Гасот? Па северен е изграден веќе. (?!) Поправи ако грешам, немам скоро читано. Може на САД не им одговара ова, па испровоцираа. Да прашам што е Украина битна за САД? Европа иначе демек зависна од Русија за гас. Само да не се смеша, гарантирано трета светска ќе не задеси. Се зафатија со НАТО ли аман, толку ќе биде!
Дојдов само да кажам дека нема подеструктивно нешто од човештвото. Никогаш нема да ги разберам луѓето што бираат страна во војна. Кој и да дојде, кој и да е "во право", војните на крај секогаш ќе се завршат со седење на иста маса, а колку фамилии, домови, спомени ќе бидат зацрнети. Нема народ на светот што нешто плус добил од војна, има само поединци кои добиле нешто од војна. Народот, на чија страна и да е е секогаш губитник. И не сфаќам зошто им се потсмевате на луѓето што се исплашени за својата безбедност тука во Македонија. Војна е, нормална реакција е да си исплашен каде и да си во светот. Никој нормален не сака војна, едноставно нормално е да се плашиш за својата безбедност каде и да си, кога во твоја близина има војна и ризик за ескалација. Ние сме народ и со генерациска траума од војни, а и директна траума од војни, така нормално е да се прашаш и да се загрижиш за својата безбедност. Не дека некој одма тука ќе дојде, ама војните секогаш се водат на мали или небитни територии. Нема сигурно да идат на нивна територија да имаат директен судар.
Битна е пошо е убаво навлезена во Русија.Ако влезе Украина у НАТО, ептен ќе се навлезени Не им се ,,битни" Украинците, него територијата
Зошто во Србија? Ако мислиш на тоа Србиве што се маваат во гради браќа со Русите, Русите ги заболе за нив верувај. Они ти се ко Американците само Америка и никој друг, затоа им се смееме колку се глупи дека не знаат ни 5 Европски држави да набројат. Исти се и Русите, познавам девојка беше една година во Русија на размена на студенти, многу од нив не знаеле ништо за Македонија некој само за Александар Велики. Не ни знаеле како звучи македонски јазик, некој мислеле дека е бугарски ( нив ги викаат цигани). Истото се случувало и со српските студенти и српскиот не го распознавале. За нив е само Русија и ништо друго, не се како нас што знаеме како звучи руски, кој им е главен град, кој преседател, премиер... Постарите може знаат за Македонија ама додека била во СФРЈ. Многу малку луѓе знаат за Македонија и Србија таму..
Северен Тек 2 е во прашање. Тој нема да поминува низ Украина вака како што е планиран. На Америка и е многу битна битно да се доближи до Русија и од друга страна. Чисто за мерење кој е појак. Плус на Демократите им е битно обединување (а најдобро е внимание на војна во друга земја да се насочи). Инаку да на Европа и треба руски гас. Никој друг не може барем сега брзо да испорача толку гас (прашан е Катар кој има гас). Америка ќе се офајди многу пошто Европа ќе треба прилично скап гас од Америка да купува, а и тоа нема да биде доволно. Плус Русија и Украина држат 30% од светски пазар на пченица. Има многу работи што се битни. Инаку јас се плашам од војна и тоа многу. Сум преживеала распад на Југославија и конфликт во мојот роден град и ептен ми е страв. Особено со целава конфузија на Балканов.
Сфаќам шо сакаш да кажеш, море у право си.Ама се надевам дека Вучиќ нема да паламуди како нашиве.И дека ќе бидат избегнати. не знам више, збрлавев температура не ми паѓа, се расправам онде за цицки, почна трета Светска, иам добиено, гладна сум више умрев.
Не мислев на територијално. Се надоврзувам на она на Косми со гасоводот, па прашувам од тој аспект. Енергетски им е битна изгледа. Иначе, северниот не е ни пуштен, туку бил во процес на одобрување. Ама Германија го сопрела процесот, реакција на акцијата на Путин. @Cosmi
Многу ме плаши помислата на трета светска војна. Историјата се повторува, пандемија се повторува на одреден временски период, еве минавме низ тоа сега како да е ред за војна... Премногу паничам.
ЕУ бараат од Србија да и стават санкции на Русија. Според целата нивна политика не верувам дека Србија ќе и сврти грб на Русија и секако користат нивни гас и тоа по многу ниска цена. Плус наоружање постојано добиваат од Русија. Така да мислам јасно е со кого се, иако Вучиќ се уште не е официјално излезен на прес.
Џабе паничиш ние и онака 30 години живееме ко да сме у војна и да има војна кај нас ништо посебно нема да се деси. Луѓе и онака ни умираат од вирусов секој ден, а бил вирус, а бомба...
Не сакам да речам но, Украина е блиску до минато. Путин си ги реализира личните анти-нато интереси, а нато молчи. Воведувале “санкции”… Алооо народ ќе изгини во Украина, ама како планирано да беше некој курбан да оди, па за натаму ќе видиме.
Цело време целта беше НИКАКО да не се одобри Северен 2. Изгледа ја чекаа Меркел да замине, за да ја играат оваа партија. Дури не го ,,замрзнаа,, Северен, Бајден џавкаше - ќе има војна. Го замрзнаа Северен- истиот ден,Бајден почна да збори за потребно мировно решение Edit- https://www.bbc.com/news/blogs-echochambers-27403003 што интерес имала Америка (или лично Бајден) во Украина.
Украинската полиција денеска соопшти дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси цела украинска територија. Граничната полиција соопшти дека украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми. Украинскиот министер за одбрана изјави дека некои руски војници биле заробени. Советник на украинскиот претседател претходно изјави дека се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Херсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев. https://mk.tv21.tv/ukrainska-politsija-so-soopshtenie-rusija-dosega-izvrshila-203-napadi/
Мислиш дека останатите држави знаат за Мк? Мислиш дека некој си од Италија, Германија, Норвешка итн ќе се замара за некоја си таму Македонија кај што ништо не функционира ? По шо да не знаат ? А да по корумпираност по тоа да може да не знаат. Тој на врвот не се замара со тој на дното.
Itno da prekine invazijata od Rusijavrz Ukraina. Neka ne stradaat vojnici.civili. Vojnata nosi steta. Neka sednat nekase dogovorat Putin I Zelenski. Dilimatijata da sevrati.Cela ekonomija se poremetuva.n
Леле зашто снимаат вакви работи Ептен е срцепарателно Душа мала Се наежив.. бај д веј ако знае за Косово…ви текнува дека протерувавме руски дипломати? Ај ќути ај Клета уста иам
А не преувеличувате малку? Уште официјално нема војна. Нели ви текнува како сиенен имаше лажно известување уште пред некое време дека Русија нападнала? Овој потег на Русија е само заземање доминантност пред Нато и Европа. Уште ништо реално нема се случено. Не ги разбирам нашите. Уште е рано да се заземаат страни. Нека си стојат неутрални. Далеку подобро, барем додека не се види што ќе следи.
Ехее имало уште за Украина. Проценето е дека имаат најмногу ураниум во Европа. Имаат и многу наоѓалишта на метали, природен гас и слично. Не е ова само Русија нападна за џабе. Големи интереси се во прашање. Криптовалутите се во слободен пад. И тука убаво ќе се офајди некој (тие што се главните) и така. Жално само за народ што ќе страда. И што сите ние ќе страдаме за некој да се наполни со пари и да доминира.