Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Ако може @nena2010 да ни потврди :)

    :o

    Screenshot_20220227-165224_Twitter.jpg
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    126.582
    Пол:
    Женски
    Eve video od Guardian pred mesec dena za soatojbata kaj Doneck i Lugansk..
     
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    А шо е муабетов со украинки облечени во воена облека со пушки, а нашминкани, пицосани, џоа на холивудски филм се? Ми нема логика!
     
    На cresa-jagoda, daylight, Peanut Butter и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Убави да се у секој момент сакаат :wasntme:
    Ако им дошло до шминкање, алал вера
     
    На cresa-jagoda и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Машки
    Зошто не ги подржувате Народните Републики Доњецк и Луханск? Судбината на овие републики е иста како Косово. САД ги бомбардираше Србија заради "геноцид".

    Русија испрати миротворни трупи за подршка на овие региони поради "терор" врз руското население.
     
  6. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Ни со 3 % војска не е отидел во Украина.
    Незнам што се подразбира под дебакл. Ако сакаше можеше од преку граница да ја направи цела Украина гробница.
    Избегава герилска војна.
    Во неа има многу настрадани цивили секогаш.
     
    На Feminka22, Konfetka, quattro и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    184.397
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1645977406499.jpg

    Искрено се надевам дека не грешам, ама верувам дека Путлер го мава параноја. Па за да стаса да се заканува со нуклеарка, значи дека губи на сите фронтови.
    А дека би искористил нуклеарка не верувам. Па Москва е толку многу блиску до Украина, башка ниту самиот тој нема да е поштеден.

    Многу ми е жал и за русите. Народот секако е недолжен да трпи санкции поради ментален лидер.
     
    На senjorita-v, Stephen Amell и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.543
    Допаѓања:
    20.203
    Пол:
    Женски
    Многу точно! Мислам дека не се ни свесни како може Русија да ја избрише Украина од мапа. Избегава герилска веројатно ради цивилното население. Да беше НАТО на пример, до сеа може и нуклеарка ќе леташе. Шо знам.
     
    На Ivan4e04, Konfetka, Feminka22 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Нато.... Нато...ете кога ќе излезат масовните гробници во Доњецк ако е вистина тоа.
    Се прашувам кој ќе е крив?
    Бајден... Путин... Нато? Украинскиот кловн?
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.681
    Допаѓања:
    126.582
    Пол:
    Женски
    Na turskite kanali NTV i CNNturk kade sto 24/7 se sledi sostojbata na ukraina ne e spomnato nisto. Sega se izvestuva za sredbata na Zelenski-Putin. Licno ne veruvam deka Erdo bi zatvoril crno more..
     
    На Billy Idol, Tajnaotrovna и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.057
    Се уште мислете дека Путин е поразен, дека ќе се повлече? Која војна ја изгуби, која војска, онаа од 3 %?
    Тактизира. А и санкциите му се пресметани.
    Она од кое сите се плашат, он јавно се заканува. Ќе испука нуклеарка и ич око нема да му трепне.
    Украина нека се договора, оти колку повеќе одолговлекува, толку полошо е за светот. А Путин не си оди.
     
    На Ivan4e04, Erika.greeneyes, Ouravanture и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Како да не, го заболе за цивилите.
    Со герилска ќе биде збришан од власт, затоа избегава. За себе.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.397
    Допаѓања:
    260.057
    Ахој, сериозно? Кој ќе го збрише?
    Човекот не се плаши, луд е, ќе победи по секоја цена.
     
    На Konfetka, Feminka22, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.543
    Допаѓања:
    20.203
    Пол:
    Женски
    Сега ми е неебитно да ти кажам искрено кој е крив. Сакам само да заврши.
    Подобро информирај се што е герилска војна и да видиш кој ќе биде избришан. Директна пресметка во контролирана група, војници. А не локално население и останати формации од заседа. Оти знаеш така кој ќе го јаде, нели.
     
    На Konfetka, Feminka22, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Народот Јуле. Русите.
    Колкав рејтинг му падна со самиот старт на инвазијата, а не пак сега со санкциите.

    Интересна е ситуацијата кога познати фаци споделуваат анти-војна. И ќерка на висок функционер во кабинетот на Путин имаше споделено. Секако избришано после неколку часа.
     
  16. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    17.617
    Пол:
    Машки
    Еве за да сфатиш.

    Шаховската партија на Путин.
    Еве како дојде до војната во Украина, онака со факти од вашиот аналитичар Сашо Лазански Тасевски.
    1. Во 2014, ЦИА со помош на невладините и тешки манипулации, вадат на улиците на Киев 200.000 луѓе, незадоволни од прорускиот демократски избран лидер Јанукович, за кого гласаа скоро 10 милиони гласачи.
    2. Но брзо тие протести стануваат крвави кога платеници на ЦИА отвораат снајперски оган на демонстрантите и нормално за тоа е обвинет Јанукович. Џабе он се обидува да докаже дека украинската полиција не пукала на својот народ. Е У нејќе да го слуша и го обвинува дека е диктатор кој мора да замине. Докажано е подоцна, откако е симнат од власт, дека платеници на ЦИА пукале во народот.
    3. САД инсталира свои луѓе во украинската власт. Путин се повлекува зашто знае дека тогаш се уште не е доволно моќен финансиски и воено да започне војна и знае дека нема доволно пари да ја одржи контролата по евентуалниот конфликт.
    4. Така ги остава САД да ја преземат Украина преку маринетска влада и да почнат да истураат пари за натоизација на Украина.
    5. Но за тоа време, Путин тајно ги помага Русите во Донбас и ги подготвува за она што го планира.
    6. САД почнува да гради воени објекти и бази кои имаат цел да спречат возвратена удар, доколку еден ден САД ја нападне Русија со нуклеарки. Путин ова го знае и почнува да го опоменува светот. Знаеме што правите, престанете, тоа нема да го дозволиме.
    7. Американците продолжуваат да тераат по свое. Истураат уште пари во натоизација на Украина. Но Украинците ја губат контролата врз Донбас.
    8. Путин го повлекува најсериозниот потег, прави референдум во Крим, на кој 95 посто од народот се изјаснува дека сака со Русија.
    9. Почнува востанието на Русите од Донбас, откако во Одеса се случува масакрот на 80 Руси кои се живи запалени во еден објект од украински националисти. Украинците се неспособни да воспостават контрола на Донбас со целата американска помош. Се создаваат линии на раздвојување. Украина ја губи целовитоста. И тоа трае со години.
    10. Украинците бесни подбуцнати од САД одземаат одредени уставни права на Русите. Се забранува употреба на руски јазик.
    11. Америте сфаќаат дека џабе истураат пари ако Украинците не го повратат Донбас и како нецеловити со отцепен Крим зад грбот не можат да ги турат во Нато.
    12. И почнуваат да ги притискаат. Заземете го пак Донбас како прв чекор кон ударот на Крим. Им велат, удрете по Русите инаку веќе нема пари од нас
    13 Украина распоредува 60 000 војници околу Донбас со намера да нападне.
    14. Почнуваат постојани напади на руското население во Донбас. Кои траат и траат
    15. Но за тоа време Путин во 2017 го враќа целиот долг на Русија кон надвор уште од советско време и ја става на здрави нозе руската економија и воена машинерија. Конечно е спремен да удри. И удира.
    16. Удира жестоко, тогаш кога никој не го зема за сериозно дека ќе удри. Иако им кажува со години, ќе ве удрам берете памет. ЕУ, НаТО и САД се во шок. Првоод тоа што ги удира и второ, од тоа што наместо да удри таму во Донбас, тој презема тотален напад на Украина од повеќе страни иза 60 часа прегазува 70 посто од Украина, стигнува до Киев и Одеса..
     
    На Ivan4e04, Leucadia, monpan и 10 други им се допаѓа ова.
  17. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Нато по секоја цена т.е Сад сакаат база во Украина...нормално дека Русија нема да дозволи.
    Од друга страна ако се потврди геноцидот во последните 8 години во источна Украина.... Нато го губи кредибилитетот низ цел свет. Со тоа ќе се докаже дека туркале злосторства над човештвото под теписон.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    @malerozna веќе ја напишаа дефиницијата за SWIFT да не се повторуваме. Она што е важно е кои се последиците по исклучувањето. Од она што имав малку време да прочитам, а да напоменам сеуште е многу рано за сеопфатна анализа, Русија како земја која има аграрно-индустриска економија која 80% зависи од извоз, а со тоа и од SWIFT системот, последиците ќе бидат огромни.

    Засега она што може да се каже е дека исклучувањето од SWIFT ќе ги прекине сите мегународни плаќања од и особено кон Русија, ќе предизвика нестабилност на валутите, особено на рубљата, и она што можеби е најстрашно е што ќе има масовен одлив на капитал од Русија кон надвор. Одливот на капитал води кон депрецијација на рубљата, а депрецијацијата кон она што во економијата се нарекува депресија. Русија веќе еднаш го имаше т.н. "крвав четврток" а последиците ги знаеме сите.

    Еден од примерите кој ми паѓа на памет, а е исклучен од SWIFT ако не се лажам во 2012 година е Иран, која користи SЕPАМ но користењерто на овој систем е исклучиво меѓу Иран и Русија, бидејќи системот не е признаен од останатите земји во светот. Постоеа индикации дека преку него се перат пари, но тоа е сосема друга тема.

    Пoстои Кинеска замена за SWIFT, наречен SPFS (внатрешен) или CIPS (меѓународен но само со Русија) - колку што сум запознаена се користи исклучиво меѓу Кина и Русија. Беше направен како контра мерка за санкциите кон овие 2 земји. Но, многу важен момент е што и Кина и Русија се потпират на SWIFT во огромен процент (повеќе од 80%).

    И да се пуштат во употреба замените за SWIFT, ќе се губат огромни суми на пари во трансакциите, особено кон оној кој ги прима, бидејќи трансакциите ќе одат од банки кои користат SWIFT, кон банки кои користат SPFS, па кон CIPS зада пристигнат во домашната банка. Колку повеже пари толку повеќе провизија.

    @Ahoy кога се забранува воздушен простор со ознака Р, значи дека се забранува секаков прелет на воздухоплови од одредена земја (во случајов Русија) со причина "безбедносна закана". Ако се случи забранет прелет и на комерицјален и на воен авион, првото предупредување доаѓа од контролата на земјата над која се лета (ATC) преку посебна фреквенција на радио, доколку се продолжи има 2 начини за реакција:
    1. Воено пресретнување и напад ако е воен авион и
    2. Воено пресретнување, предупредување и водење до правилната рута. Доколку пилотите на комерцијалниот авион одбијат, воените пресретници имаат право да го нападнат комерцијалниот авион. Дали нападот ќе биде воздух - воздух или земја - воздух зависи од повеќе фактори.
    3. За определени меѓународни летови има и Air Marshals кои можат да реагираат директно во cockpit.

    Што се случува кога авионот ќе слета:

    1. Ако е воен, пилотот/пилотите се третираат како воени затвореници и постапката зависи од законите на земјата во која ќе слета. Има правници на форумот, не знам како е за Македонија, знам за други земји.

    2, Ако е комерцијален авион, целиот кабински персонал се суспендира, им се одземаат лиценците за работа, на година, 5, 10 или трајно во зависност од ознаката на забранетата зона. И за сопствениците на авио-компаниите има казни, од парични па се до суспензии.

    Од она што знам, нити еден пилот или член на екипаж не би ја ризикувал кариерата, особено не на комерцијален авион, за воените 99% дезертираат и не ги следат наредбите од матичната земја.

    За крај, не знам кој напомена дека најпаметно ќе биде да се дискутира што потоа, и кои се последиците врз нас како обични граѓани. И се надевам дека денес, конечно ќе се случи барем разумен разговор меѓу водачите и ќе успеат да најдат некаков заеднички договор. Колку побрзо заврши толку подобро за сите нас.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.543
    Допаѓања:
    20.203
    Пол:
    Женски
    Абе тој треба да падне од власт, каков рејтинг! Го заболе него за рејтингот. Таму не го бираат, тој сам се бира пошо. Едино да го заедесат граѓански, ама гледаш одма ги апси. Луда работа. Стварно се надевам дека ќе постигнат договор.
     
    На Ivan4e04, senjorita-v, Stephen Amell и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    За него не знам, ама мене сесре...
    Нема кај да иде анксот веќе :D
     
    На teressa, KateKane, Lavender4 и 3 други им се допаѓа ова.