Па и ние да не се браневме 2001ва и да не потпишавме договор а мир а? Што сте смешни. Victim blaming ви е пуштено на најјако. Што не фати Путин да си ги пренесе преку граница, да ги смести во Русија, преголема територија имаат. Ама... ВОЈНА СЕ ВОДИ ЗА ТЕРИТОРИИ, НЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Колкави загуби претрпе руската армија? Можеа русите од Донбас да ги преселат сите за пола парите. Ама најден е извор на природен гас во Украина. Затоа скокна Путин. Му е гајле него за народот
Rusive dosle na pregivora no Zelenski ja odbiva ponudata? Sto se fatile Rusive bas za belurusija? Aman neka sednat na masa bpnegde aziski drzav,japonija,Hong Kong tie se mirni bezbednidrzavi .Imaat li diplomati?m
Ако ги евакуираше зад кој ќе се криеше во зградите? Упорно запад го турка во самоубиство. Вчера само што се слушна екслозија во магацините со гориво икраинските твитови скокнаа дека русите им ги погодиле... Истите тие твитерџии досега имаа 90% фејк вести. А другите истиот момент излегоа и рекоа дека немас интерес да ги запалат магацините, украинците сами си го сторија тоа за да не ги дадат во Руски раце. На кој да веруваш...
А нели имаат полициски? Како шетаат? Или ко нас овие малце е језиво лајвови што прават..на лице место да гледаме крвопролевање @ушко секоја вистина има две страни.. Шо да кажам веќе не знам.На никој не му иде у прилог да ја дигнат у воздух, пошо прво они ќе се угушат од честичките.Освен ако не носат гас маски у моментот.Колкав облак се дигна, језа ме фати Баш бев као ,,ау фак”
По распаѓањето на СССР, Украина од јака република, појака дури и од руската,станува сиромашна и слаба,благодарение на Англо Саксонците кои владеат со неа.Ова е оддамна испланирано , народот не се ни прашува. А, вистината е дека само мал дел од украинскиот народ е вистински прозападно ориентиран и покрај огромната медиумска пропаганда....за поголемиот дел Путин е ослободител, иако во овој момент, поради големата количина на лаги, не делува така. Поголемиот дел од светот и не знае дека оваа војна трае веќе осум години и дека во неа има украински цивилни жртви,кои ја молеа Русија за помош. Русија досега материјално ги помагаше своите сонародници, додека Америка ги финансираше единствено своите платеници кои се на власт. Така да...доста е веќе американски терор над милиони луѓе.
Па тоа и се деси, не дека не праша некој. Ние реално не се ни браневме во 2001. Да се браневме, ќе се одбраневме. Ние немавме одврзани раце, туку приморани бевме на "мировен" договор. Како и многу други војни во светов после втора светска што се завршиле. Нема врска со victim blaming, сите знаеме што е фер. Ама светот не е фер, светот не се базира на идеали и човечност. И затоа сме загрижени дека веќе отидено е предалеку и дека секое продолжување на војнава ќе има далекусежни последици. И по Украина и по светот. Украина како Украина секогаш ќе биде тампон зона меѓу западот и истокот. Текот на оваа војна нема ни врска со Украина како земја, ни па нивниот живот (на обичниот човек) зависи од исходот. Украина секако ќе биде вазал, само прашање е на кого. Да не се залажуваме дека би било поинаку. Сите знаеме дека не е фер, сите знаеме што е фер, ама светот едноставно не е таков.
Оф леле! Кој го рече тоа? Украина се брани и ќе се брани. Има валидно право на тоа. Ама резултатот е еден, капитулација. Дали сега, дали подоцна, ќе одлучат други. Ако се лажеме, тогаш ЕУ е светото тројство кое е против војна. 2001 потпишавме капитулација и се браневме, без да смееме да се браниме. Украина се бодри и помага за спротивното, затоа ќе броиме и жртви. Уел, ќе беше можеби смешно, да не беше трагично!
Место интермецо, интервју со Ноам Чомски како Гандалф, од пред 2 недели. На тема Украина, со малку историски лекции, почнува околу 11 минута Спојлер: видео
Кога бев на факултет имавме средба со една Европска компанија за развој на AI. Предавачот, Французин, менаџер на висока функција, кога правеше споредба за колку е развиена AI и како ќе се развива во иднина, користеше интелегенција на разни суштества. Мравки (инсекти), цицачи, глувци, мајмуни, човеколики мајмуни, бебе на 2 годинки, дете на 5 годинки, просечен Американец, па кажуваше други народности, па го стави просечниот Индиец. Сите се изнасмеавме прво на аналогијата, па човекот почна да ни објаснува дека разликата во интелигенцијата на просечен Американец и просечен Индиец е толку голема што имаат посебна скалила за развој и усовршување на AI. Кажуваше и процентуално колку поголема интелигенција имаат Индијците од Американците ама сега не се сеќавам. Едни од најпаметните народи се иначе. Така да твојата мерка единица за затупен народ не е далеку од вистината. Затоа и ги даваат сите поволности за да го привлечат најпаметниот кадар од цел свет, кој брои 1% и управува со се.
Па ги повлече Путин сите жени, деца и цивили од Донбас пред да почне војната. Не го остави својот народ да биде жив штит и да гине при можен артилериски напад од страна на Мариупол. Значи му е гајле за неговиот народ. И ние се боревме 2001 против шака терористи, додека не ни стави НАТО ултиматум на маса да потпишеме капитулација. Си ја свиткавме опашката и се предадовме. Така да, и ова не ти е точно. Војнава нема врска со гас. Многу глупости истресе на темава. Некако како да си скарана со фактите и логиката.
Пролонгирање на војната турка само Америка и Велика Британија. Кога ќе "падне" Украина, паѓа и нивниот примат во светското влијание. Тие ја губат војната. Затоа грчевито држат до тоа да не дојде до пад на украинската власт. На Европа никако не и одговара војнава, ама мислам дека не знаеја или не сакаа да видат некои работи, сепак по Втората светска се под постојано влијание од САД, и не им е лесно преку ноќ да ги променат гледиштата и ставовите. Уште се во шок. Ама ќе мораат, ако сакаат да преживеат економски. Може Европа без САД, ама не може без она што и го пружа евроазиски континент: гас, нафта, трговија, економска соработка со овој дел од континентот. Без сето ова, ако самите си стават "железна завеса" кон Истокот, нема долго да издржат. И затоа Европа мора да се разбуди. А кога ќе заврши ова во Украина, кога ќе слегне прашината и ќе се смират страстите, Русите и Украинците ќе си најдат начин да си функционираат еден покрај друг. Сигурна сум дека нема да останат непријателски настроени, сепак се блиски, поврзани на милион начини.
Нека ми прости Господ ама овој памет нема..на таква експлозија место џомка да фати, он снима Абе ќе се угушиш