Не паничете толку. И во Украина има политички хоштапљери и платеници што пишуваат лажни вести. Само пратете го live преносот од Киев, доволно е.
Глупост. Чему потребата кревање на вакви паники со вакви твитови? Па и за синоќа пишуваа дека ќе има засилени напади, бомби, детонации што уште не. Не дека ова до сега што се случува не е страшно ама требаше нели според нив да се случува уште пострашно. Медиумите и мреживе се страшна работа.
Затоа се предвидува Кина да е најбогата држава до 2030…? ако нека бидат, само нека поработат на тоа СИТЕ производи да имаат добар рок на траење а не сами ковид шит И тоа не им чини Ја отрув денес
Кина одамна сака да се ослободи од доларот, задно со Русија и Индија. Веќе 10 години зборат дела не сакаат да тргуваат во долари. Русија чува само 13% од резервите во долари. Само што мораат да тргуваат преку долар... Изгледа и ти си малку скарана со стварите, старо ти е инфото. https://www.google.com/amp/s/amp.th...02/the-us-dollars-hegemony-is-looking-fragile
Да, ќе страда глобалната економија, ама секако е подобра опција (ако смеам така да се изразам), од нуклеарна војна.
Украинската војска распределена помеѓу цивилни објекти, згради, градинки, школи и болници спремни за герилска акција. Колку тажно и жално што во овој напад ќе се искористи цивилното население и ќе страдаат невини жртви. Уште па вчера беше забрането од страна на украинските власти да се маркираат крововите на цивилните објекти кои почнаа да ги маркираат граѓаните за да не бидат гаѓани. Истото се случуваше и во Сараево за време на неговата опсада каде што се користеше герилска стратегија на војување и користење на цивилите како жив штит. Истата тактика се користеше и 2001 од страна на УЧК каде што се криеа позади цивилното население и ги користеа невини жени, деца... Во Сараево дури сега се дозна дека една од клучните бомби која падна на пазарот и усмрти околу 70 цивили чинам тогаш дека била испукана од страна на босанските трупи, а не на српските. Ама кому беше битно тогаш кога тоа беше клучното за финализирање на војната и добивање на договорот. Впрочем и Србите истата тактика ја користеа 1999 кога со жив штит се бранеа од страна на НАТО бомбардирањето и 2000 цивили ги загубија животите, за жал. Секако, тогаш немаше никакво судење, пошто кој ќе суди? Кадија те тужи, кадија те суди. А можеше ова да заврши вчера и да се избегнат сите можни жртви кои настанаа кога беше прифатена средбата и од страна на Зеленски и од страна на Путин. Местоположбата за договарање ама воопшто не беше битна што се повлекоа од можната средба, туку тоа што Зеленски беше повикан од НАТО и испеан убаво да не преговара туку да оди до крај со новодобиеното оружје и герилска битка каде што ќе гинат цивили. Добро позната гнасна тактика која во многу војни била употребувана до сега. Секако, никому не му е гајле за цивилите, туку за придобивките од една оваква крвава војна, колку трае подолго толку повеќе му одговара на САД. Иако исходот е познат од ден 1. Нека заврши побрзо лудилово.
Зошто Украинциве користат жив штит од цивили??! Гледав српски вести Путин се обраќаше со апел до Украина да не користат жив штит од жени и деца туку да излезе војската да војува. Инаку Србија остана неутрална зошто има корист од Русија за оружје. Србија после ова се спрема за Косово, а тоа е пострашно за нас...
Една професорка, што ми беше ментор, минатиот семестар, малце чудна беше и го направи следниот муабет во врска со короната. Вика, ова е биолошка војна што ја спремале уште во 2009, но поради не знам кои причини започнала сега, а не тогаш. Јас и колегата само си ќутевме на муабетот пошо не знаевме што да кажеме и некако чудно ни падна, само се погледнавме, како што е со муабетов. Ништо што се случува не е случајно, очигледно.
Tocno za valutite taka e, vrzani se, megjutoa Kina nesto napravila 2018 pa, poslednite padovi na dolarot dodeka se izbra pretsedatel vo USA nivnata valuta mi se cini bese stabilna. Kina e ekonomija koja kje go prevesla toa, nekolku pati gu preveslaa amerikancite, ne ednas, a za nas da, nie kako bi se spravile ne znam
За да излезе Украина "жртва", а сама не е свесна дека е мамка. Обичниот народ толку ли не може да процени дека се намерно втурнати измеѓу.
Харков под најсилно гранатирање до сега https://twitter.com/nexta_tv/status/1497706175969775618?t=D9SLkkcnWfu7bDiOlRLeDA&s=19
Немаат избор. Се наоѓаат помеѓу две војски и мора да слушаат дирекции од страна на својата војска. И вчера пробаа некои да маркираат кровови за да не бидат бомбардирани, ама украинската армија ги спречи. А ако не слушаш воени одлуки, тогаш си дезертер и работиш против својата држава. А на таквите се знае што им следува... Жално. Многу жално.
Да гледав обраќање лично од Путин пренесувано каде вика дека целта не се цивили и да не се користат како штит, туку војската да излезе да се бори. Не се знае кој е полуд тука...Зелински или Путин...
Секогаш се има избор. Ако е сложен цел народ и се изјасни дека не планираат да стојат измеѓу двете сили и те како ќе биде добра подлога за преговори.