Зарем некој смета дека е добра опција Украина во моментов да влезе итно во НАТО?! Луѓе, сакате да има војна помеѓу двете најголеми поседувачи на нуклеарно оружје? Ја разбирам солидарноста со Украина, и мене ми е премногу жал за народот таму, ама вакво нешто и било кое надворешно мешање би било светска катастрофа како што стојат работите. Ако не еве и Иран нека дојдат нека се вклучат таман, да ја разбиеме планетава за 2 дена и да умреме од радијација во рок од 5 години.
Не читај, за тоа е и таа пропаганда, да се биде бесни, да се поларизира светот, на добри и лоши, а во ова ниедни не се добри, се се тоа игри и интереси, ништо друго. А народ гине, нив уво не ги боли.
https://twitter.com/nexta_tv/status/1497642231284523010?t=UabYQ-mgvItbTLKcZ6ULdA&s=19 Почнува можеби и најопасното сега. Европските држави праќаат масовна воена помош за Украина, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Којзнае што ќе ми донесе утрото.
Не читам. Од себе поаѓам. Појди од себе и ќе видиш дека исто ќе ти е. Најпаметно е да прекинат, најдобро за сите. Ама веќе има жртви и бесот е разгорен. Патем и помошта што им ја праќаат е додатен ветер у леџа...
https://telma.com.mk/2022/02/26/русија-нареди-напад-врз-украина-од-сит/ Реков, ќе им влезат сега целосно. И на крај Медведев кажа, не им значат ништо санкциите, треба да се остварат целите на лидерот.
Ако не се лажам, ние шо сме членка на НАТО ќе се ебеме. Ако НАТО се приклучи, ќе биде екшали војна против сите нејзини членки. Нека ме поправи некој ако грешам.
А да им се троши оружјето не се сомневам дека даваат ветар...ќе дававаат да си трае и трае...бесот кај народот се разгорува постепено, не е тоа од сега. И ги нападнаа и...со што помагаат, бизнисот да им оди? Чии градови и народ ќе биде уништен, на помагачиве или на Украина? Се додека нивниот лидер не каже стоп на борби на туѓи интереси, така ќе си биде, мрачно. Што ќе му е тоа НАТО, еве ајде каде сега...
Сеа за сеа единствено што може да го 'јадеме' е тоа што како членка на НАТО може да добиеме наредба наши војници да се пратат натаму, како и од сите други членки.
Не се разбирам до толку ама мислам дека за ова му беше потребно НАТО. зашто сам не може против Путин . А ова не било од вчера...
Најјаки ми се на Твитер што им пишуваат, борете се, не се предавајте. Иди ти бори се п... мајчина а не да седиш на мобилен да си пискараш.
Ај малку од поинаква перспектива. Нели Русија не напаѓа со целата сила. Зошто би нападнала со цела сила? Нели тогаш ќе стане послаба во самата Русија, и нели ако нападне со се што има во Украина, се става во завидна положба и НАТО може комотно да ја обиколи. Русија не е глупа, не верувам дека би ги искористила сите ресурси, оти тоа ќе ја направи лесна и локализирана мета, за нејзините непријатели. Ама почнувам да верувам дека ја потцени Украина. И утре да падне Киев, сигурна сум дека не очекуваа да издржи повеќе од 24 часа.
Поентата кога велиме светска војна не е дека баш во нашите нацртани граници ќе биде и дека само нас ќе не пукаат или нема да не пукаат. Светска војна подразбира скоро секогаш глад (за смрт од глад збориме), сиромаштија, скоро секогаш болести, уништување на инфраструктурата за вода, струја итн, контаминација на води, радиоактивна контаминација на соседни места. Значи не знам, 100 пати е пишано во темава абе нас кој не гледа, нема да имаме последици и слично. Не луѓе, последици ќе имаме. Ќе имаме и сега, а камо ли не ако ескалира. Господ да ни е на помош, ако навистина се сериозни во намерите да користат хемиско и нуклеарно оружје. А којзнае и какво имаат за кое не сме но свесни дека постои. Оти не е дека не најавија суптилно. Наречете ме паничар, ама ете, јас најсериозно се плашам од поголема ескалација.
Украина е како Балканов за жал, на меѓата меѓу моќните САД и Русија, по договорот ние и тие треба да се неутрални, да не завземаат страна ни САД ни Русија, тампон зона и еве ние и без војна живееме во тампон зона со влади кукли, немој да се лажеш претседателот на Украина е поинаков да е не би дошол на власт.
Путин ги призна Донбас и Луганск за руски територии. Во Донбаск Украинците фрлиле граната која погоди градинка (среќа само повредена учителка). Аутоматски, Украина прва почна.
https://makfax.com.mk/svet/видео-руските-сили-уништиле-брана-во-у/ Крим добија вода... Затоа им се брзаше на Русите да стигнат над Крим. Оти Украина го имаше прекинато протокот на вода за пиење од 2014 наваму.