Така е дечки, сите видеа се уствари од Кол оф Дјути Браво, како ги провали, да си ибеш векот, цел свет го излажаа овие америте. Будаливе упорно ракетираат цивили. Нато и Америте молчат. Остај бате не не брани више е работата. Украина има ресурси, затоа е војнава
Не бе, се нема. Само што неколку стотици километри североисточно од твојот дом фрчат ракети на небото и тенкови возат по улиците на градовите. Само што некаде таму "далеку" луѓе се кријат во визби, подруми, подземни метроа за да спасат жива глава. Само што илјадници Украински автомобили, автобуси и возови веќе се на границите на Словачка и Полска, а уште толку се упатени кон таму за да се евакуираат. Само што родители се поздравуваат со своите синови кои одат да помогнат и да се борат, деца се збогуваат со своите татковци на неодредено, фамилии се разделуваат за барем некои да спаси глава. Само што се срушени населби каде живеат обични луѓе кои утрово требало да одат на работа и во училиште, а место звук на птици ги разбудиле хеликоптери и ракети. Само што има тешко повредени цивили. И само што неколкумина невини луѓе загинаа. Толку.
Уште пред неколку дена имаше "имнциденти" Ама сабајле Путин изврши целосна воена офанзива. Разгледај малку на нет. Или што, и лани во мак Тел Авив не беше нападнат, туку имаше огномети мнад градот
Не е реално?? Буквално гледам како луѓе од дома снимаат како ги напаѓаат и бегаат да се скријат. Горе ахој стави, 203 напади веќе имало.
Америте ја замешаа целава каша. Бајден навиваше за војна. И нив им треба војна. Секогаш се во војна. Така функицонираат. И секогаш е некој друг крив. Буцкаа, буцкаа, буцкаа се додека „лудите“ Европејци и Руси не им се насанкаа на приказната. Сега демек ќе смируваат. Ахам да. И не буцкаат само сега. Скоро 10 години Америте и Русите се буцкаат за Украина. Сега ескалираше буцкањето.
Се додека светот води себична политика, ќе има војни од големи размери. Која е позадината на оваа војна? Судир на светските сили, поводот е само затегнатата ситуација меѓу Русија и Украина. САД само бараше начин да се судри со Русија, а Украина е колатерална штета, како што колатерална штета беа и други земји како Сирија, Либија, Авганистан. Не мислам дека светот може идеално да функционира без војна, некогаш мора да се случи. Ама за оваа војна мислам дека тотално е непотребна. Прво, Русија и Украина имаат многу заедничко, и тоа навистина, не како ние со Бугарија. Мислам дека допрва западот ќе ја почувствува моќта на Путин, од една економска криза до голема економска катастрофа, почнувајќи од енергенсите. Можеше на мирен начин да се реши спорот меѓу Русија и Украина, иако знаеме кој е посилен. Жал ми е за невините цивили, за уништувањето, луѓето да бегаат, каков ужас... Од правен аспект ми е битно дали ќе се почитува меѓународното хуманитарно право, а веќе има прекршувања, цивили и цивилни објекти не смее да се напаѓаат (освен за објектите ако се докаже дека се користат во воени цели). Жалам за тоа, а се надевам дека ќе бидат изведени сите пред лицето на правдата. За Македонија, не можеме да се мешаме, не знам зошто си ствараме дополнителни проблеми.