Во каква состојба би била Македонија без странската помош?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 27 март 2023.

  1. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    И што се странците криви за ова м?:?:
    И како мислиш од чист алтруизам тие ќе покриваат нечија неспособност без задни намери?
    Абе тие си начекале селце без кучиња и си користат, не ние од нив.
    Не е тешко да се укапира.
    Просто, ептен едноставно е.
    Гледаме де, што е, како е:)
     
    На sino.o.oka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    16.897
    Пол:
    Машки
    Би била во многу подобра, доколку не се испокрадеше и уништеше се што имавме од индустрија до земјоделие и стигнавме до степен да бидеме потчинети, зависни од "помошта" на некои си Мите Дупевци од странција, кои се тука само за да ја користат нашата евтина работна сила и да се подјебаваат со нас.
     
    На Passenger555 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Да не беше американската "помош" ќе бевме држава во вистинска смисла на зборот.
     
    На sino.o.oka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Да бе... “Оаза на мирот“ ќе бевме.
    “Зион!“
    “Ветената земја“

    Како што е цел свет поврзан економски, ништо не мојш сам да бидиш
     
    На mkdvesna, daylight, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Немаше да има Рамковен договор.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.896
    Знаев дека ќе почнете со името, па Нато, па Американци, па мешање. Е сега, странска помош добиваме и од држави кои не се ни во Еу, ни во Нато, не ни се мешале во ништо, не тргуваме со нив. Пример, едно школо аплицираше во амбасада на една држава која во ништо не ни се меша, за да добие пари за ограда. Замислете ограда, ејјјјј. И помали земји донираат, дали книги, компјутери или некои други ситници донираат. Со што сме возвратиле? Во Пехчево странци донираа противпожарно возило и опрема. Па срамота е тоа. Не е работата да глорифицирам некого, туку да покажам колку сме некадарни и не планираме да се менуваме.

    Мнозинството од западњаците не знаат кај е Македонија, а дали е Фиром или Северна ништо не им значи. Ние се преценуваме, небаре сме центар на светот, а во суштина болниците, школите ни се во 19 век.
     
    На Anne Boleyn и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    4.679
    Пол:
    Женски
    Македонија би била прекрасно место за живеење додека немаме корумпираност, додека политичарите не ја крадат навелико државичката, додека сите сме рамноправни како граѓани.

    Кога секој од нас почнувајќи од врвот си ја работи својата работа, се однесува како што се однесува во странство кога ке иде на прошетка ( почитува правила и закони и те како ) не би ни требало толкава странска помош. Би функционирале мноогу подобро од сега.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Одамна имав прочитано/слушнато за ова, па може и нема да можам убаво да го искажам, ама слично нешто се коментираше и за африканските земји, како тие не можат сами да се средат и постојално некој мора да им помага. И се спомна дека „развиените“ земји, светските сили го изградија тоа со искористувачки третман на тие земји, со што ги поставија во таква зависна положба, каде чекаат на милостината на истите тие земји поради кои се наоѓаат во таква позиција. Така што, веројатно не може вината да се бара само во самиот народ, кога други помоќни од тебе го поставиле така системот, па сега како само до народот е што не успева да направи нешто. Иако да, сигурно зависи и од борбеноста на народот, ама можеби не треба толку акцентот да се става на него. На некој начин, развиените земји и им должат на останатите, не мора баш да се гледа како „донација“, туку враќање на долгот.

    Сепак, верувам дека причината за ваквата апатија, или за „самоништењето“ е нешто налик на жена растена во патријархат и потоа ја продолжува истата традиција, се држи до тие ставови, начини на функционирање иако ѝ штетат нејзе. Не мора само овој пример да се гледа, било кој однос каде едната страна е помоќна може да доведе до вакви последици. Веројатно и ова е последица на некој создаден ментален склоп во динамиката угнетувач-угнетуван. Ама нека каже некој што повеќе се разбира во психологија на маса, на народ, историска динамика на развој на народите итн.
     
    На Tanjamm и winnie02 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.386
    Пол:
    Женски
    Па у многу многу поочајна од оваа.
     
    На daylight, Stark и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.896
    https://novatv.mk/so-amerikanska-do...oriite-vo-politsiskiot-tsentar-gorche-petrov/

    Па и полициски станици реновираме со странски пари.

    Еве ви само дел од Кинезите

    https://360stepeni.mk/kineskata-ambasada-so-parichna-donatsija-za-makedonija/
    https://faktor.mk/kje-se-renovira-poliklinikata-vo-shuto-orizari-donacija-od-kineskata-ambasada
    https://www.vesti.mk/article/6385c56f85be266233e945e1

    Швајцарија

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...ivpozharno-vozilo-za-veleshkite-pozharnikari/
    https://sitel.com.mk/shvajcarskata-ambasada-donirashe-knigi-vo-bitolskata-univerzitetska-biblioteka

    https://www.mkd.mk/node/292384 ( ни донирале компјутери за во Собрание, замислете)

    https://makfax.com.mk/makedonija/швајцарија-донираше-опрема-за-справу/
    https://kurir.mk/makedonija/vesti/z...so-donacii-a-kade-zavrshuvaat-narodnite-pari/

    Франција

    https://zdravstvo.gov.mk/francuskat...-na-medicinskiot-personal-od-kovid-19-na-gak/

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...uva-proektna-dokumentatsija-za-nova-stanitsa/

    Германија


    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...ashe-modularna-bolnichka-edinitsa-vo-kichevo/
    Па и униформи за пожарникари ни донираат и тоа немаме
    https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/2014-02-01-11-59-19/3648-germanska-donacija
    https://a1on.mk/macedonia/undp-i-ge...oefikasna-kontrola-na-maloto-i-lesno-oruzhje/ ( компјутери за полиција)
    https://makfax.com.mk/makedonija/германската-амбасада-донираше-осум-р/

    Ова е само капка во морето.
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm пола од ова, а и повеќе од пола Тројански коњ, а др.половина нешто др. е во прашање.
    Не си многу во тек со надворешните дипломатски односи, општо со дипломатијата:)
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    188.123
    Ништо не можеш сам да бидеш, ама од тој што потпишува зависи дали ќе влезеш во кредити, во брзи кредити или наскоро ќе станеш бездомник.:|
     
    На Billy Idol и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Така де...
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Може ако не се странските инвестиции или како што е во насловот странска помош на некој начин ќе бидеме приморани да се снаоѓаме а така па може и ќе сфатиме дека имаме капацитет за производство со тоа и подобрување на економијата. Како на пр еве сега јас.... Заш да садам да се дробам кога кромидот е 10 ден. Е ама кога кромидот не е 10 туку ближи до 100 уствари сваќам дека имам нива и бавча и потенцијал за одгледување. Така и со економијата. Заш млеко да произведуваме или еве земјоделие на пр кога увезено од странство е поефтино а и од цената на увозот си зимаме (мислев на големците) % за државата.

    Кратко кажано не сме способни како држава полесно е донација одколку сами неш да си направиме
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    А може немаше да има Македонија.

    Ти се игра на та карта?
    Мене не.
    Не сум хазардер.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.765
    Пол:
    Машки
    Ако им беше на странците дојдено до состојбата на Македонија, на пример, наместо да лупнат 67 милиони само оваа година по разни НВО-а, за полуписмени луѓе да ги бранат на социјални медиуми, од така наречено "руско влијание", можеа да донираат за изградба на новиот клинички центар "Мајка Тереза" кој го "градиме" уште од 2010.
    Не само што немаме камен темелник поставено, туку и оштета од 8.5 милиони ни бара фирмата со која го раскина владата договорот.

    Ај, не мора во Скопје, ете болницата во Штип кошта само 26.9 милиони. Уште абер нема да се заврши.

    Ете, може два - три да ни направат такви во поголемите градови и ќе се реши огромен проблем со здравството, нема да мораат сите да се бутаат во Државна.

    Тогаш нема потреба да ги фрлаат милионите за заштита од "руско влијание", народот нема веќе да ги плука, туку ќе ги фали.

    Или пак, милионите долари што бевме принудени да ги потрошиме за набавка на непотребни лесни оклопни возила од САД, можеа да отидат за дел од автопатот Кичево - Охрид кој се гради веќе 10 години и не е мрднат од мртва точка.
    Не принудија цело оружје да го донираме во Украина. Сите Т-72 тенкови, Сухоите, а ќе ги даваме и хеликоптерите.
    Сето тоа, заменето за џипчиња, за 210 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.
    Колку клиники и болници можеме да направиме со тие пари?

    Да не почнеме со струјата и системското уништување на РЕК Битола...

    А Железницата? 20 км на час ќе вози возот од Скопје до Велес. Пеш побрзо ќе стигнеш.
    Кога ја пуштиле Османлиите пругата Солун - Скопје во 1800 и некоја, побрз бил возот од денес.

    Ама секако, наместо парите да одат во развивање и средување на државава, во капитални инвестиции, во инфраструктура, подобро е да се фрлаат на контрола и заплашување на населението, и секако на пљачкосување и богатење на амерички конглoмерации.

    А толку малку помош треба да ни се даде за да пркнеме, да се оправиме. :)
     
    На SeaMermaid, sino.o.oka, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Па нема ни за НВО-ата инсентива да се заложат луѓе кои сакаат да помогнат.
    Сите одат само за плата ако е.
    Ретко непрофитабилна НВО функционира кај нас... и дали воопшто.

    Идејата на Невладините организации е да се самоорганизираат граѓани, поради некоја иницијатива која им е битна.
    Значи, луѓе шо им е битно да има чист воздух, се организираат во еколошка невладина и работат на проблемот.

    Тука и то е корумпирано.
    А буквално било кој од нас може да основа невладина организација.
    Еден, сам човек може да е.

    Ама кој сака без пари да работи во МКД?
    Никој!
    Затоа и невладините се продложени раце на надворешни и внатрешни политички елементи
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.896
    Знам луѓе што работат во НВО, па цела Европа ја прошетаа со странски пари. Ова е незамисливо за 90% од народот. Не им е ич лошо, да не ги мислите. Никој не работи ништо за без пари. Школото во Битола, таму каде падна таванот и повреди девојче во тоалет, реновиран бил тоалетот пред неколку години, ама со донации. Така кажаа на вести. Замисли, тоалет реновиран со донации. Пред недела дена отворив да видам ЕУ фондови, отворени еден куп повици за Украина, Молдавија, Ерменија, Грузија. Мене ми е сосема ОК да скинат се што било за нас и да пренасочат за тие народи, кои верувам повеќе ќе знаат да ја ценат помошта и можностите. Добро е некому да му текне да направи анкета во Франција, Германија, Швајцарија, да ги прашаат граѓаните дали се согласуваат нивните пари од даноци да одат во држави како Македонија, Србија, БиХ. Не за џабе холандски пратеник кажа дека Вучиќ ја користи ЕУ како банкомат. Не сме поарни и ние.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Ни требаат невладини, ама не вакви корумпирани, туку граѓани кои навистина се самоорганизирале, поради идеологија, поради реална желба за подобрување на состојбата, поради алтруизам...
    А не сите напикани таму со врски, исто ко на државно, па продаваат лудило дека правеле нешто за напредокот на општеството.
    Абе драпај си меот.

    И сенкир странците шо ги финансираат не знат шо се дешава.
    Се знат, само не' толерират оти, како што имам речено... на Европскиот континент припаѓаме географски.
    Да бевме во Јужна Азија, Афика, Јужна Америка... имаше да не' нема досега.

    То е...
    Што смо јужнији, то смо тужнији...
     
    На Аргентина *, Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Ја па мислам обратно. Да си се јават државиве ко Австрија, Шведска, Германија што имаат потреба од работна сила, да ни направат анкета ко попис шо направија, кој сака да си оди од овде, па да си се спакуваме сите желни за што подалеку од овде, па тие што сакаат да останат и да ја спасуваат пропаднатава нека му ја мислат. Јас не би. Зошто овде ништо нема да се смени уште долги години. Прво нема со кој да ги смениме тие што не водат. Сите опции се исти. Здравство допрв нема да има ко што треба, зошто сите асални си отидоа по приватни клиники и по Германија. Една Струшка гинекологија што важеше за едни од најасалните во државава и работеше турбо, ја погребаа. 2 деца дневно не се раѓаат. Родилки во Охрид одат, што е во полоша состојба од Прилепска гинекологија, финансиски помоќните одат во Плодност, други до Скопје. Да се заакаш 160 км за да се породиш. Ќе почнеме уште малце по дома да си раѓаме, ко прабаба ми. И ти уште кажуваш без донации сме можеле, ок било да ни ги скинат. Ние вака сме отепани, така доотепани.
    Иначе општини како ќе поправат нешто, како градоначалнициве ќе лапнат парички плус? Ограничени се на 4 години, мора да дејствуваат за тој краток период, да си се обезбедат финасиски.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.