Во депресија поради факултетот...

Дискусија во 'Психологија' започната од toa.sum.jas, 31 март 2011.

  1. toa.sum.jas

    toa.sum.jas Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Значи, нова сум на форумов и навистина ми е потребен совет од вас! Прва година сум на факултет и воопшто немам воља да учам...цела година се измачувам...работата е што мислам дека избрав погрешен факултет, а неможам да се префрлам на тој што сакам бидејќи моите родители не ми дозволуваат. Пред да се запишам на овој факултет каде што сум сега, бев цврсто убедена да се запишам на економски бидејќи тоа ми бесе голема желба, но еден ден мајка ми и татко ми почнаа да ме разубедуваат дека на тој факултет иделе луѓе што не се на наше ниво...сме немале ниту една врска доколку се случи да се заглави со некој предмет и тн. ми кажуваа дека нема да можам да постигнам и да го изучам тој факултет и јас бев во ненормална дилема и од страф да не излезат дека се во право јас се запишав каде што тие ми кажаа. Сега јас немам воља за учење, без разлика што факултетот не е тежок, мене книга не ми се отвара, спијам до ниедно време, ни јадам ни ништо, едноставно не сум среќна и немам воља ни да излезам до продамница, некогаш само ми се лежи...пред колоквиум ме фаќа депресија бидејќи треба да го учам материјалот, а мене ме мрзи и ми е досаден и тн. пред некој ден бев во толку неописливо лоша состојба и сакав да се откажам од факултетот, разговарав и со мајка ми но не ме разбира...татко ми кога слушна ми се закани и ми кажа летово да заборавам на одмор додека не ја завршам годината и сега не разговара со мене додека не сум се смирела...ми вели да не живеам во фантазии дека ќе сум се префрлела на економски факултет...тие мене одсекогаш ме гледале како не доволно способна и интелигентна за таков појак факултет, но и од други работи не се никогаш задоволни, секогаш во нивните очи другите се подобри и попаметни...јас уште на почетокот бев крива што не си тргнав по мој пат каде што јас сакав...многу се нервирам и незнам што да правам... ве молам дајте ми некој совет... поздрав
     
  2. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Сметам дека не е праволно да се сомневаат во твоите способности,јас ти предлагам само да ги убедиш да се префрлиш на економски па да им докажеш дека можеш и не ти требаат врски.Кажи им дека ништо не губиш ако пробаш ,замоли ги само шанса да ти дадат и ќе видат дека можеш.Кажи им вие како родители треба да ми дадете подршка и да ги почитувате моите одлуки.Извини ама воопшто не си ти крива ама твоите родители се многу некоректни,се чудам од ова што го кажуваш.Немој да им попушташ,бори се!Да ти го зборуваа тоа за твое добро ќе ти кажев послушај ги ,ке им бидес благодарна еден ден,но не...ке ти казам покажи им заби и избори се за тоа што сакаш,затоа что можеш!!!
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  3. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Ах ах ах ... најлоша комбинација...нишо послушај си ги инстинктите и желбата и запиши се каде што ти одговара... не паѓај во депресија...и отворено разговарај дома...на секого му се десило ова што тебе ти се дешава...али мораш што побрзо да одиш на друг факултет
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    3.165
    Допаѓања:
    10.423
    Уф.. тешко е кога имаш притисок од дома, ама мој совет ти е да седнеш и да разговараш најотворено со родителите. Кажи им дека ако останеш на овој факултет, нема да го завршиш затоа што не го сакаш и дека си возрасна за сама да донесуваш одлуки. Кажи им дека ќе се отпишеш сама и дека ќе се запишеш на Економски, затоа што доволна е и оваа 1 година што си ја изгубила.
    Биди силна, покажи им дека знаеш што сакаш од животот и ќе видиш дека ќе застанат позади тебе. А и да не застанат, земи документите и терај таму каде што ќе ти биде убаво.
    Плус, какво е тоа зборување дека немаш капацитет за економски?? Знаеш колку луѓе знам што се пред дипломирање на економски, а не се капацитети?
    Се надевам дека ќе се избориш за тоа што го сакаш
     
  5. toa.sum.jas

    toa.sum.jas Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Луѓе, навистина незнам како моите не сватија дека сум во депресија поради факултетот...колку се измачувам, а на нив како да им е сеедно, на мајка ми и кажав што сакам и дека да можам времето да го вратам сигурно дека нема да го одберам тоа што сега го учам и дека ќе си се послушав самата себе си...секогаш кога ќе ме види натажена и без воља, таа само ќе почне да кука како јас ќе ја оболам, да не живеам во фантазии...на татко ми му кажав дека не го сакам факултетот и дека поради нив се запишав на овој факултет и дека ми е досаден материјалот, а татко ми ми вика дека овој бил најлесен факултет...и јас му реков па што ако е најлесен кога немам воља да го учам...не е дека јас неможам да го изучам како што тој смета... btw јас ги имам положено од прв семестар сите испити од овој факултет, но со измачување...големо измачување...другите луѓе што ме познаваат од средно ме знаат како многу амбициозна личност и некои дури ми се чудеа што сум се запишала на така послаб факултет, само моите родители ме гледаат со поинакви очи...но јас сум си најкрива што бев неодлучна на почетокот кога требаше да одбирам...а тоа го направив поради нив од страф да не ми зборат послем тоа ако заглавам...едноставно направија да се сомневам во моите способности и ја изгубив вољата... Татко ми кажа да не сонувам дека ќе ме префлел на друг факултет, нема пари да ми даде...
     
  6. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Не ти преостанува ништо друго туку упорно да разговараш со нив и да пробаш да им го промениш мислењето. Јас да сум на твое место, секако доколку си финансиски моќна, од септември би се запишала вонредно на економски, но не би го ни запоставила ни сегашниот факултет. Така и ти ќе можеш да видиш како е на економски, а воедно ќе имаш и можност на твоите да им покажеш дека имаш капацитет, за да престанат да те потценуваат, па после можеш да си продолжиш на економски. Секако ова ако можете финансиски да си дозволите. И ако не е тајна на кој факултет си сега?
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.062
    Допаѓања:
    48.382
    Пол:
    Женски
    Една од ситуациите каде што мораш да покажеш јака волја. Не се работи да не те пуштат да излезеш, се работи за иднината, за нешто што може да ти го смени животот кој е само твој. Најискрено ти кажувам додека е време мораш да се спротиставиш, инаку ќе тонеш... Незадоволството е ужасна работа, цела енергија може да ти ја исцица.Птобај пак со смирен разговор да им објасниш колку ти е тешко, дека си способна и дека е твое право да го учиш она што го сакаш. Учиш за себе, не за нив. Ако не бива... Мене вака да ми правеа немаше да ќутам. Ќе направев нешто, а од степенот на нивната тврдоглавост ќе зависеше мојата реакција.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    Девојче требало цврсто да застанеш на нозе, и да речеш Јас сакам таму и точка. Родителите секогаш за најдобро мислат тоа е факт, никој ништо за инает ти нема направено. Тие мислејќи дека нема да учиш ке заглавиш на потежок, те ставиле на полесен и иста песна. Мислам дека нема да ти се нафатат за префрлување, освен ако јако не застанеш цврсто. Искрено мислам дека малку си мрза, и немаш ни погледнато за што се учи на твојот сегашен факултет, секако си поминува времето, ако е лесно што ти коштало нешто да положиш? не те разбирам. Јас се најдов во слична ситуација со мојот факултет, односно на многу потежок бев, и немав врска што уствари ке учам, кога видов ми беше научна фантастика. Стегнав заби, и научив. Нема пари за фрлање, сега сакам, сега несакам. Ако си се согласила учи, ако имаш волја да застанеш и да се префрлиш слободно убаво објасни им, и префрли се, ама таму да земеш да учиш за разлика од сега, ако се префрлиш :!:
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.668
    Би било полесно кога на почетокот би им кажала кој е изборот твој и дека дефинитивно ќе се запишеш на тој,без да дозволиш да те предомислат,а како што заклучив и тебе ти е ниска самодовербата,кога си потклекнала на нивното-Имаме врски,без врски нема да завршиш |( значи и ти си се посомневала во твоите способности....ако ттако ти е ептен строг тешко ќе го убедиш да се префрлиш на економски....барем пробај седни и разговарај и кажи им како се чувствуваш,се надевам ќе биде ок ;)
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Подобро да фрлиш една година отколку цел живот да работиш нешто што не го сакаш. Седни и разговарај со твоите, друго чаре нема. Кажи им дека овој факултет не те исполнува ни најмалку и дека не се гледаш себе си во иднина таму. Како што ти си ја испочитувала нивната желба и ете си се обидела на тој за нив идеален факултет, сега е ред тие да те испочитуваат тебе и твоите амбиции. Ама само ако си сигурна дека го сакаш тоа. Ова е едно од најважните прашања во животот и не би требало да се водиш од нивните желби, ами пред се од твоите. Јас би те советувала да застанеш посигурно зад своите ставови, вака делуваш мошне несигурно па можеби и тие си мислат дека си во заблуда. Ама ако им објасниш убаво зошто баш таму сакаш да студираш не верувам дека ќе те одбијат пак.
     
    На snegulka21 и MiiLla им се допаѓа ова.
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    И јас сум ви слична ситуација,само што кај мене моите не ме тераа јас сама одлучив со мисла дека е полесен.Сватив одма после првите колоквиум каква грешка сум направила.Учам исто како и ти со сила колку да положам. :tmi: И сега од септември планирам на уште еден да идам затоа што од овој не се откажувам,па не за џабе сум фрлила 2 год во вода :worried:
    Ако имаш толкава желба да се запишеш на економски ништо нема да изгубиш ако пробаш.Земи си ги документите и запиши си се таму.Ако си учиш нема да имаш потреби од никакви врски,а финансиски исто ти е дали ќе бидеш на тој факултет кај што си сега или на економски,освен книгите кои за еден семестар им се по 100е.Но ако имаш толкава желба ќе најдеш време и сама да си заработиш и дел од факултетот да си го плаќаш....
     
  12. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    луѓе помагајте јас се побудалев стигнав на самиот крај уште 4 испити до магистратура и книга не ми се фаќа,како отварам само букви гледам,не знам што ми се случува,ама никогаш не сум била толку расеана како сега,башка доста солиден студент сум,ваљда нема сега да ја утнам работава :worried: леле мори мајко се плашам стварно,башка еве ми иде некоја вонредна сесија и само си измислувам некои изговори да не учам,ама шашаво се понашам како да сум во пубертет :?: ...цццц....помагајте :sweat: :worried:
     
  13. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    527
    Баш тоа што си при крај треба да те мотивира да го загрееш столчето, да стиснеш заби, да научиш се и да одиш на полагање.
    Јас секогаш кога ќе изгубев мотивација, а знам дека морам да седнам да учам си водев инает самата на себе. :D
    Колку и да звучи смешно целиот проблем е додека да ја земеш книгата во раце.
    Еве на пр. утре: Стануваш од спиење, го пиеш утринското кафе, појадуваш, одиш до продавница по нешто благо и си ја земаш книгата во раце.
    Ако имаш двор или тераса одлично. Ќе си се сместиш удобно на некое столче, ќе си ја отвориш книгата и полека.
    Не знам како учиш ти ама јас читајќи од книгата си прераскажувам со свои зборови во тетратка и така учам. Подоцна истата таа тетратка ми служи како потсетник пред испит. Научениот материјал си го повторувам читајќи од тетратката.
    Учиш 45 мин. (толку трае концентрацијата кај луѓето) 10 мин. одмараш, грицкаш благо, шеткаш низ дома.
    Потоа пак исто 45 мин. па пауза и се така додека не одлучиш дека е доста за денеска.
    И секако оние 45 мин. немој да ги чекаш со душа гледајќи на саат. Тогаш кога ќе почне да ти бега концентрацијата ќе знаеш дека поминале. ;)
    Јас најубаво учам на тераса, веројатно надворешниот амбиент и воздухот си го прават своето (ми го разладуваат мозокот) :D
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    аххх....некако се друго би правела само да не учам ама кога мора мора :( еве да одморам малку и фаќам книгата па што научам научам а другото ке видиме :worried: како на малите дечиња со сила или ке дојде баба рога :rofl:
    во секој случај ти благодарам на советот,ова со концентрацијата и малите паузи мислам дека добро ке ми дојде
     
  15. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    52

    И јас се најдов во слична ситуација како твојата, се запишав на правен факлтет да му ја исполнам желбата на татко ми , како преспктивен фалкутет бил ке ми поможел ке ме усперел...И по првата година се откажав, и еве веке три години работам по казина, се издржувам самата за да си ја плакам киријата бидејки останав во Скопје да живеам со дечкото...Кога беа уписите сакав да се записашам на психологија, но моите мислеа дека е непреспективна професија што и до негде се во право..и така лутам и талкам овие три години секоја година со помисла оваа ке си го дозавршам факлтетот без да се пронајдам себеси во вистинска професија која ми лежи мене, а имам силен притсок од моите да го дозавршам правниот, сега во последно време многу ме интересира здравиот начин на исхрана, па и од минатата година сулшам отвориле смер за ниутриционизам па се надевам годинава ке соберам сили и храброст да си тргнам по мојот пат.Истото ти го посакувам и тебе бидејки си се пронашла себеси во идната професија седни и разговарај со твоите кажи им што те исполнува, на крај краева тие се тука да ни го усмерат патот а ние да го изодиме, се разбира и да ја смениме насоката ако не ни одговара затоа сега си веке полнолнолетна и сама треба да ги донесуваш твоите одлуки а тие да те подржат... Срекно...
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    4.945
    Многу е лошо кога родителите не ги слушаат желбите на децата. Но кога веќе грешката е направена може дасе поправи на неколку начини. Под прв и мислам најисплатлив е да разговараш со родителите цврсто убедена и со аргументи зошто сакаш да го студираш тоа а зошто несакаш она што го избрале твојте. Па на крај и краева и по цена на одмор неколку години ниту би учела ниту би идела на одмор само да им докажам дека ниту еден одмор не ми е поважен од мојата кариера. следен по амбициозен пат кон она што го сакаш е работа и студирање запосли се негде и за 200 евра плата па секој месец тргај по 100 евра и ќе си го платиш факултетот а ќе ја имаш анбицијата и желбата и верувај ќе успееш, понатака твојте ќе видат дека се трудиш и ќе легнат на брашното. Исто така ако не ти се допаѓа ништо од ова насочи се на самостојно учење надградување во областа која ја сакаш, читај книги зимај материјали и верувај дека еден ден тоа ќе ти се исплати. И крајна солуција учи си го факултетот (баш незнам кој го учиш ) и на крај запиши се на магистратура на економски на некој отсек и со самонадградувањето што би го имала ќе постигнеш завидн резултати.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Te razbiram potpolno vo kakva situacija si i kaj mene bese istoto so toa sto cela familija od stranata na tatko mi se obiduvase na tivok i miren nacin da me ubedat da se zapisam na ekonomski. Jas ne sakav, nikogas ne me vlecelo toa ama priznavam eden period malce i razmisluvav pokraj celoto nivno ubeduvanje od stilot nie sme site ekonomisti ke ti pomagame i sl. Ama ne im uspea i na krajot se zapisav na nesto sosema treto i voopsto ne se kaam. Celta mi e ako vo pocetokot te ubedile ok, edna godina e propustena ama zamisli cel zivot da si go propustis? Najtesko nesto e da go rabotis toa sto ne go sakas. Jas na tvoe mesto sama bi si gi zela dokumentite i naredna godina pravec na ekonomski AKO i samo ako si 100% sigurna deka ke ucis! i ne ni pomisluvaj da te zasegaat komentarite deka si bila na lesen fakultet, gluposti! Nieden fakultet ne e lesen, a vo tvojot slucaj ti go studiras najteskoto zatoa sto go pravis BEZ ZELBA. I mene mi se cudea sto ke idam na "tezok" fakultet ama eve sega gi gledam niv na "lesnite" kolku im e dosadno i za nigde, za razlika od niv jas nemam nikakvi problemi, a nemam nitu edna mozna vrska. Znaci ti ako ucis ne ti trebaat nikakvi vrski. Izborot e tvoj i mislam deka sama treba da resis, ne znam koi bi mozele da bidat posledicite ako bez znaenje na roditelite si gi zemes dokumentite ama drugo ne ti preostanuva.
    [mod-kirilica:1cp66fbv][/mod-kirilica:1cp66fbv]
     
  18. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Татко ми сменил три различни факултети што немаат врска еден со друг пред да се реши што навистина сака да работи во животот. Значи дека никогаш не е доцна да го промениш факултетот и да се насочиш кон нешто друго.

    Другарка ми исто како тебе ја запишаа на стоматологија иако немаше желба тоа да го учи, ама не можам да ти опишам колку многу го засака факултетот и колку многу им се посвети на студиите! Со каква страст ги прави тоа вилиците, едвај чека да оди на пракса :lol: :lol:

    Можеби ќе ја засакаш професијата, а можеби уште толку ќе ти создаде одбивност. Ако си цврсто решена - разговарај со твоите дома и кажи им дека навистина многу сакаш да учиш економија. Друг излез нема. На крајот на краиштата, и самите ќе забележат дека не постигнуваш задоволителен успех на факултетот каде што стдираш сега.
     
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    4.258
    мислам дека втор факултет е бесплатно (колку што може да биде бесплатно нешто кај нас во државава) распрашај се поубаво, немора да се откажеш од сегашниот, туку учи паралелно ако навистина го сакаш тоа.
    Моите исто не ми дадоа да се запишам на електро (демек да не се малтретирам) и ме тераа да се запишам на надворешна трговија на економски ама ич не сакав на тоа и подолги плачки и мољакања, се запишав на е-бизнис (ни мое ни нивно-средина)..... многу си го засакав и факултетот и смерот, а сега сум и при крај на студии, така што воопшто не се каам. :)
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.758
    Сум била во да речам депресија поради факултетот, која ме паднале, а сум напишала, ме изиграла некоја колешка со материјали, на најголемите празници сум учела затворена в соба.....
    Си има свои тежини кои секојдневно ме затрупуваа....
    Сум била на чекор да се откажам од се`.
    Немав разбирање од никого.
    И продолжив да учам, учам...полагам...
    И на крај дипломирав во првите 20 мина на факултетот, т.е. најбрзо кога закажав дипломска.
    Значи, секого го фаќаат кризи, само треба да се пребродат тие периоди. ;)