Што знам. Некои далеку попаметни од нас го кажуваат тоа. Плус, доста ЦЕО-а и Сениор менаџери во компаниите се Индијци. Од мое искуство, кога не сме знаеле да решиме некој проблем на работа, сме аутсорсирале на Индијци и Пакистанци. Ем ќе завршат работа за кило кикирики, ем знаат како да завршат. Фала им и за сите туторијали на интернет кои мораше да ги слушам со тој нивниот никаков акцент. Ама да не беа они, немаше да дипломираме.
Знам.Ама разликата е што Украина територијални навлегува во Русија.Не е како ние што сме заобиколени со комшииве. Него ѝ влегвит За овој момент зборам
Затоа што се билион и триста, нормално е секаде да ги има. Но да беа стварно колективно толку паметни, ќе ги имаше многу повеќе на битни функции.
Па ти рече не требало да се борат, секако ќе капитулирале. И ние секако капитулиравме. Значи џабе се борат сите Ауу, дај да фатиме и ние природен гас да произведуваме, како марихуаната што се произведува. Пластеници за природен гас А зошто цели да ја окупира територијата со природен гас + Чернобил? Ајде еве ти како најпросветлен и најподдржувач на Путин и неговата агресија кон Украина, ЕДУЦИРАЈ НЕ, ОТИ НИЕ ГЛУПОСТИ СМЕ ТРЕСКАЛЕ
Чоек Коа велам си произведува мислам си го вади од земја и го користи. Не се фаќај ко баба за стап. Русија има повеќе од доволно гас за наредните неколку стотина илјади години.
Погрешни аналогии имаш ради искуството. Мислам можеби ако нешто не сте знаеле, ќе се најде некој, ама ако нешто треба да се заврши сега, веднаш, уф, само молитви на Кришна, па или ќе биде или нема да биде... нема везе, оф топик .
Чернобил го завземаа и го држат под посебна стража од можноста за ракетен напад на реакторот со што ќе се случи хаварија од епски размери, ќе се разлее радијација по воздухот и ќе биде лошо за сите. На темава никој не го поддржува Путин и сите се изјаснивме дека сме против војна и против Русија. Освен тој еден што дркаше на секој успех на Русите. Јас уште во првиот пост се изјаснив дека сум против и ја поддржувам Украина. За разлика од нас неутралните кои зборуваме со факти и докази, следиме тек на војната и причинско - последичните работи, ти јасно и гласно се изјасни дека си за Нато, Сад и Бајден. Па овака да те прашам како се чувствуваш како поддржувач на сојуз кој војуваше против твојата земја и убиваше македонски чеда? И секако дека тресеш глупости. Хехенца муабетиве што ги правиш овде ни пред кооперација не поминуваат. Бар земи ко другиве шири западна пропаганда од твитер, по релевантна ќе си.
Ај цитирај ме каде поточно. Еве се пречитувам и не гледам каде сум пишала да не се борат. Иначе да, џабе се борат. Пошо текот друг го трасира. Никогаш нема да поддржам војна за туѓи интереси, особено кога се работи за млади животи, чија иднина сега треба да почне. Кажав на кој начин е соодветна помош од ЕУ. Сакала јас или не, капитулација ќе има. Колку порано, толку подобро е, оти ќе се поштедат многу животи. Вака како пишувате, ко да не сакате да заврши. Не знам дали сте свесни за можните ескалации надвор од Украински граници.
Затоа што пример Киев и Москва се оддалечени само 11 часа, а Харков и Москва 10. Ако е НАТО во Украина, замисли колку брзо, ако им здува да ја нападнат Русија, ќе може да го направат тоа. А и, што читав, уште во 2014 кога почна сѐ, мислам дека Путин сака, да ја припои Украинс со Русија, или бар да ја земе под свое и да направи големс Руска држава, као шо браќава сакаат Голема Албанија и го праат тоа..истото е Само никој не збори за тоа нам што нѝ се дешава.А за Украина се ставаат сториња, се праќаат пари, се ставаат санкции и не знам таму ти што.А Македонците сме граѓани од ВТОР ред Е затоа ми се плаче
Во некои области ги има премногу на битни функции а под битни функции подразбирам наука и технологија а не политика. Погледнете ги само листите на светскте олимпијади во област на науките. Или се индијци или се корејци, јапонци, кинези. Макар и под американско знаме. Голем дел од тие билион и триста немаат пристап до соодветно образование.
Не ти си ми врв у дискусијава и розово у сивилово дефинитивно.Да си жива и здрава. Како се развива ситуацијава така и нејзиново самоспознавање и запознавање на светот ни во сета неговата моментална состојба,прашања,потпрашања колку пати само ме насмеа Младост лудост. Бар се труди да се запознае со ситуацијата,за разлика од други кои само едно едно еднодимензионално повтараат ко папагаји само без длабоко познавање на ситуацијата.
Гледано од моја перспектива би било подобро и побезболно за сите ако Украина капитулира во рацете на нивните браќа и сестри. Иако знам дека историски не е толку едноставно. Не само ради територијалниот спор со Крим. Тоа е само мамка, површина. Секој искусен геополитичар ќе ви каже дека ова не е борба за територија. Нејсе, Русија нема ништо лошо да му направи на Украинскиот народ, и стварно не гледам проблем во еден ваков сојуз. Повеќе гледам проблем во потребата Украина да се прави жртва во ситуацијата, иако тоа не е. Повеќе гледам проблем во корумпираноста на Зеленски. Тука треба да се бара коренот на проблемот. Не е ниту Русија жртва, да се разбереме! Двете држави се паралелно влезени во улога на стресор и агресор. Едната моментално посилна, другата послаба. Што историски не беше секогаш така, ви пишав и вчера. Киев порано беше главен одлучувачки столб за сите меѓународни и политички прашања. Врховни одлуки и тајни беа носени преку него за цела СССР, и Русија им јадеше од раце. Ама како бива тоа низ историјата, бубачката секогаш доаѓа од надвор, никогаш од внатрешноста, па многу лесно го руши она што е создадено како кула од карти. Мене лично многу ме боли кога гледам млади луѓе што не ја познаваат историјата, или едноставно немаат капацитет за рационално размислување. Не знаат ни зошто излегуваат на протести, не знаат кој ни е непријател, ниту од каде доаѓа опасноста. И не е проблемот во про - западните вредности сега, зошто сите овде кои имаме до 45 години сме малтене задоени со истите, додека разликата е само во временската рамка на индоктринација. Сите го имаме испушено лулето на Западот. Токсична храна, вода, шминки, отрови, хемии, ставови, размислувања. Отруени сме многу долго време, затоа и немаме критичка маса, особено меѓу младата популација што е шмрц, тужно.
Ете сега и нашиве го забраниле воздушниот простор за Руските авиони.. Сето ова може само пропаст да ни донесе на нашава гревна државичка.. Што да кажам. Тој што очекува нато или Америка да не брани тешко се зае*ал.
Тоа е само, како да кажам, декларативно Ние немаме ни можност да спречиме авиони да летаат над наше небо како другите земји, ни па има некој интерес да лета над нас најчесто Пресмешни се нашиве со терањето на филмот дека нешто битни се боже ме сачувај.
Еве ти, прочитај си. Ама пак ќе има не мислев такако што звучи https://www.worldometers.info/gas/russia-natural-gas/ Кхм кхм Според Били, Путин и неговите антифашисти појдоа во Украина да го спасат Чернобил, милите тие спасители на универзумот Да не беа тие, ќе пукнеше Чернобил и ќе умреше планетата Земја. Ама нели сега го спасија русите, затоа сме живи. Слава Путину!!! Нато не војуваше против мојата држава. Ако имаш докази, поднеси им тужба во меѓународен суд и осуди ги. И никаде не реков дека поддржувам нато напади. Најди ми и цитирај, еве Малерозна вика дека треба Нато да се бори во Украина. Твое мислење е дека тресам глупости. Ти се палиш на Путин, јас го презирам. Како што ги презирам сите агресори кои убиваат цивилно население
Украина имала природен гас и затоа Русија се дала у Војна. Јesus fucking Christ. Дајте од тоа психотрoпното, време е да се подрогирам пред да скинам конци.