Јас едно знам. Ја настрвија Украина да сака да влезе во НАТО, а уште на времето на Горбачов имаше договор Русија со Америка да нема влез на држави од источна европа во НАТО!! И сега Русите се држат за тоа. Америка и ЕУ го насскаа комедијантов Зеленски, ама сега ги нема. Нема НАТО, нема ЕУ, Турција нема да затвори Црно море за Русија. Заради глупоста и неспособноста на Зеленски (за кој се зборува дека не е ни во Киев туки во друг град на сигурно, зашто ако беше во Киев до сега ќе го скинеа и оние видеа се снимени претходно за време на војни вежби само за пропаганда), луѓе умираат, се раселуваат, напуштаат се што имаат. Е тоа направи глупавиот !!
Не значи ништо тоа. Што ако ни беше отворено небото, кога сите околу нас забранија руски летови над нивните. Нема да може Руските авиони да се телепортираат Белград па да летаат само меѓу Мк и Ср Секако до вечер изгледа на Европска територија уште Србија ќе остане со отворено небо за Русите.
Абе ако сакаат реално може над цел Балкан да летаат, како ќе ги спречат? Да не имаат ракетни системи за собрување случајно?? Туку нешто си придаваат на важност. Кај нас системите за следење дали работат правилно уопште, па не друго.
За да дојдат до нас треба да влезат во воздушен простор на други земји кои им забранија. Авионите не се телепортираат од една на друга територија.
Не си придаваме значење. Мора да има единство. Во НАТО сме. Крај. Зеленски прифати да се сретне со Путин во Белорусија. Така јавуваат Руски медиуми.
Се' се приметува. Нашите воздушни контроли прво можат да рапортираат, ако не се лажам до IATA. Понатака, воздушниот сообраќај се следи и сателитски, така што се останува регистрирано и забележано. Ова онака, лаички. Ќе ја пингам @Kanya ако сака да објасни, бидејќи е во авијација ако не се лажам.
Па дали се читаш што пишуваш, имало договор од пред 30+ години. Тоа е исто ко договорените бракови, се договориле твоите пред 20 години ко си се родила дека ќе те дадат за некој, и сега ти немаш право да се буниш. Ако се буниш, ќотек до посерување, оти која си ти сама да одлучуваш за себе Украинците имаат право да одлучат, ако се глупави, тие ќе страдаат. Тие си прострадале од браќата руси и сега друго бираат. Не ми се верува, 21ви век, млади образовани луѓе така да размислуваат Вашите да решеле ко пораснете да сте овчари, да немавте шанса да се едуцирате и малку да прошетате, да видам како размислвавте Се фативте за Лев Тахор да ги браните, а сега? Господи боже и сите светци и на небо и на земја...
Не ме интересира никаква историја зашто овде не се работи за историја. Да бидеме реални кој к** бара нато (Америка) да се меша во Европа??.. Као влезете у нато (подмолно Америка) и ќе бидете заштитени (видовме ништо од тоа).. Нека си ја гледаат Америка таму и нека не се мешаат у Европа, Азија итн.. секаде сакаат да бидат главни. Зашто колку што знам Америка ретко кој ја нападнал или им се смешал у нешто. После Русија вака, Путин онака.. (не ги бранам и друга држава да беше против америка исто ќе размислував) го напраија човекот втор Хитлер. Али ако нека им се спротистави на сите колку има сила до Крај! Единствено додека беше Трамп имаше некаков мир затоа и го симнаа од тронот. Сепак ке бидам црната овца која размислува поинаку. А Украина е само како "човек" пуштен од Америка да го разгори огнот и ништо повеќе. Затоа нели де мора некој да биде крив само никако не смее да биде тоа Америка. "тие се светци па ајде ќе ги праиме другите лоши во човековото око"
Повели: Битката во Арачиново е оружено судирање и борба помеѓу македонските безбедносни сили составени од АРМ и МВР и албанските терористи на ОНА во селото Арачиново која се случила од 21 јуни 2001 до 25 јуни 2001 година[2]. Оваа битка помеѓу македонските безбедносни сили и албанските терористи се смета како најконтроверзна во целиот Воен конфликт во Македонија, 2001, бидејќи со вклучувањето на највисоките претставници на НАТО: Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Питер Фејт во запирањето на акцијата на македонските сили и извлекувањето на албанските терористи, се случил клучниот пресврт во воената криза кој значел дека таа понатаму ќе биде разрешена со политички средства и посредство на НАТО, наместо со воени средства. Си ги извлекуваа инструкторите, командантите и војниците на САД од Арачиново со автобуси. За после 20 години да слушаме овакви изјави: "Пендаровски за Фокус: Луѓето забораваат дека НАТО ни ја спаси државата во 2001" Единствено ти и нашиов претседател може да изјави оваква глупост. Ај бар знаеме зошто он изјавува. Ама зошто изјавуваш ти? Дали од неукост, или од нешто друго? Како можеше оваква контрадикторност да напишеш? Срамота е ова.
Абе не мислам буквално, нешто не ме сфаќате Како да ти кажам, некако го постирате тука ко да е некоја важна одлука или поддршка, а во суштина е телефонски повик ќе изјавите тоа и тоа. Тотално небитно е. И отворен и затворен, нашиот простор ништо не мења. Мењаше за бомбардирање на Србија, тогаш само ние и Грција од цел Балкан го отворивме. Ете таква вукојебина сме. Мора да сфатите дека на нашиве политиката не е некоја смислена стратешка политика, туку дека сме под кирија па како ќе ни кажат така. Во меѓувреме немаме никаква воена инфраструктура, буквално една ракета може да не онеспособи ко држава.
Па што не кажа порано, имало договор од пред 100 и нешто години и сега демек Солун не е наш. Мај ес. Другари, јуриш на Солун!!!
Plus paradoks hahha Rusija vojnata ne ja imeniva kako vojna tuku kako specijlana operacija hahha i nasive portali lele bg minister ne smeel da kaze vojna, Putin taka kazal habah ami sto bese toa vo Makedonija ooo vooruzen konflikt hahha ne spasi Nateto hahha ne be ne ja biva ova, da gi esapese nekoj sto objavuvaat arno, vaka sme burleska, sto bi rekol Osmani "ne dramete, nie kje resime" hahaha na koe deredze sme of of ne mozam od od tel da ja postiram pesnata od Dubioza "Ovo himna je generacije, zivimo od sekiracije" ama cista vistina. Ubav den forumdzii
Факт е дека Русија не влегува и се бори за територијални претензии, туку Русија "најде" нешто. Украина оддамна има гас. Ама Русите не го чуваат Чернобил заради опасност. Дали тоа се биолошки лабаратории, не знам. Има и Чернобил врска. Што и како, веројатно нема да дознаеме.