Точно. Не бевме подготвени на старт и требаше време да се консолидираме. Чекавме помош, ама помош не пристигна од никаде, единствено од Украина. Ние најдобро знаеме како е да се бориме против светска сила како НАТО. Еве сега истото го искусуваат и Украинците против Русија. Ако они не ја научија поуката од војните 1999 и 2001, нека биде ова за нас лекција да не го поддржуваме НАТО, затоа што моментално нас ни прети опасност од нато членки, не од Русија.
На Америка и одговара да трае подолго војната затоа и им дава оружје. Таа и цело време бицкаше да бидне некаде со Русија. Ама европскиве се мутави и прават како што сака САД. Што не прави војна на своја територија него секогаш негде далеку од неа. Си го создаде НАТО за да може да ги контролира европскиве потрчковци.
Одлично неутрално мислење на србинов (освен накратко непотребно спомнати глупости за месечината, тоа не му требаше)
Три-четири држави можат да прават што сакаат.Според нив сите други мора да играат на нивната музика. Зеленски ако сакаше правилно да ја носи одговорноста немаше да игра на музиката што САД ја свири и ќе седнеше да се договара со Путин.Особено ради фактот дека Путин е суров човек. Ако не покажеш заби секој ќе те заебава, притиска, уценува и контролира. Од американофилија и русофилија нема корист, има само штета.
Ја споредува Албанија со Русија и се треба да ти биде јасно како размислува. Русија или Америка да ни се закани дека ќе не нападне ке се бориме и браниме? Со главата у зид, кој сме ние за нив? Исто и у случајов Зеленски требаше одма да се предаде. Бидејќи знаеме колку моќна е Русија и не може да се споредува со Албанија. Ние бевме и сме поспремни од Албанија ама за жал рацете ни се врзани, и ние играме како ни свири Сад.
Ние сме одамна на чинија и коските ни ги глодаат сега. Не со аргумент на оружје, туку политички, со умисла на Западот. Не е војна само она во Украина.
Па ја сподели веста поприлично изненадено и некако шо знам, драматично. Што да не те цитирам побогу, форум е. Форина, џелатот од Вејце е во собрание. За предавтсво, така бива тоа. Уште Нобелова за мир му фали. Нормално, не само нему. И на останатите симнати од планина. Текот на војната се знаеше уште пред да заврши. Форина беше дента на смена, како главен командант на АРМ кога се случи Вејце. Скоро потоа дезертираше кај борците за слобода. Имаше 18 годишни, со празни пушки пратени на терен. Деца млади кои служеа војска тој период, ги праќаа на терен. Пред очи им умираа другарите. Забрането им беше да отворат оган. Мм беше во 2001 на терен. Јас имам трауми од тоа што ми го има кажувано. Јас дете, средно бев тогаш и патував Скопје - Гостивар со бус. Си одев дома. Божем мирно беше, па се слушна по пат од нигде никаде пукање. Се криевме буквално под седишта. Поголем страв никогаш не сум доживеала. Се тресевме кога ѕвонеше телефон, да не е лоша вест. Не вреди ништо за ова да ви кажам. Ама политиката е опасна работа. И овој театар е само дел од она што навистина се случува. Сега јас озбилно многу се плашам да не ескалира ситуацијата. На раб на трета светска стоиме. Најмалку ме интересира кој е прав, а кој крив и кој од кого е инсталиран. Она на кое треба да се насочи енергијата сега, е кај двете страни да преовладува разум и човечност (ако бар малку ги имаат) со цел да престане ова лудило. Заканите од Русија не се воопшто наивни. Сега и Турција читам денес со бан за Русија. Уште Турција фали и не сакам ниту да го замислам најлошиот можен тек кој би следел. Да ви кажам, короната ми е подрага.
82 војници на вооружените сили на Украина, кои се предадоа на Змискиот остров, пристигна во Севастопол. По краткорочни правни процедури и усогласување со украинската страна, тие ќе бидат испратени дома. ЗЕЛЕНСКИ ПРЕДАЈ ГО ОРУЖЈЕТО !! НЕ ГО УНИШТУВАЈ УКРАИНСКИОТ НАРОД !!
Никогаш, никогаш со ова нема да се помирам, толку ми е претешко и за неверување, иако 20 години се поминати. Собрание еј!
Ништо немавме. Точно Украина ни даде негде на пола од војната. И тоа не беше доволно. Пак од полиција ни го конфискуваа оружјето што легално го имавме по дома. Конкретно нас, пушката. Ни ја вратија. Реално никој не знаеше како ќе заврши во моментот кога почна. Сите бевме затечени. Бевме на роденден кај братучетка ми, пукна па останавме уште 2 недели. Со спуштени ролетни, дур ни маршираа под прозор терористи. Се задуши втор пат беше можда веќе не се сеќавам за 2 недели и мислевме толку е. Ама пак почна и тогаш траеше. Негде во текот на војната почна да станува се јасно. Ама од почеток никој појма немаше што се дешава. Сеуште дознаваме по нешто одвреме навреме. Ерика жено, ма скроз ја промаши поентата. Нек ти биде.
Турција вика дека сепак не е точно дека се затворени Босфор и Дарданели за руски бродови. https://www.middleeasteye.net/news/...key-denies-closing-black-sea-russian-warships
Промена на име, корупција, владеење на малцинство над мнозинство, поделби меѓу народот по секоја основа, нефункционален систем, местење избори, вечита некоја ѓурултија и нерасчистени работи со комшии.. Да, за се ова е виновно мешањето од страна.
Најубаво сите јажето..или куферчето -со првово не ви мислам смрт да не ме сфатите лошо.Ама сме пишлива држава шо доживотно ќе ја команда некој, т.е САД, и ќе си бидеме граѓани од втор ред.Ја у други земји не знам толку да се обесправени домаќините, ама сериозно.У Америка сѐ живее, сите со сите се колат и решетаат, ама не гледам на ориџин Америте дека им фали нешто