Мислам дека секој го фаќа на моменти таа депресија за факс.Во смисла-не требаше да се запишам тука,требаше на полесен,па те изнервирале колеги,испити,професори,оценки.....Многу нерви се потрошија ама никогаш не ми текнало да се откажам.Да ,се каам што се запишав и тоа на еден од најтешките,а сега џабе ми е се.Се надевам на подобри времиња. Се двоумев ,меѓу стоматологија и англикси,го одбрав првиот ,зажалев при крај......Инаку дипломирав меѓу првите во јуни,ете тоа ми беше желба која си ја остварив.Цело време го сакав ,учев полна со елан,амбизиозност и љубов за да на крај некои моменти ме разочараат.......Ама тоа е Не се откажувајте ако тоа била вашата првобитна љубов.Се се издржува,па не е факултет средно,си има своја тежина. Денес Грујо реши сите да ги образува,за што сум голем противник ама тоа е веќе друга тема.Гледам како лесно поминуваа овие генерации ,за разлика од нас
Не убаво родителите да управуваат со желбите на децата, но некогаш се во право, еве пример јас кога се запишував на Правен Факултет моите вложуваа секаков напор да на се запишам, ме убедуваа да се запишам на Филолошки, јас бев упорна и испадна по мое, факултетот го завршив во редовен рок, учев со желба, но сега се пишманам што не ги послушав, тешко е за вработување, а се ти зависи од правосудниот кој е пола факултет и е олово тежок, си учел толку време и повторно се враќаш истото да го учиш, а да завршев Филолшки денес ќе заработував и ќе патував низ светот. На крајот може твојот факултет и среќа да ти донесе, полесно вработување на пример. Многу е тешко да студираш нешто што не те интересира, ако ептен те влече Економски убаво ти викаат феминки земи документите и пари од родителите ко божем за партиципација на факултет и префрли се и студирај тие немора да знаат, купувај скрипти како што купуваш и на овој, е сега ако имаш родители кои се епетен факма да те намирисаат што учиш е тогаш незнам, помири се со судбината.
И јас сум во слична ситуација, бидејќи и покрај солидниот просек сметам дека на овој факултет не можам да го дадам својот максимум и тоа е она што ме прави тажна. Поентата е во тоа што, јас не знам ни каде би се префрлила, бидејќи не сум доволно запознаена со смеровите и што точно се учи таму. Само знам дека ме интересира македонскиот јазик, и пишувам проза и поезија, па веројатно компаративна книжевност би требало да биде смерот кој ќе соодветствува со мојот избор, но не знам. Како и да е, едвај чекам да заврши оваа година бидејќи воопшто не ми се допаѓа материјата што ја учиме и од ден на ден се повеќе ја губам волјата за да останам овде.
И јас се чувствувам тажна имам некаков страв дека нема да можам да го завршам и дека сум избрала тежок факултет. Има многу математика . Прва година сум знам дека треба да се фокусирам на учење многу учење ме чека ама книга не ми се фаќа се со сила правам.
Јас завршив втора година и заглавив со испитите. Не сум заинтересирана за она што го учам, веќе не мислам, туку сум сосема сигурна дека го промашив факултетот и не требаше да се запишам на ова. Учам не затоа што ме интересира тоа што го учам туку затоа што морам. Затоа и не успевам да положам. Од втора година имам положено само два испити. Немам волја. Но ете морам, моиве не дозволуваат да се префрлам. Но ако ептен заглавам, тогаш нема друго решение. Нема смисла да продолжам да го учам ова. И кога ќе помислам на оваа ситуација со факултетот, добивам непријатно чувство.
Имаше една почнавме да пишуваме на фб 2-3 месеци излеговме на кафе неколку пати и една вечер ми пишува ја мислам ако не положам утре ќе се самоубијам Многу беше во депресија, али положи. Излеговме на кафе истата вечер кога го пиша ова, не било баш сериозно пишано си реков ако напраи некоја глупост кај ми е крајот. Али не треба толку потресување, здравје, ако не бива ќе бараш чаре.
@Priroden и сите други. Ако сите се самоубиваа за испити досега кај ќе ни беше крајот со луѓето на земјава. Тие години се тешки и напорни години за сите млади бидејки почнуваат да го осознаваат светот и се наоѓат на крстопат со проблеми кои досега ги немале бидејки биле сеуште мали и заштитени од родителите. Кога веќе се почнува нова етапа во животот се делеш од фамилија искусуваш на своја кожа нови и сурови работи треба да се биде силен да се научи што и како понатаму во животот. Многу луѓе завршиле факултет па ете всушност бројката покажува дека факултетот не е смрт и бог знае тешка работа. Некогаш потешко некогаш полесно си се нафатил да учиш ќе изгураш ќе стиснеш заби, ќе помине и тој период.
Никако не се согласувам со тоа да се откажете од факултет,кога веќе сме тргнале по тој пат и сме се решиле да студираме зборот откажување не треба да постои!!!Мене ми е мака што гледам толку себични луѓе,уште не почнале развиваат мисли од типот "ах што ми требаше ова,нема да завршам,па види го професоров се занесува,зашто баш на мене ми се случува ова зашто не му се случи на некој друг" со овој памет и размислување ништо нема да направите!Јас паѓав многу предмети до тој степен што сакаа да ме отпишат,и јас дојдов до некој степен на депресија,и сфатив многу работи,знаете колку вреди кога ќе почнете да размислувате позитивно??Колку пати ми рекле ти не успеа ни еден фах да завршиш,никогаш нема да положиш,среќа ми беше платен семестарот па си викам...ОК,имам уште една шанса,беше што беше ќе почнам од почеток и ќе успеам ќе седнам ќе учам ќе положам се,нема нешто што човек не може да направи,колку положиле па зашто јас да не можам?И така положив цел семестар а тие што ми збореа,сега ќутат кога и да ме видат
Луѓе многу сум тажна и загрижена ! Имам 29 години и уште на 23 години дипломирав економски и отогагаш залудно талкам у место и барам работа но,ништо од тоа.Најтажно е тоа што никогаш не се замислував како економист а завршив и без воља би го работела тоа.Многу се каам што не запишав германски и книжевност тоа повеќе го сакав плус до сега ќе работев ама ете многу време помина.Имам бебенце 10 месеци и размислувам да се запишам догодина на посдипломски германски или друг факс да запишам (германски и книжевност) не бива вака само пропаѓам,немам апетит...Што би ми предложоле Вие,да не е доцна за друг факс ? Има ли некој со сличен проблем ?И доколку запишам посдипломски може ли да работам како професор по германски ?
А зошто да бидеш тажна и загрижена? Имаш 29 години, си дипломирала и имаш дете. Само значи дека ти треба малку да размислиш што точно сакаш од животот и како си ја замислуваш иднината. Ако сакаш да запишеш постдипломски, имаш пари и време, не знам зошто се мислиш. Распрашај се подетално, јави се на факултетот, разгледај ја наставната програма. Размисли. Земи си ги работите во твои раце, па никогаш нема да е предоцна, особено не на 29 години.
Click here to get a hint Знам дека е така и во право си,меѓутоа ми велат зарем уште ти се учи а некој работи со незавршен факултет...И некако не ми се допаѓа опцијата постдипломски затоа што мислам дека со тоа неможам да бидам професор по германски мора факултет да имам барем така знам од тие што запишале .Повеќе ми одговара да запишам втор факс по германски и книжевност па барем вториот ќе ми биде со мерак учен.