У право си, само тоа за некоја година го утнав среќа Да не е сега Чернобил 2.0 да се озрачиме само Леле извинете на глупиов хумор сериозно не сум при себе баш
70 години има, цел живот ги трпи Америве и се воздржува. Јас мислам дека сега на крај ќе си отиде триумфално, и не во позитивна смисла.
Ја одам да се скријам у скривница не од нуклеарка, туку од сестра ми која ме бомбардира. Мисли ова кошарка е па уше онаква- ти ма за НАТО си????? Нешо ко да не и е јасно дека луѓе гинат од двете страни...
Многу внимателно треба да се земаат информациите бидејќи има доста лажни вести, исто и на форумов како онаа од синоќа дека Русија само шо не нападнала за 30 минути врз Киев со се шо поседува, а немаше ништо од тоа, баш мирно помина ноќта за разилка од претходните. Руси и Украинци заедно ја чуват Чернобил. Ако на Зеленко навистина му е до народот и државата ќе склучи мировен договор сега, ако не го склучи очигледно други интереси има и му одговара ситуацијава да продолжи жртвувајќи го народот.
Абе и по Америве и Европа ќе плачеме ако се случи куршлус и настапат на сцена Русија, Кина и слични. Ќе се вратиме наназад со времето.
Знам и луѓето на змискиот остров беа мртви погубени према украинските твитој. А тие сите беа живи и згрижени. Контролата на хаосот ја создават медиумите.
Абе арно препишува братот, ама да кажеше и за Јушченко малку. И да каже зошто народот се буни против руската војска и со голи раце се брани, ако Путко е златен. И да каже за портокаловата револуција што како беше, не само за околу 20ти февруари 2015та и снајперите. Ги гледав на лајвстрим знам што се дешаваше. Ако пука нуклеарка, средна Европа ќе го јаде од првиот удар. Оти ќе нишани на Париз и Лондон, ама ќе го секнат на време. А може ќе ја јавне нуклеарката и ќе дојде пред Бакингамската Палата. Јас важно тука се движам, ќе го чекам
Досегс сфативме дека Ахој и Малерозна се за Украина, не НАТО Русија дрндрн Украина фикс,ние другиве сме против војна, ама сфаќаме дека Путин е луд а другиов е ѓубре Е сеа од две зла ако го бираме помалото, кое? @Outlook ќе направам довечер
Како бре сите од корона експерти станавте геополитички аналитичари и магистри по воена тактика Па уште и 100 страни се расправате кој е виновен за срањево. Ова не е нешто од завчера, проблемот е стар со децении. За војна се потребни двајца, ниеден учесник во конфликтов не треба да амнестирате пошо да бидеме реални нема невини страни. Провокации од двете страни имало и ќе има, истава работа се случи и пред 50тина години кога Советите сакаа да отворат бази на Куба. Да не зборам за американските "миротворни" акции низ Блискиот исток, сејачите на "демократија" што направија и ниеден западен медиум што сега као е загрижен за Украинците збор не кажа. Единствено ми е жал за цивилното население што како и по обичај ги претрпува најголемите штети дур лидериве си ги мултиплицираат милијардите на оф шор сметки. Се надевам ќе заврши брзо и ќе има што помалку жртви..
Осеќам дека нема да се договорат, не е изгледа планот да се договорат за брзо... јер мерките што му ги спремиле, на долг рок ќе имале ефект.
Не знам дали ја сум ќора ама едино што гледам е размена на мислења. Сем оној кватро шо нешо напиња ама не го читам... Никој не е експерт, и сите жалат за жртвите. А сосема нормално е да се збори коа може да зарати уште утре што се вели. Не треба да си експерт за да кажеш мислење Џон. Ако не ај да ќутиме...
Ама јас мислев таму да испука заради радијацијата, нас да не не озрачи Инаку ни на сон не би сакала на сцена да настапат Русија и Кина. Про Еу сум си.