Тање од време си била фокусирана на војни и живописец кога се насилства од тој карактер во прашање. Мислам, војна ко војна, политиката ја произведува и игрите на моќ, а на терен босанската е од покрвавите и поѕверските, полно лудачишта искрено. Треба да се запрашате колку трауматизирани Југословени имало при воспитувањето штом стасале до тоа дереџе како возрасни. Додај на таквите увезени муџахедини и добиваш пекол.
Муслиманско дете од 14 години изврши напад во Босанска Крупа, за да ги одмаздел невините муслимани, а убиениот е Србин. На кои невини муслимани мисли, не сум сигурна. Ако мисли на Бошњаците, тоа е доказ дека тој народ што врши геноцид, ќе страда па макар да поминат 30 години, а поминаа. Ако мисли на невини муслимани во Газа и се одмаздува, добро ми беше прашањето „Што ако некој муслиман овде го послушаше повикот на Хамас за напади“. Ете ти пример во Босна и Босна не е далеку, и не сме поарни од нив. Момчето во Босна изгледа тој повик го послушало, не знам на кои точно муслимани мисли.
Барање на македонските власти (1991) да се повлечат македонските регрути од единиците вон Македонија - репортажа од РТБ (Радио Телевизија Београд, денес РТ Србија) Колку ми е мило што македонското раководство на крај испадна сепак мудро и овозможи барем мир за граѓаните на Македонија.
Песнава е посветена на Мирослав Стојановски. Го има и на снимката Мирослав тука млад. Македонија никогаш не направи ништо за да се расчисти дали е виновен или не, што секако е акт на непријателство кон државата што тоа го побарала, Хрватска. Исто како што ги молиме косоварите да ги испорачаат убијците за Монструм, е исто е, македонската постапка е иста. А видовме како си поминаа Србите скоро кога сакаа да играат ора во Сплит, да прават изложба во Загреб, им се собраа Хрвати, ги прекинаа, инаку ќе јадеа ќотек. За силеџии и провокатори само така треба, да се знае кој, каде е што. Е така требало и нашата делегација да ја зберат на клоци кога одеа во Хрватска со Мирослав. Не да пишуваат по медиумите „Генералот Стојановски ја вознемири Хрватска“, туку да ги зберат на клоци како улични просјаци. И не е Македонија толку невина како што си мислите. Имам гледано многу документарци за босанската војна. Имаше тврдења од Бошњаци во Сараево дека наше воено лице од Македонија, со презиме Божиновски убил цивили. Го дадоа и него во болница, ранет, само кажа „Ја сам добие нареѓење да пуцам“, не негираше, добил наредба. Тој сега дали воопшто е жив, и да е, сигурно има накај 80 години. Не е Македонија толку невина како што си мислите, само што другите се во крв не до колена, не до уста, во нос им влезе крвта и тие се главна тема секаде.