Во каква состојба би била Македонија без странската помош?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 27 март 2023.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.615
    Чекај, сакаш да кажеш реновираниот таван со донации паднал или како?:?:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    На вести кажаа дека таванот бил реновиран пред неколку години со донации. Таванот повреди девојче во тоалет.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.615
    (facepalm)
    Епа дека со донации. Да седне некој да го направи ко шо треба, немало да падне. Викаат на поклонет коњ не се гледале заби. Затоа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Ооххохо, и едно гинеколошко одделение од источна Македонија со странски донации го средија. Сега се сетив. Не велам дека ние можеме без донации, јас велам без странците ќе пропаднеме. Дури и премногу не тинтраат, а по социјални мрежи само пцовки и навреди читам за САД, Европа итн. Значи муабетот му е кај ни купуваат компјутери за во институции, кај канти за смет ни купуваат и противпожарни возила, тоалети ни реновираат, ни ставаат огради по школи, ние па уште силни западот нас лошо ни мислел, па ние тука јаките херои се маваме во гради, западот не користел. Дури и парите кои се заработуваат во странство, ја движат економијата овде. Ама треба странците малку остро со нас, оти и така сме несовесни и неодговорни. Западот ќе си врви и без нас, ние без него сме шупа. Утре да сакаат ќе ги вратат визите, ќе си увезат работници од земји како Ерменија, Грузија, Молдавија и чао, ние ќе трпиме.

    Затоа реков, ако народот ги пцуе и навредува западните земји, нека скратат парите кои се за Западен Балкан, нека оди тоа во други земји, сигурно има и народи кои се покултурни од нас, па нема донирана опрема да ја искршат од чист бес. Затоа реков така. Инаку, јас лично сум благодарна за странците за се што донираат. Повеќето гледам не се, се некои теории на заговор, па некои задни намери и не знам што. А не се прашале Македонциве дали некој Ханс од Берлин е среќен што Трајко од некое село добил пат со неговите пари.
     
    Последна измена: 29 март 2023
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    9.674
    Пол:
    Женски
    Па претежно Америка ова што го прави, ако сега нема корист, сигурно за во иднина си чува поени. Се е тоа политика, не дека многу не сакаат или се многу добри, се е тоа со задни намери. Еве пример влеговме во Нато и колку беше годишно тоа што требаше државава да го плаќа зошто е членка? А кутри војници ни шетаат со крпени униформи и искинати чизми. Мајка ми кога влезе во пензија му ја даде униформата на колега зошто шеташе со искинати кошули (ова за МВР).
    Не гледам некој бенефит ете да речеме од НАТО во случајов, а на Америка и одговара нејзиното присуство овде.
    Башка вака овие донации на комбиња, противпожарни возила, рачунај ги ко поени за нив демек еве хумани сме, уствари они старите возила ги донираат, секако мора да ги мафнат, дали кај нас или на друго место. Во цела Европа најстар возен парк имаме. Кој надвор од Балкан купува Корса или Поло 2000та година итоа за 2000 еур? Во Швајцарија се по 500 еур и никој не ги купува. Е така и со тие комбиња/камиони од 2008ма,они веќе не ги сметаат за добри, си набавува државата нови.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    'Кутри војници', се отепаа од фаќање врски за да служат во Афганистан преку НАТО и да има сега во Куманово цело маало згради шо се нарекуваат 'Афганистанки'.. како еден пример
     
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    9.674
    Пол:
    Женски
    А мислиш да им беа овде асални платите ќе одеа во Авганистан? Мајка си, знаеш дека ќе направиш се во твоја моќ да му обезбедиш на детето подобра иднина.
    Еве го брат ми, немаше лоша плата овде, ама за да не се тресат со снаа ми уште 30 години дали ќе се живи и здрави за да може да го исплатат станот до кај нивни 70 години, оди по бродови во странство, не се прибира дома вкупно 3 месеци во годината, само за да го исплати станбениот побрзо. А не е војник. Така да, кој има шанса за повеќе пари, ја користи, не е дека само војниците нешто искористиле. Башка извини, ама налет такво искористување со главата во торба. Да земаа овде ко што земаат плата по другиве држави, дали 2ца ќе имаше таму наши.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Не ги окривив, само ти кажувам дека имаше и бенефит од членувањето во НАТО
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.615
    Само што луѓето одеа во Авганистан пред членството во Нато:!:.
     
    На Mnik и Ordinary им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Бевме аутсорсер во НАТО, само чекавме народот да прифати и да се официјализира.

    *Мислиш НАТО плаќа војници од држава која не му е подлизурко?
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.615
    Приватни платеници од сите земји, обединете се.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Што и да кажете, тој Авганистан им го промени животот на луѓето. Знам семејства каде и двајцата работеле во Македонија, ама па платите или се мали или ги фати оној период кога платите доцнеа со месеци. Траорно. Одат на работа, имаат сметки за плаќање, деца за чување, а плата не земале 3 месеци. За без пари одеа на работа, оти и така немаше фирма каде би направиле трансфер. Тоа се можностите на македонските фирми. Потоа отидоа во Авганистан, тоест едниот од сопружниците, работа во перални, во бази кај што се Американците, плати по неколку илјади долари. Таму во база имаш што ти треба, надвор не излегуваш, не трошиш, чисти пари си земаш, а авионски билет ти плаќаат Американците и плус имаа месец дена одмор годишно, така нешто, ама имаа одмор. Може да бил и 5 недели одморот, не ме фаќајте за збор. Од сиромашни станаа господа. Си купија станови, се откачија од живот во заедници, автомобили на ново, викендици, одмори, патувања. Кога со македонска плата ќе отидеа на одмор во Мексико, Маурициус, Индонезија? Кога со македонска плата ќе купеа станови на море во Грција, Албанија, Црна Гора? Никогаш. Сега сите што работеа по базите тужат за оштети и си добија некои и по 200.000 евра, за што си имаше потврда од правни лица во медиумите. Нова тура станови, и тоа по 100, 120 квадрати, а некои и децата ќе си ги школуваат на Запад со тие пари. И слепци како нас без денар во џеб имаш колку сакаш по светот. Трајче што знае да врзе две жици струја и што се што стекнал во животот му е благодарение на Авганистан, сигурно денес седи пред ТВ и пцуе по „лошите Западњаци“. За споредба, знам група македонски градежници, отидоа во Русија на работа. Кога завршил ангажманот, ни пари, ни бутур. Вртеа дома во паника, да им пуштат пари некако, да средат преку банки, да имаат со што да се вратат назад. Среќа па некој Турчин таму им помогнал, ги превезол до кај можел гратис.
     
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    Ич не си модерна :D
    Французине, милиони на улици Калинка ја пеат,ти уште со НАТО се расправаш :D

    https://m.facebook.com/story.php?st...Gz1OIN3z4o6TSSK10b8EZjZA2HEvhWoOlaIMl2wy795ug
     
    На Heinz и Mnik им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Уште ли не сте во Мариупол? Не си во тек, во Франција народот измрзна зимава. Ама ништо не ти признавам дури не научиш руски и не се преселиш во Русија, па од Москва да ни докажеш колку е убав животот на Исток. Се другото е пропаганда.
     
    Последна измена: 30 март 2023
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Море и за без пари се работеше. Не знам дали ги памтите оние времиња кога потенцијални кандидати одеа на интервју и таму газдата вели „па да пробаме, прво на обука 2 месеци“. И тој го искористува човекот два месеци, па го брка, па нов кандидат уште 2 месеци. Дури знам дека и во ординации на медицински сестри им велеа да волонтираат 6 месеци. Одиш 6 месеци на работа, трошиш пари за пат до работа, за јадење, а не добиваш ништо. Чекаш после 7 месеци ако му текне да те вработи, да ти даде плата. Тоест не ти вработува, не си ни осигуран, туку да ти даде плата. И ние се маваме во гради сами ќе сме направеле нешто.
     
  16. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Тање-с*ање во нови сојузи против Москва хахахаххаххаха
    Знае Европа каде и се исплати да ги даде парите
    нема некој како тебе да прашаат
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Има еден куп донации од турската ТИКА во Македонија. Дојде време Македонци да донираат за Турција и Сирија после земјотресите и видовме снимки дека донирале дупнати, стари гаќи, свечени фустани, летни сандали на висока потпетица. И после Македонците зборуваат за нечие лицемерие.
     
  18. Ursi

    Ursi Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Не се способни ни една вело-патека да направат без помош.
    50892C57-540A-4556-BF7E-079CD52A7B1A.png
     
    На Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    2.610
    Пол:
    Женски
    Од денешна перспектива мислам дека можеби е подобро да остават да се давиме во сопствената каша.
    Вака, сите крадат од фондовите, си местат да одат во нивни раце наместо кон оние кои треба, направени се да бидат нефер и покрај регулациите од странство...

    Можеби не е помош ама ова е последен пример за недомакинсткото работење
    Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство (mia.mk)
    Ова е толку мизерно и за производителите и за нас како потрошувачи. Знам дека можеби ќе биде поскапо ама барем ќе оди пак во нашата економија наместо да се излева во странство, додека производите на македонските земјоделци скапуваат по складиштата.
     
    На Tanjamm и Mnik им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Нека продолжат да ги кинат парите. Нема зошто странци да ни купуваат мамографи, да ни даваат пари за промотивни видеа за туризам, кога јас гледам дека и нашинци и странци ја сликаа Самоиловата тврдина дека е затворена, одат до портата и назад. Не знам во кој ден се случило тоа, викенд или работен ден, ама се случува. ЕУ да почне да ги цени своите пари. Бев скоро во едно македонско туристичко гратче, градот си тоне во смет, мислиш дека комунално не постои воопшто. Која е логиката на такви апаши да им даваат пари?
     
    На Cvekarka и marchi-cool им се допаѓа ова.