Мноооогу е страшно ... И демек нема војници што се геј? Кај живееш? Во Прибилци? Иначе.. од дома се учи ред и дисциплина. Не ти треба војска.
Немам ништо против тоа да си геј, но мисдлам дека е зголемен бројот на истите поради немањето ред и дисциплина. Се знаеше порано чоро сакато ќе створеше фамилија а сега родителот треба да ги издржува синојте и ќерките наркомани.....и ред други работи. А јас мислењето си го искажав тебе не те цитирав, не си барај закачки
Е*ати мислењето. Од секогаш имало хомосексуалци. Само што сега се поотворени за својата сексуалност. А тоа со издржувањето, пак е проблемот од дома. Војска на ништо нема да ги научи, освен да бидат 'роботи' со оружје в рака.
Подобро е да не се врати задолжителното служење заради неколку причини: 1. Условите се никакви ама баш во секоја касарна, не мислам на канцелариите на господата туку на објектите кај што би биле сместени војниците. Не дај боже ке се заразат со некоја болест бадијала имаме војска ако војниците не се здрави, нели здравјето пред се. 2. Нашата сиромашна држава не би можела да обезбеди доволно јадење за војската (појадок ручек вечера) војниците на доброволно служење воен рок се гладни што не се повеќе од 100. Секое гаѓање што следува со обуката чини пари, нема униформа и чизми за професионалците а камо ли за редовните, носат стари униформи и 50% искинати чизми 3. Мал број на старешини кои би ги обучувале војниците
Здраво другари. Сакам да пашам во врска со доброволно служење војка,каде се пријавува? Какви тестови има? Дали некој поминал и ако може да сподели овде? Како се оценува за добровоно служење војска?( каков психолошки тест )? Благодарам однпаред.
Појди во полиција и прашај, мислам дека таму се пријавуваш и после ќе те повикаат во касарната во Велес.
Се пријавуваш во оштина, имаш три дела тестирање физичка подготвеност, лекарски прегледи и психолошки тест.
За доброволно служење воен рок нема никакви физички проверки, само психолошки тестови и лекарски прегледи во воена болница. Се пријавуваш во подрачна единица.
Здраво феминки дали има некој искуство со доброволно служење воен рок нека пише? П.С Доколку има ваква тема бришете, или темава не е за тука слободно преместетеа пошо незнам кај да ја ставам
https://forum.femina.mk/threads/Војска.14477/#post-4295151 Мислам дека веќе нема можност за служење доброволно. Прашав пред некој месец и ми рекоја дека само преку оглас за вработување оди. Значи да те вработат, па после обука. Можи да е шпекулација, иако 90% сум сигурна.
Јас имам служено ако те интересира Дм ке ти објаснам целовкупна и реалната ситуација во АРМ како припадник поздрав
Дечки кои се вработија со последниот оглас. Затоа и реков не сум сигурна дека е така. Ако имаш некоја информација кажи ми и мене. @BrainDamage пиши ми и мене ако не ти е проблем.