда заради туѓи надворешни интереси.
Знаеш што ми кажува ова? Дека на Зеленски и другарчињата им е јасно дека Киев сосе Украина е завршена приказна за нив. Зеленски се појави во Киев само за да направи што поголем хаос, да не се знае кој јаде, кој пие, па оди после тури ги работите во ред. Лидер кој има искрени намери со својот народ никогаш не би делел оружје на секого, посебно не на деца! И не би сакал безредија меѓу луѓето за време на војна, оставени без никаква контрола и заштита. Тешко на народ. Ама.. Русите ќе си имаат полни раце работа, а комичарот или мистериозно ќе го снема од улиците на Киев, или ќе му го предадат на Путин на тацна.
У каква окупација си бе ти ? На небото гледаш птици, а не воени авиони. Веројатно излезен на кафе го пишуваш мислењево. Не ти прети залетан куршум при враќање кон дома. У каква окупација си ти ?!
ако го изгледа некој цело нека ја каже поентата Дојдов до 10та мин и се уморив Историја раскажуваше Гледам дека го поддржаваат доле дека убаво зборел Може и цело да го догледам и онака неам шо да правам
И да се бориш еве, прашај ги тие што беа 2001 и што се вратија живи што добија од државата. Ни тапшање по рамо јас колку што знам.
А зашо бркаат руски милијардери и луѓе од по светот? Шо се тие криви?народот не е крив за политиката која ја води државата Ни кај едниве ни кај другиве А и општо Не можат да очекуваат да седи мирен Пратив вчера статија од 2019 Уште тогаш пишувале дека Украина ќе е закана за Русија ако влезе во НАТО
Ништо нее лага. САД јавно се фалеа дури им дадоја план за производство на нуклеарно оружје. Затоа Русија ја почна операцијата.
Да бе па и по америчкиве страни на фб и инстаграм Зеленски е претставен како херој и низа коментари од нивниот народ како е вистински ЛИДЕР, тоа што ќе им сервираат медиумите во тоа веруваат. Зошто никој не истражи што се случуваше малку порано. Путин колку време го молеше Зеленски да се договорат, тој не сакаше. Мислеше нато ќе стои зад него и Русија ништо нема да му може се перчеше. А сега Путин им е крив. Се снимил за на фб дека е излезен на терен за пред камера само, којзнае во која дупка се крие. Убава маска, глуми жртва и национален херој. А народот заради него се сега во оваа ситуација што се. Жал ми е за двата народи што страдаат заради политички игри. Зеленски нека се предаде, да заврши оваа тортура врз Украина.
И Орбан се придружи кон Европските санкции. Наскоро ќе почнат руските војници да ја оставаат униформата
Мило ми е што интуицијата, барем до сега, не ме излажа. Киев се држи јако! Жално, прежално за двете дечиња и 30тина возрасни и за загинатите од другата страна.... Долу Путин! За ова да го обесат треба.
Путин го молел Зеленски. Путин го МОЛЕЛ Зеленски! ПуТиН МоЛеЛ!!!! Да трепка! Абе вака ако го браните Путин, се плашам дека да знае, ќе не потепа сите овде колективно. Шала на страна. Знаеме сите како изгледа Путин кога вика некој на разговор, е сеа дали е тоа - дека ќе те моли тој нешто или буквално ќе ти нареди. Буквално велите дека Зеленски требало да оди и да игра како Путин ќе му свирка. Ама буквално. Не знам како не ви е јасно. Америка е крива како ѓаволот. За многу војни низ светов. Крива е и за буцкање и хушкање уште толку. За она што моментално се случува на Украина е крив само Путин. Русите пукаат во Украина. Не пукаат Американците дечки. Знам дека според вас Украинците сами себе се пукаат уствари, и се е лажовно сем она од Путин и Спутник што доаѓа нели, ама мала непристрасност не е на одмет. @Cosmi читам добива поддршка. Ама прашањето е дали е само давање лажна надеж на народот дека добро се држеле се до моментот кога Киев ќе падне. Ич не ми се верува дека Украина може да победи. Исто како што тешко ми е да верувам дека Кина би и откажала љубов на Русија. Само што прочитав изјава дека на русите не им требале дипломатски односи со никого. Овој напад е многу добро осмислен години претходно. Сигурно се земале во предвид пред да атакуваат.