Прво кога ги прочитав посакав да бидеме "возрасни", ама дефинитивно сме "деца во шума". И супер ни е така!
Деца во шума Во оваа врска парот дели сè, од мислењата до хобито. Овој тип на врска е чест кај луѓето кои се чувствуваат несигурно. Понекогаш се толку усмерени еден кон друг што е тешко да се ѕирне во нивниот свет. Се' е точно освен подвлеченото, тој воопшто не е несигурен, јас можеби малку.. но не го покажувам тоа.
Идол и обожавател Во овој однос сè е црно и бело. Едниот партнер е „прекрасен“, а другиот го обожува. Во ваквата врска нема место за развој.
Хаа, пааа има периоди кога сме од сите групи по малку, а има и такви периоди кога опфаќаме и само неколку групи или една од нив. А па има дури и такви периоди кога не спаѓаме во ниедна од наведените групи. Ние сме многу променливи.... какви сме многу зависи од ситуација, расоложение, време, место..... Сепак, сметам дека врска, било која, не може да се сведе целосно само на една група, зашто врската и не е воопшто едноставно нешто па толку лесно да се класифицира.
Возрасни Мислам дека тука најмногу не пронаѓам, иако нема баш конкретна дефиниција, а делумно некад се понашам како дете и цело време ме тинтра и ме советува небаре ми е родител.. хехех
Ловец и плен како сите мои досегашни врски за жал. Спојлер Имате 3 секунди да погодите кој е најчесто ловецот