Нас не не нападнаа Aлбанците. Не нападна НАТО. Албанците ништо не можеа да прават без директива од САД. А како што гледаш, сега сме во НАТО и тие истите ни се во влада. Јасно се гледа кој ја има поддршката. Моментално сме во политички рат со Бугарија веќе 2 години, и како што гледаш НАТО не само што не не брани, туку и ги поддржува Бугарите со агресорските политики и претензиите спрема нас. Мислиш утре ако пукне во БиХ и Косово, а Бугарите кога ќе искористат иста реторика како сега Русија, да влезат тука за да го бранат бугарското население (Македонци со бугарски пасош) кое ќе го има во уставот наш, дека НАТО ќе не брани нас? Затоа е најдобро сега да си ќутиме, да не се силиме и дигаме и да се огледаме малку на Вучич кој игра многу мудро. Да, не можеме да сме неутрални како него, ама можеме да бидеме што е можно по тивки, со поумерени изјави и да гледаме некако да ја искористиме кризава за наша корист. Нас ни треба паметна дипломатија, а не хехенца и да трчаме во први редови као демек нас не чекаат да го спасиме светот.
У однос на ова, имаше статус на Фб од Фросина Фро: ,,Ко за народ што се плаши од 35 души на Лев Тахор, многу се јачате околу Русија и Украина." и у право е https://off.net.mk/vesti/mislenja/zapad-trebashe-porano-da-sfati-deka-putin-ne-blefira ја панимаја руски, и ја знаја ето њет је њет.
@Billy Idol Ожени ме Зеленски само твита, не го видов со пушка во рака и панцир на тело. Вие што го мислевте за херој,се утепа од твитање цел ден.
https://mia.mk/бесими-светската-економија-пред-нов-п/ Колумна на МФ, Фатмир Бесими, во однос на актуелните случувања со Руско-Украинската војна.
Turcija potvrduva. NTV pisuva deka Ukrainskiot predsedatel mu se zablagidaruva na Erdogan https://www.ntv.com.tr/dunya/son-da...n-zelenski-ile-gorustu,2rOEY11An0CGUX_ej3knzg
Леле Еве види го: Не дека нешто многу значат сликиве, ама еве да го видиш. Или сакаш на терен во живо?
Сигурно нема да биде во првите борбени редови, ама па и не е затворен во бункер. А за твитањето не твита лично, тој негов профил го води пр тим.
Не нападнаа Албанците,не можеме да ги амнестираме,секако подоцна со подршка на Еу и Сад. Не нападнаа поради свои интереси,кои делумно ги остварија(западен дел не го отцепија)а беа поспособни да изнудат подршка. Немој да заборавиш во почетокот и од Америка и Еу беа ословувани со терористи кои после некој месец беа наречени борци за човекови права. Во почетокот имавме подршка,не ја искористивме. И во Арачиново на нашите им дадоа слободни раце да го решат,нашите се откажаа зошто ќе имавме загуби. Тука повторно нашите покажаа слаба способност за дипломатија не дека албанците им требаат многу на америте,Нато, Еу. Што се однесува до членството мислам дека има член во Нато за заштита,доколку се нападне членка на Нато должни се да ја одбранат. Тие не се алијанса кои може да се мешаат во политичкиот конфликт што го имаме со Бугарија. Воено имаат обврска да бранат членка на Нато. Вучиќ е дупли играч и воопшто не игра мудро. Тоа вчерамшто го изјави е чист маневар кој веднаш беше поздравен од америчката амбасада.? Кај нив ќе го видиме резултатот во нареден период. Не можеш да бидеш класичен русофил, а да седиш на 5-6 столици. Да беше мудар требаше да ја подржат Украина и да ја осудат Русија. Бидејќи Косово беше Украина кај нив. Србите најмалку треба да се следат што зборат во овој конфликт бидејќи 90%се за Русија.
Да, Зеленски му се заблагодари, Турски официјални лица кажуваат дека во телефонскиот разговор не му е ветено дека ќе се затворат премините за руски бродови. Така да едните се заблагодаруваат, другите негираат. Што е точно никој не знае изгледа Како и да е во планетарен интерес е што помалце инволвирања од страна да има. Тоа е за жал, сакале ние да признаеме или не, сето оружје за масовна деструкција е во рацете на неколку земји со нечовечки вредности...
Стенд ап им држи, 100 посто Види го, овој ви личи на сериозен политичар, на кого во државата му се случува војна, а он место политички да бара решение, он облекол униформа и се слика? Па на филм го нема ова.
Се ми се чини он си има некоја добивка од оваа криза.. Не е толку наивен колку изгледа. @Celltica NTV прв би објавил демант.
Главниот град на Естонија, некогашна СССР, членка на НАТО и дели граница со Русија, Талин, со масовна поддршка за Украина.
Ми привлече внимание во пишаново, тоа што Путин бара и враќање на Нато позициите до пред 1997 година. Т. е. цела нивна воена инфраструктура да се батали од Источна Европа, и тие земји да бидат тампон зона, воено неутрални, за да се чувствуваат безбедно и удобно и Истокот и Западот. Не знам за Бугарите, ама јас на нивно место многу сериозно би ги сватила овие укажувања на Путин, посебно сега. А како се сега раскокодакани Бугариве против него, боже, боже, има пердушки да летаат од нив.