Поголема капитулација од оваа што и се деси на Македонија ни имало ни ќе има. Сепаратистичка група да стави мнозинско население во граѓани од втор ред никаде не било. Туку да си ги покриеме ушите и да ќутиме. И исто, не се предадовме одма да, ама нашите точно беа насочувани од меѓународната заедница, да не речам текот на војната веќе беше решен уште пред таа да заврши. Нашите немаа целосно одврзани раце освен во Арачиново првите денови. Од аспект успех во војна, повеќе од катастрофа сме. Благодарение на нашите продаден гз политичари, не на војската, секако. Ќе речам тешко на тие само што погинаа.
А добро, барем умреа луѓе во таа година за нешто што се знаеше како ќе заврши од старт. Да имаме отчет дека не сме се предале. Смешки.
Се согласувам целосно. Факт е тоа и стои. Ние немавме одврзани раце, а и да имавме, немавме ниту армија, ниту оружје ништо. Ама Украина има оружје и народ и одврзани раце. Јас лично би сакала војната одма да престане за да нема повеќе жртви. Ама ако Украинците сметаат дека треба да тераат до крај, тоа е.
Ние појаки бевме во таа војна, и со оружје, со луѓе, техника, логистика, со се. Ги добивме сите клучни позиции, ги обиколивме терористите во Арачиново и беа пред капитулација. Ама тогаш ни се закани НАТО дека ќе не бомбардира како што ја бомбардираше Југославија и потпишавме безусловна капитулација. Да бевме овака неразумни ќе не срамнеа со земја. Којзнае колку цивили ќе загинеа. Во Србија тогаш преку 2000 цивили, жени, деца беа убиени од страна на САД. Македонските војници тогаш загинаа во заседа, кај Вејце, Љуботенски бачила, Карпалак. Сите тие заседи беа направени под директива на НАТО, а клучна улога играа македонски издајници кои ги наместија. За сега тоа исто НАТО да биде славено овде. Нема поглуп народ од македончето.
Ее затоа зборев вчера што се чуди народов зашто Путин го праи ова.Пошто сме навикнати политичарите да нѐ д у ребра. Еве у меѓувреме на тв ми врти ,,алијанса на Албанците се жалат за распределба на парите од буџетот на министерството за култура” дека се утепаа од книги читање, опери правење, претстави итн Него, во видеото горе шо го постирав, пуштете од 15та мин ќе сфатите зашо го праи ова.Сѐ им дал, а за возврат само барал мир и да не влагаат во НАТО. Ама САД како средношколци да се ,,абе побарајте вие влез во НАТО, овој лудиов ако ви рече нешто, ние сме овде” И после имаш ,,Зеленски: не добивме поддршка каква што очекуваме, ова е можеби последен пат што ме гледате” @Billy Idol дали си убав колку што си паметен?
Најголема вина за поразот 2001 има Борис Трајковски кој веднаш по доаѓањето на власт почнаа да ги пензионира постарите команданти.Затоа и "случајно" загина на крај.
https://twitter.com/JustinPulitzer/status/1496709662602932224?t=MEI5AZnkCqXdRc6PkwgtpA&s=19 Вистината плесната во лице Македонија не ја дирајте. Македонскиот пад беше резултат на 20тина гнасни политичари кои дозволија Македонија да падне. Се е платено од албанците, со огромни пари. Одговорност барајте од издајниците вмро и сдсм. Вмро усра, а сдсм го запрета лајното да не смрди, ни продаваат демократија. Ги убија војниците 2001ва, а после, постепено со нивните посрани политики нè умираа сите нас, секојдневно. За 20тина години, а најверојатно помалку, македонците ќе бидат малцинство во својата држава. Ако не скокне Бугарија да ги брани бугарските пасоши. И оваа тема е Украина и Русија, не е за Македонија. Отворете тема и таму ќе се докажуваме, со бројки
Мислам дека сите овде се малку постари и подолго време следат политички настани и знаат што се случува од поодамна.
Де Бриџо, кој вели дека вредеше. Велам дека секој тера до кај мисли. На крај никогаш скоро не вреди ниедна жртва. За ниедна војна па ни нашата. @Billy Idol не е тема на муабет, ама нели по распадот на Југославија ни беше земено се од воена опрема, буквално предадовме се само да излеземе без војна? Ние сме мали и небитни. Ние секако не можеме да играме сами. Не знам дали можеше побезболно да поминеме, ама знам дека кога има војна има и наши и ваши и предавници, а најмногу жртви. Затоа, и секогаш ќе сум против.
Зошто мислиш дека имаат одврзани раце кога Зеленски прави како што ке му каже САД. Народот не сака да војува овој беше спремен на преговори ама го подбуцнаа да ќе му помогнат. Сега гине нецин народ.
Затоа што пукаат. Имав вујковци во 2001 што не смееја да пукаат, па само се молеа нив да не ги упука нешто.
Зашо така мислиш бе Косми? Кому му е должен? На НАТО? Ништо не е должен таму, баш напротив, малку ако имаат образ ќе го остават рајат после све што и имаат направено на државата. На Русија? Бизнис зделки си има. Ништо повеќе. Прв вакцини набави, од сите. Кој со која сака, со таа. Ич не го сакам, ич, ич, ИЧ. Ама не е глуперда човекот.
Зошто да не? Па баш во гео-политиката сите работи се поврзани, па така војната во Југославија 1999, и граѓанската војна во Македонија 2001 година се клучни за разбирање на ова што се случува денес во Украина. Со таа борба и интервенција на НАТО во Југославија, и закана за Македонија, признавањето на Косово ја отвори пандорината кутија за денес истото да го прави Русија над Украина. И секако дека најголема кривица тогаш беше кај нашите влади, СДСМ и ВМРО, и Борис Трајковски, како што е сега кај кловнов Зеленски. Среќа па Борис беше присебен и знаеше кога да се повлече кога виде дека не може да оди против САД и ни прети бомбардиње и војна. Сите политики кај нас се под директива на САД, посебно безбедносни, надворешни и клучни политики за националниот суверенитет, интегритет. Се што ни се случува нас овде е индиректно масло на НАТО и САД. И ЕУ, секако, посебно на економски план. Два пати Бугарија беа на готовс да влезат воено во Македонија. Два пати. Во борбите во Куманово пред 8 години, Бугарија цела војска ја стави на Македонската граница. Сега имаме агресорски политики од страна на Бугарскиот претседател. И за сето тоа ќути САД, ќути ЕУ. Говорот на Путин против Украина е копи - паст од Бугарскиот говор за нас. Треба веќе конечно да се освестиме, сплотиме и да ги ставиме на прво место нашите, македонски интереси. Затоа што со овие случувања може многу брзо да се прелее дестабилизацијата и овде. Ние сме и онака во политичка војна со Бугарија моментално. Членка на НАТО. И најмалце што треба е да бидеме воздржани во ситуацијата. Да расудуваме логички, да оформиме наш став, а не да го поткопуваме интегритетот и стабилноста на Македонија поддржувајќи некој кој не стави во оваа ситуација и ни се заканува по нас и нашата држава. Наместо овакви хехенца да се пишуваат овде на темава. Путко оваков, Путко онаков, време е конечно да извлечеме некоја поука и како народ да развиеме малку национална свест. @Yowannty , немавме ние ништо оружје. Неподготвени не фатија во Тетово. После тоа баш таа Украина беше земјата која ни донираше оружје и се бореше од наша страна против терористите и НАТО.
https://twitter.com/visegrad24/status/1497590742335774726?t=yHvZaNwDyzQYu-eQKl9FBw&s=19 Кој тресеше зелени дека украинците со раширени раце ги дочекувале руските војници? Ајде русофили, Путко-љупци, огласете се
Верувам.Ама видеото е од негов аспект, од аспект на Русија и тоа што се договарале. @malerozna не го обожавам Трамп, ама убаво им го плесна
Проблемот е што државата му е во лимбо. Исто како кај нас, ориентирани про-Еу и про-Нато. Едноставно сам на себе (земјата) си става сопки.
Путин вели Украина била вештачки создадена земја. Божем Русија и останатите држави, со границите, се богом дати. Исто ко ставот Бугарија што го има за нас. Утре ако им текне да не голтнат, по вас ,треба сами да им се ставиме на чинијата. Секоја чест за борбеноста на Украина!
Не бевме појаки.Убаво е така да мислиме ама не беше така.Тие беа спремни многу одамна . Ние не,тогаш набрзина се организираше се. Оружје за ноќни стражи ни делеа за одбрана по маала. Долго време беше народот сам во Тетово и тетовско сам пред да распоредат снајперисти и оклопни возила. Нашите села беа исчистени.Непроштено,Теарце,Лешок. Што правеле разузнавачките служби кај нас,не знам,спиеле. Арачиново беше само една битка во која нашите не завршија тоа што требаше. Војна е проклета работа. Тогаш имав 23 год.првпат видов како се убива погаѓа човек од снајпер на улица,каков звук прават куршуми(свират)кога ти поминуваат околу тебе. Ние излегуваме ама не беше паметно,луѓе одеа на работа низ град,се движеа,ама седевме и во подрум. Затоа не можам д аја сфатам подршката кон Путин. Тој напаѓа. Украина е јасно манипулирана и вазал на мзападњациве ама Путин спроведува свои интереси на туѓа територија,народот трпи.
Е баш тоа не го разбирам кај русофиливе. Со векови и ден денес сме Украина. Малце сочувство да видев. Само стокхолмски синдром.
Ако има војна, ја зиам пушка, да видиме на пабџи што сум научила. -не се заебавам, ќе решетам шо год да дое, Американец, Бугарин, Србин, Монголец, се` ама џабе ја што ќе се пукам, кога политичариве ќе не` продадат за ситни пари.