Во право си. Само не знам како спие ноќе, знаејќи дека започна војна. Видов нешто да на претходните постови. Ама пак ќе кажам неможе тој да одлучува за друга држава што и како ќе постапува. Тогаш одлуки што ги носи Русија, а и сметаат на Украина, и Украина треба да си зема право да му диктира и да му се меша. Ама тоа е никогаш ќе нема разбирачка со таквите како Путин. Жално само за обичниот народ што најмногу страда и трпи.
Со ова што Путин кажува каде да се одржат преговорите само докажува уште еднаш дека само сака да си го мери. Суета е у питање. Очигледно сака што повеќе да осети моќ над нив. И сосема ги подржувам што се бунат. Да, точно, на цел свет ова не му одговара, но реално сега во моментов се работи за- на колку ниско ниво ќе ја клекнат Украина. И нормално дека нема да дозволат некој да им к*ња по интегритетот. Просто кажано-се ги сфаќам Украинците.
Абе и ја ги сфаќам зошто не сакаат во Белорусија ,само мислам дека не се во позиција да бираат . Нивен народ гине нивна држава се разрушува.
Де, кој разбира повеќе од мене да потврди. Дали тоа ги лажат русите на вести дека "само се војува во Донбас" за одбрана на населението и дека во остатокот од Украина има нешто како цивилна војна, дека украинците сакале да бидат ослободени од русите. Да не замарам колеги бугари ми е...
Со други зборови, ќе трае. Па и кога ќе седнат на преговарачка, мислам дека ќе се постават услови кои ќе биде невозможно да се прифатат. Рецимо она на враќање на НАТО составот од 1997 или кога и да беше.
Сите ги сфаќаме Украинците Лили. Поентата е што почнувам да мислам дека на цел свет (на властите) уствари ова им одговара и од тоа и се плашам. Зошто да на одговараше, да требаше ова лесно да се заврши, верувам дека досега приморани ќе беа да се договорат од меѓународниот фактор, како и во безброј други случаи досега. Тоа што ме плаши е дека се оди свесно на дополнително разгорување на ситуацијата. Ама пак ќе речам, мене анксот ми е на најјако сега, не знам ни сама дали разумно размислувам. А и да размислувам разумно која сврха кога светот е луд
Од каде тоа дека му прдало затоа што така сака? Вие читате ли што прават украинците врз руското население во Крим, Доњецк, Лугањск..
Ама нели нивна земја се праи сол и нивни луѓе гинат исто така. Супер е интегритетот ама ко ќе ти се запали куќата гасиш пожар или чекаш да прегори сам? Ете тоа не сфаќам. Во однос на пожарот, ЕУ секој ден праќа нови пратки оружје на Украина. Мора да гори
Нивна куќа гори и бесот во нив гори. Ако се предадат губат. И вака губат. Секако губат Биљо. Барем јас така ја разбирам ситуацијава. Сигурно моментално не мисли Украина-е ај да прекинеме зашо у Македонија пченицата ќе е сто ден. Мое мислење е дека ако продолжи ова, сигурно нема да изгубат. Не барем државата.
Иначе мислам дека Зеленски прво и основно шо требаше да напраи, е масовна евакуација на народот Организирање авиони, автобуси, хелихоптери што год.За да не гине народот вака ко @Ahoy шо постираше. Не може цела Украина одеднаш да се испразни, али најкритичните места да.