Да прочитав и тоа, ама Русите тоа изјавиле. Зеленски негира вика не во Белорусија. Чудни ми се и неговите изјави да бидам најискрена. Некако се покажаа голем дел со доста дезинформации. А од друга страна другиве не се некој симбол на транспарентност така да не знам што се случува.
Зеленски e марионета и слуша што ќе му кажат од Запад. Ако му речат да преговара, ќе преговара. Ако му речат да се бори до последен човек, ќе се бори. За него секако нема излез од ситуацијава и го знае тоа. Така да, преговори ќе има само тогаш кога Запад ќе прифати да преговара. А на САД им одговара што е можно подолга војна. Затоа и го снабдуваат со оружје.
Абе не зборам сега за пченицата. Можеби нема да ја изгубат државата како форма, ама како содржина. Иначе они немаат проблем, ни едните ни другите, ништо не им значи колку луѓе таму живеат и како живеат, битно е да се на власт, тоа јасно ми е.
Да престане да праќа оружје и да притиска за прекин на огнот и што поскоро договор. Ништо повеќе од ова. Ама картите вака наместени, веројатно не им одговараат.
Ако не праќа оружје а тие се борат, значи дека не помага, ако праќа пак не чини. Не е Украина во НАТО, не се во ЕУ, ова е се што може да направи. Да можело фино да се разговара со Путин лесно ќе било ама не е. Не можат ни Русија да ја нападнат заради нечленка во НАТО плус Русија не е Србија. Трета светска ќе е. Или Украина ќе гори или светот.
Епа Лиано, ни кажаа деновиве, сите мора да си го платиме делот за нашата ,,безбедност,, нема сега да штедиме на оружје и да плачеме колку е скап лебот. Ќе стегнеме заби, јбг.
Затоа доживотно ќе ги колнам сите Мислам ситуацијава, кај многу од нас ќе смени перцепција за многу работи Да ти се намочам и на ЕУ и на НАТО, за онакво нѝ се. Ради тоа НАТО еве до што дое. Уште не сфаќам која му беше потребата.Иначе и Зеленски мислам го сака ова, или така му вика удренион белокосец Можеше уште вчера завчера, да му каже на Путин ајде да преговараме доста е, а он бара помош од ЕУ и други држави да праќаат оружја и луѓе, со што, сѐ ова повеќе ќе трае логично.Ќе има кој да се бори. Ако се истрошат ресурсите на Украина, ќе мора да капитулира или да се спогоди, очигледно не сака.Шо плаче тогаш како лигле некое. А и она, 5 долари за мртов Руски војнил, 10$ за жив, како и да беше.Е исто толку гадно како убивањето цивили од страна на Русија.Па не се у аквариум бе
ЕУ ја поддржува Украина и ја турка во војна. Со самото тоа што праќа оружје е веќе вмешана. И бутка кон трета светска. Да не помага (со оружје) Украина ќе капитулира и војната ќе заврши. Патем, оружје не е помош, туку е пролонгирана капитулација со катастрофален број жртви. За хуманитарна помош треба да правиме муабет и помош од ЕУ за решавање на спорот. А не да броиме тенкови. Е*ати помошта!
Блазе им на американците. Не за џабе се "ветената земја". Не знаат што е в од војна а се секогаш (ин)директно инволвирани во истата. Благе везе немаат шо се дешава во Украина а и гајле им е. Сега видоа колку е саат со Бајден па го проколнуват денот кога гласале за него. Мерка единица за затупен народ.
Се знае кој треба да одлучи дали Украина ќе се предаде. Ако одлучиле да се борат, им праќаш оружје, тоа е. Плус санкции кон Русија и разговори со Путин, што друго? Да му ветат дека ќе ја добие секоја држава што ја сака само да престане да војува? Не е ова Мк да ја фатиш за уши и да и кажеш што треба да направи. Русија е свесна за последиците ама не се откажува...и?
ЕУ требаше да сфати дека не смееше да дозволи војна на европско тло во малтене нејзин двор за судар на сили чие економско девалвирање на ЕУ им одговара. Потфрли ЕУ секако. Сега ЕУ секако ќе изгуби од ситуацијава во најмала рака економски. Знаеја кон што води, како што "решија" многу други конфликти досега, можеа и овој. Ми делуваат изгубено и притиснато.
Ништо! Го играме орото други што го свират. Војната од некои причини, апсолутно им одговара да не заврши.
Овие нашиве колку касна..ко Internet Explorer се Кај читате вести кажете, ја вртам денес на BBC и CNN.Иам и Твитер ама слабо се снаоѓам Треба сите да го фоловнам или ќе ми искочат како моуст актив?