Во каква состојба би била Македонија без странската помош?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 27 март 2023.

  1. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.912
    Допаѓања:
    16.910
    Пол:
    Машки
    Ти можиш да викаш ама никој нема да знај дека викаш.
    Пример: ЗАМИНАА ЊЕМАЧКА И СЕ ПРАВАТ ПОГОЛЕМИ ЊЕМИЦИ ОД САМИТЕ ЊЕМЦИ!

    Е вака е очигледно дека викам :!:
     
    На Biljarkata, Adidas888 и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.912
    Допаѓања:
    16.910
    Пол:
    Машки
    Ами така де едно две качи и се на Тања, кој ќе заврши работа ај Тањето, како таа да нема душа. :!:

    Затоа јас повеќе би рекол Тања терминаторка, неуморна е. :muscle:
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    13.974
    Пол:
    Женски
    На глава и се качи неподнослив е више аман. :x
    Не се издржува, ја исцрпи скроз па уште и не ја плаќа бе, ццц остана без долари срамота.:envy:

    Дека е неуморна, неуморна е, точно.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.874
    Допаѓања:
    129.753
    Пол:
    Женски
    А, бе, и да не е платена, претерува. :D
    За војнана игнорира што прави едната страна. Две страни војуваат и на двете им гине народ, а водачите не ги боли ај да не речам што.
    За кај нас, ај оди не зависи од парите на странците со вакви влади ем коркачи, ем алчни за пари и моќ.
    Прифаќаат сè што им сервираат странците само за да седат на фотелјите и да крадат од народот. И нив не ги боли ај да не речам што кога народот плаче дека нема пари.
     
  5. Komita close

    Komita close Нов член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ti.da ne si zaljubena vo clenkata
     
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    Не постои никаква странска помош.
    Тоа се обврзнички фондови и кредити кои ти ги даваат а се враќаат т.е се исплаќаат на подолг временски период со камата или кажано, државата се заборчува кај големите светски банки (светска банка, ммф, еу банки, сад) од големите светски сили (во случајов нашава со западот кои демек ни се "партнери") или пример членка си на НАТО, ти велат ќе ви ја модернизираме Армијата а уствари им плаќаш нив, и потоа постанува државата борч за век и веков или поточно тие пари ги враќале нашите предци, ги враќаат нашите родители, ќе ги враќаме ние, ќе ги враќаат нашите деца, па децата нивни и така се во круг векови и векови. Тоа е типичен глобализам каде стануваш измеќар на големите, оти не те бива, немаш сила, немаш производство и индустрија да му понудиш нешто на остатокот на светот па така да имаш јак монетарен фонд, валута.

    Странска помош е:
    - Кина ја реновира градска болница и донира медицински апарати
    - ЕУ и донира вакцини
    - САД и помогна во борба со криминалот
    - Русија и даде природен гас за зимскиот период итн.
     
    Последна измена: 3 октомври 2023
    На Amellie13, Billy Idol, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    13.974
    Пол:
    Женски
    Oh yeah! :l: Нели се приметува?
    Туку што дојде ти? :^)
    Не туку ми љубомори, моја си е, не ти ја давам. :$
    Шефот да не си? :?:
    Е сеа осеќам ќе бидне големата ако стварно си шефот.
    Ќе има тепачка, подготвен си шефе?
    Клинтон ти си, те познав.

    Штом не ја исплаќаш, ќе ти откаже љубов и нема да те трпи веќе, да знаеш.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.903
    Вчера на вести имаше за загадениот воздух во Струмица. Имало проект на УНДП, пари се обезбедени за почист воздух. А чист ли е воздухот? Не, позагаден од било кога. Донација е ова, не е заем, оти УНДП не е ММФ, Светска банка, Европска банка итн. И крајно нема што да се зајмиме од ММФ и не знам кој, плаќаме даноци и треба како граѓани да си бараме отчет, а не да плаќаме и даноци и долгови. Фала богу дека ММФ не е Црвен Крст.

    Па ние имаме здрави, прави и мрзливи луѓе што земаат социјална помош со децении. Собери ги, пошумувај 3 пати годишно, пушти гратис превоз и ете ти чист воздух. За споредба Куманово откако има бесплатен јавен превоз, воздухот е ниско загаден. Се чувствува тоа и без да проверуваш податоци од мерни станици. Нема главоболки после шетање надвор во зима, нема печење на очи итн.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Друштво здраво да ли може некој да ми помогне околку отварање акаунт т.е покренување кампања за донација на na Go foundeme платформата...од мк не може знаеме. Ми треба особа од странство , Гееманија ,Америка итн која би ја покренала кампањата...Можеби постов не е за тука ,ама ако некој знае нека пише и нека даде насока кај да пребарам инфо на ова тема. Благодарам однапред.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.903
    Споменикот на слободата во Кочани, се работи за оној голем мозаик, го реновирала американската амбасада со 250.000 евра. Сега гледав на вести. Нели беа „џган“ според форумџииве овие? Добро, а општината до кое дереџе е ако нема еден споменик да реновира и народот на кое дереџе е кога чека американски даночни обрзници да му плаќаат за да реновира споменици? Што фајде има некој во Њујорк што парите му завршиле во некое си македонско гратче за кое не ни чул? Не знаат со кого фатиле работа, нашиве политичари покрадоа милиони, ама Американци ќе им даваат за споменици. Која мизерија.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.912
    Допаѓања:
    16.910
    Пол:
    Машки
    Кога има толку пари да се украдат во државава и после толку години ништење ете како во Рек последно има и за споменик реновирање, но...

    Инаку аман на толку крадење туѓа нафта нека фрлат некое доларче и ваму Американците не ги жали по толку, плус тие фрлаат за еве вака да ги пофалат колку се добри и поштени :)
     
    Последна измена: 12 декември 2024
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.874
    Допаѓања:
    129.753
    Пол:
    Женски
    А, Американците (власт и организации) демек многу чесни се. |(
    Кога они ги маткаат парите на нивните граѓани кои се прашуваат каде им одат, најлесен изговор им е да кажат дека „помагаат“ на сирота држава. :rofl:
     
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.186
    Допаѓања:
    56.881
    Пол:
    Женски
    САД, кои што со парите на своите граѓани финансираат војни од кои и ние имаме лоши последици, реновирале споменик во Македонија и ние као треба благодарни да им сме. Ќе речев уште не се научија некои дека ништо не се прави на добра волја од нивна страна, ама крај краева знам дека мора да се шири пропагандата за :cash:, без разлика дали веруваш во тоа што го пишуваш или не.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.954
    Пол:
    Машки
    Милион проекти има кои се завршени благодарение на странски пари. Дали се тоа болнички возила, објекти, помош за училишта и уште мал милион работи. Не лупетајте залудно против некојси запад кој ви е зацртан како некое страшило, кога без истиот Македонија ќе е и подолу од тоа што е. Кај шуто, па и боде.
     
    На Mumoftwo30, Adidas888, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Кои се тие проекти и колку е донирано годишно?

    Ние само за овие војниве џипчиња се истресовме 210 милиони во 2021, па ја чекавме доставата, со години ни ја каснеа. Со овие ни од терористи како тие во Куманово не можеме да се одбраниме, а да не споредуваме со 2001.

    Порачавме и хеликоптерчиња од Италија и уште многу друга опрема од САД која е тотално безвеза и ни ја уназадува целата армија.
    Целиот проект кој трае од 2019 до 2028 е во билиони.

    Имавме многу подобро и поефикасно оружје, за кое дадовме еден тон пари во минатото, највеќе во 2001. Ама по притисок моравме да ги донираме сите Т72 тенкови, авионите, Ми28 хеликоптерите, ПВО-то, муниција и оружје.
    Ја оставивме АРМ само со донираните чизми. Ловно друштво може да не освои.

    Е сега земи пресметајте со Тања колку амбулантни возила и споменици може да се купат за 210 милиони.

    Ја не знам, ама ќе ти кажам дека клиничкиот центар во Штип е околу 30 милиони и треба да опслужи 200 000 луѓе. Или цел исток.

    Значи со парите за џипчињата можеме да изградиме 7 такви клинички центри кои може да опслужат 1.4 милиони. Што значи не само Македонија, туку можеме цел "Западен Балкан" да го покриеме со клиники.
     
    На Mrs. right, Amellie13, Bratot и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.903
    210 милиони се ништо пари, буџетот е над 6 милијарди, капка во море од наши пари, за странците тоа е трошче, незначително. Тоа е како да одиш во пекара, бараш пола од осмина бурек и се мислиш дека бизнисот цвета поради тебе како муштерија. Лани Италија имала 150 милијарди евра буџет, мислам што се нашите пари? Не им ги даваме донација, за оружје се. Чекајте сега, и воена опрема ли треба да ни донира некој за армијата и комплет да не опреми? Каде го има тоа? Тие што се дојдени на тоа дереџе не се држави, се територии и немаат армија. Италијанските хеликоптери не чинеле, па дај ако не армија на земја членка на НАТО, нека оди без чорапи, чизми, гаќи, и нека носи стапови, копја, секири. И Вучиќ плати оружје и го чека дури следната година, што е некој Македонец поарен од некој Србин, па сега преку ред демек и оружје да земе побрзо? Нема побрзо, ако не ти чини не земај, седи и спреми куп камења за армијата. За споредба јас од катастар чекав еден документ една година, што треба да го направат за 5 дена, ваму па фрапирани оружје се чекало. Да де, ништо не се чека демек во Македонија, па како сега оружје ќе се чекало.

    Се чудите кредит кога се земало, требало да се врати? Па нормално, да не дека сме Македонци некој повластен треман треба да имаме? Се чудите воена опрема зошто требала да се плати? Па тоа не е канта пазар за половни работи, нормално дека треба да се плати. Ние никогаш не сме имале саглам оружје и јака армија и наш секогаш можело да не освои ловно друштво, тоа е инаку муабет од Шешељ, негов авторски муабет е тоа.

    Да, ем шуто ем се боде. Освен пропаганда друг збор мислам не знаете, и тој збор ви е изговор да признаете дека државава не може ни едно спомениче сама да реновира. Се образувате во школи што ги реновираат туѓи државјани, одите во болници каде ЕХО апарат дале странци, ама нема кој да направи преглед, се возите по пат што ЕУ ви го реновирало, ви даваат амбулантни возила од странство, фасади на музеи во прават странци, ископувања на локалитети се прават со пари што ги дале странците, еве пријателка арлехолог одеше во кратовско да копаат, дневница им даваа странци и со нив работеа исто(дискутабилно колку се стручни штом ископуваат заедно со нив, можеби и не се, не знам), да го ископаат локалитетот, и да, кога ќе тврдиш дека ова не се случило, шириш пропаганда, тоест измислуваш, не за пари, од личен инает, од неинформираност, од немање доблест да се признае дека пари немаме, сиромашни сме, со знаење исто сме многу тенки, со трудољубивост исто, па згора на тоа и заземање на некој став, демек јас што знам, никој во свет не знае, ааауу, јас тајната на светот ја имам откриено. Ауауау. На пример поим немате дека во еден град во источна во здравствен дом странци им дадоа пари за гинеколошка опрема, жими еден гинеколог имаа, може отишол во пензија, нема кај да се породат во 2024 година. Што ќар има бе тој некој Јапонец на пример што во тоа гратче жените ќе има кај да се прегледаат.

    На крајот на краиштата што има некој во Невада да плаќа даноци, па да ти дава ти да реновираш споменик во Кочани? Нека ти падне, штом немаш свест за културното наследство. Кој е тој скриен интерес, дај откријте го, да знам што западњак добива кога на Македонец ќе му поправи споменик?

    Ако можело да се купат амбуланти возила, ќе ги купеле досега, ама им се краде бре, и фрлаат вина на други, а не да ти викаат во брза помош, ааа, чекај, отиде возилото во друго село, да се врати, па ќе дојде кај вас, и за тоа време, можеш да умреш. Ова не е пропаганда, ова е чиста вистина. Исто има денови, празници, одат само на итни случаеви, сообраќајни, тешки случаи, другото донеси си пациент, ако не што ти даде Господ, и народ што вака тера, замисли кажува за другите какви биле.

    И ај отворете една тема, каде ние сме дале, донирале, помогнале, експертиза да сме позајмиле, некого да сме обучиле за нешто.

    Во Македонија термин за еден преглед се чека по 5-6 месеци, ама зачудени како оружје од Италија се чекало, замисли, се чекало. Шок и неверување.
     
    Последна измена: 12 декември 2024
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    210 милиони се ништо пари, ама спомениче во Кочани е многу пари и треба да сме благодарни за таква огромна хумана донација од големите хуманисти. :D

    Битно за клиничкиот во Штип нема пари. Сите рокови ги сруши и уште не е направен оти 30 милиони се многу пари. Колку само животи ќе спасеше во Короната, и колку млади лекари ќе останеа во државава ако се направеше до сега. Топ 10 сме во свет по смртни случаи тој период.

    Ама не, ние не чиниме оти не сме благодарни на дониран ехо апарат, а ќутиме кога крадат странците билиони од Македонија. :)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.954
    Пол:
    Машки
    Не се согласувам дека 210 милиони се „ништо пари“, АМА тоа доаѓа од некој друг мој личен став за војската, особено па кога станува збор за други држави и нивните трошоци за војската и воена опрема. Не е он-топик.

    И да, толкава сума, 210 милиони ни нема донирано никој до сега (како што знам), а притоа ни ние не сме донирале 210 милиони, купопродажба е.

    Сепак, како прво е себично, второ неблагодарно да се потценува помошта од странство што ја добиваме. Не знам кај вас во Скопје како е, најверојатно градот располага со 50х повеќе средства па не е потребна финансиска помош, во помалите градови има безброј проекти што се завршени со помош на странски фондови, си има и табличка означено и све. Ама џабе, народов ќе е секогаш анти запад, не знам зошто воопшто помагаат тие лудаци, макар и со малку пари.

    А можеби делумно е проблем створен и од нашите политичари кои не приоритизираат потреби и гледаат да се обогатат чим седнат на повисока позиција, па примаат донации, макар и „мали“? Не знам, не сам школовала. :D
     
    На Tanjamm и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.944
    Пол:
    Женски
    И така од таа странска помош, нашиве половината ќе ја украдат :rofl:.
    Или ќе ја препродадат. :rofl:


    Знаете шо се замислив? :D
    Нели секоја година за нова година, се ист муабет се врти на вестите, толку и толку пари ќе бидат дадени за украсување на градот/ градовите.
    Ами кај се украсите од лани и полани? :rofl:
    Као секоја година ново се купува, а секоја година се става истото и уште побетер е. :rofl:
     
    На Cutiepie1, Selena01, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.954
    Пол:
    Машки
    Мислам дека не е баш така, многу построго регулирани се малкуте пари од донации отколку државните пари, за жал.
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.