Да не звучам како дете, ама се потсетувам на деновите кога учев лекции историја. Реченици од типот „Трета светска војна започна со Руската инвазија на Украина“... Веќе со тоа што многу држави почнаа да ја изолираат Русија еве со авионските превози, станува светски. Ми ствара премногу паника се ова.
А бе не знам дали е до мене Кате. Мене ми доаѓа сега да фатам авионот и да заминам некаде, е толку се тресам цел ден.
Знаете дека јавно Русија им се закани и на Финска и Шведска, нели? Ова е клучниот момент за Европа и Америка или ќе потклекне или ќе возврати.
Жално какви ликови коментираат во оваа тема. Да ве потсетам една работа. Далечната 2001-ва година проруската Украина ја вооружуваше македонската армија со тенкови и хеликоптери против терористичките банди на УЧК. Украински браќа летаа рамо до рамо со наши пилоти, но тој “демократски“ англосаксонски свет инсталираше квинслишка влада во Киев и почна масовно да се шири русофобија од страна на грко-унијатите од западот на Украина. Кога ќе видам кој се не денес протестирал против Русија и Путин од ликови ко Бујар Османи и цела багра учки, па до северџански измети и платени новинари, тогаш доволно ми е јасно каква е ситуацијата и чија страна треба да завземам.
https://twitter.com/visegrad24/status/1497689528491991047?t=CfcGlasu8L0zKVJNplqe4w&s=19 Ајдееее, сега сите картици нека им ги блокнат Остави ги без скршена рубља Тргни го златото од секјурити, стави крипто и нека се ебат без скршен денар Киев е под силен оган. Ќе има десетина илјади жртви само вечерва
Сакаш да кажиш Русија преку Украина ни помагала? Јас колку што знам тогаш Русија немаше на продажба оружје за Македонија.
Не читајте глупави западни твитер налози. Се е полно со фалс информации. Руската војска се пробива на сите фронтови и тоа се прави со многу малку цивилни жртви. Украинската војска го фрла своето население во оган, за да се претстават како жртви. За 1-2 дена мислам дека Киев ќе падне во рацете на РФ, а со тоа ќе се оди на преговарање. Санкциите ништо нема да значат за Русија, затоа што тие 8 години се спремаат за ова.
Луѓе воздржете се од споделување на било какви вести од непроверени извори. Неколку пати се напомена дека ова е и војна на лажни вести. За жал, ние обичните граѓани никогаш нема да разбереме дали тенкот кој го прегазил автомобилот бил руски или украински (имаше од двете страни различно инфо) па после некој кажа тука дека е старо видео. Истото и за зградите кои биле бомбардирани. Некои викаат Украина го сторила тоа други викаат Русија. Пак ќе кажам никогаш нема да разбереме што е вистина.
Е што чекале де, кажи ми да ти кажам. Алал и вера на Мери, позната е на Инстаграм, што тргна сама со детето да вози до Македонија, преку Романија, и тоа со недоволно гориво, велеше дека на сите пумпи им даваат по малку гориво, вака така се снајде, живот мил, овие не знам што чекале до последно. На темата, не знам што да речам веќе, се' се кажа, ќе ни ја скројат капата како и да е, а ние сме толку мали општо гледано, во споредба со лудацине што од глава не им излегува војна и кој да спука со помодерно оружје Аман нека ја земат Украина и нека запри лудилово веќе, поарно порано и со помалку жртви, отколку подоцна и со многу жртви и вмешани и други држави...