1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување на партиска основа

Дискусија во 'Политика и настани' започната од LivingGlam, 28 септември 2015.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Во врска со вработувањата во администрација на партиска основа. Лично за мене, револтот не е поради завидливост, туку баш поради тоа што така функционира системот а немаме храброст да го смениме. Како индивидуа, се борам со тоа што не подлегнувам на притисок за вработување. Се снајдов и сама... после долга и не баш пријатна борба, добро ми е во моментов. Ич не им завидувам на вработените во администрација. Не значи дека ќе замижам пред реалноста и неправдата. Едноставно не е праведно на тој начин да функционира државата. Пропаѓаме се’ подолу и подолу баш поради тие партиски вработувања, без разлика дали се од ВМРО или СДСМ или кој било друг.

    Тоа е најголемото зло овде и никаде не одиме ако не застанеме против тој начин. За жал, на младите веднаш им се руши идеализмот кога ќе видат дека мали се шансите без книшка. Истиов муабет сме го правеле со години на факултет со колегите. Погоди што: повеќе од половина се веќе на државни позиции и не’ трујат со постови од курир и исти статуси и коментари. И на кафе не можеш да седнеш. Нити ги прашувам нешто за партијата и политиката нити ги провоцирам, сами почнуваат да ме убедуваат дека не сум патриот. Сум сведочела многу лични револуции, за жал не во добра насока. Од нормални луѓе со став, се претвораат во безлични суштества што само знаат да повторуваат и чекаат некој друг да им каже што е правилно пред да дадат свој коментар.

    Не знам како може да не ве боли тоа и едноставно се помирувате. Убаво рече членката во темата со избришани мислења - овде очи си вадиме затоа што така не’ мести некој друг, кому воопшто не му е гајле за нас обичните се’ додека му даваме шанса за фотелја. И не’ подлажуваат со 'можности'. Ние тука се навредуваме а ништо не сме спремни да смениме. Се вртиме во круг и нема надеж ова некогаш да мрдне од мртва точка. Заспавме луѓе, заспавме!
     
    На Mikha4, raww, SV1911 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.419
    Пол:
    Женски
    Ко што јас зборам за поединци така и ти збори. Ако имав врски сега немаше да работам кај налудничав газда туку ќе работев уште во општина. Отвори си фирма имај одврзани раце да вработуваш па да те видам дали ќе вработиш некој со искуство или некој со курсеви за ниво на светлост и контраст во просторот ;)
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ај, да не идам во СДК, а да се приклучам во возот. :nod:

    Пред година дена, со колешка/другарка, се најдовме уз муабет со угледен господин, директор или раководител на не знам што...мрсничок таков, со златни прстени по рацете, инаку пријател на внук на мој тетин. Мање битно...
    Ни правеше бош муабети околу факултетот - што сме, како сме, па му спомнавме и дека тргаме на пракса. Пошто се бараа податоци, не ме земајте 100% за збор, но добар процент сум сигурна дека стануваше збор за „11ти октомври“ училиштето, каде директорка е оваа Костадинова, што ја разрешија пред некој ден. Ако некој знае мажот ѝ да е ко погоре, ваљда ќе познае по описот дали се тие. Во спротивно, ај аполоџајз.
    Најдете ги, слободно пријавете ги...мада, за жал, доцна е за да би имало полза.
    Како и да е, типов (инаку работното време го минува во ресторанот кај што седевме и ние) веднаш се испофали како жена му е директорка и дека без проблем би не примила на пракса таму.
    Кул, ако ни е потребно, си викаме.
    После следеше: Кажете ако треба, ќе средам веднаш, па ако сте добри, ќе си извадите книшка и ќе ве оставиме таму.
    Не знам, можно е и претходно да го имам спомнато ова. Така ми иде...
    Потоа ја гњавеше другаркава за штаб некој што имало во нејзино маало, па дали го познавала овој, па оној, па кај работеле, дали ги гледала да се активни...мизерија.

    Драги мои, не секој стигнал до работа со книшка и/или напучен газ...ама пак се премногу оние што стигнале така.
    И идиотски е да ти кажат дека си наводно преквалификуван (читај: немаш книшка, си го цениш знаењето за дневница, итн.), а квалификуваниот што ќе го нацртаат на позицијата, да има ден школо и да не знае еден обичен Excel документ да среди без да се посере, пардон мај френч, на полињата...и ја добива дневницата која тебе ти рекле дека не би биле во можност да ти ја исплаќаат. (facepalm)
    А, му читаш од фацата и изгубениот осмех колку е глуп и безнадежен случај, ама приложил доказ за послушност или неговите му средиле. И?
    И како да не ти е криво?
    Како некои викаа по СДК да си гледаме наши работи, да сме пишувале за розови светови, кога немаме наши работи, а делиме CV-а ко флаери? Тоа Е наша работа - да бараме, да гледаме...фактите потоа сами влегуваат во очи и се фрустрирачки за секоја нормална индивидуа.
    Утре таа назначена личност ќе е онаа што ќе те враќа триста пати од шалтер пошто заборавила или не знае да ти ги наброи сите документи што ти ги треба. И животот може да ви го заебат поради таа неукост, далеку било.
    И истите што барате само китки и колачиња по темите, наместо озбилни дискусии, ќе се жалите по тоа фамозно СДК како тој на шалтерот е глуп. И истите тие не сте поразлични од тој на шалтерот, пошто овде лижете газови за еден лајк, а не па надвор за работа, а не сфаќате дека проблемот е што баш тие ко вас, кои потклекнуваат и се во фазон „Па што ако?“, се причината што дибеци земаат замав да поставуваат услови од фотељите.
     
    Последна измена: 28 септември 2015
    На Abrakadabra, Rama, WhiteOne и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @AngelOfArh Па искрено, еве штом прашуваш, би вработила некој што стекнал вештини и знаење надвор од држвата, отколку некој тука што бил на пракса. Не знам зошто на курсевите гледаш како на негативна работа или како на губење време. Може некој и да оди на пракса, па пак помалку да знае и да биде обучен од оној што одел на курс. А секој надреден при вработувањето би требало 1 или 3 месеци нововравотениот да го стави на пробен период за да види кој каков работник е.
    А особоено не би ги вработила тие што ќе ми ги најавуваат.
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, anel и 6 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.268
    Јас работам во ,,фирма,, каде што добри 85% се партиски вработени и тоа во последните 7 години.
    Немам ништо против луѓето.

    Секоја чест на исклучоците, но најголем процетод нив го оцрнуваат образот на тој што молел да се примат на работа.

    Прво, не прифаќаат секаква работа (а работата е со пенкало и компјутер)
    Второ, се инсистира да не им се води сметка кога доаѓаат на работа
    Трето,за нив не важи МОРА...освен ако ИМ СЕ САКА
    Четврто, на секое дофрлање на нивна сметка дека не си ја заработуваат платата одговорот е МИ СЕ МОЖЕ
    Петто, јавно си кажуваат кој лобирал за нив, а тоа е обавезно звучно име од светот на политиката а има и такви кои се закануваат со нив
    Шесто, не поднесуваат лошо да се збори за ,,нивната,, партија (немаат поим од парттија тие..чуле само за неа) па знаат и да ти го загрозат животот поради гледање попреку кога држат политички час за време на работа
    Седмо, дел од колегите кога има митинзи и разни собири не доаѓаат на работа и тоа отсуство е оправдано
    ...
    ...
    За нив ниту едно правило и ниту еден закон неважи.
    Не ми е јасно само едно...во последно време со нетрпеливост зборат за нивниот шеф (така го налекуваат лицето НГ)...ги малтретирал...

    Епа бате...кога ти даде леб да јадеш не збореше така за него..
     
    На CameliaMiller, mims-89, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @AngelOfArh можеш да кажеш дека си немала јаки врски, а не дека си немала воопшто врски.

    @Lilit го напиша истото што сакав да го пишам и јас во врска со твојот случај- многу добро се сеќавам дека имаше пишано дека си се вработила со врски преку твојот свекор.

    И не ти е прв пат вака да ги менуваш ставовите, чиниш мислиш дека тоа што си го пишувала претходно се брише или никој не го прочитал, не знам што да кажам навистина освен дека тоа не остава добар впечаток, барем кај мене.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    17.141
    @AngelOfArh во претходната тема гледам дека многу ги потценуваш тие врскички што си ги имала, ама верувај дека многу значат. Замисли да си сама на себе, да нема барем кој да те спомене .
    Искуството е битно да, ама ако не им дадеме некаква шанса на тазе дипломираните како ќе го стекнат тоа искуство?
    Некој што премногу сака да работи и да се усовршува , но нема врскичка и ќе талка не само до 30 туку и над.
     
    Последна измена: 28 септември 2015
    На Rama, cresa-jagoda, Emy867 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    This... мене ми е жал за ова. Не можам да ги обвинам кога знам дека повеќето се обврзани да го прават. Знам за случај што зема годишен одмор вo жижата пред избори затоа што мора да обавува значајни функции со списоци во штаб. Не е дека сака.
     
    На anel и referentka им се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    17.141
    Јас знам мајка што мораше да си го остави бебушот со 40 температура за да оди на митинг. И на таквите вработени не им е лесно, само што си го дале задникот под кирија и мора да трпат.
     
    На Rama, sparklie, mila89 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    322.268
    Се прашувам што ќе се случи со мене ако ненајавено не дојдам три дена на работа
    Јас реков веќе еднаш - никој на оглас и од што сме многу стручни не дошол на работа во такви институции, нормално е дека врски проработеле.
    Но кога си добил работа, седи си, работи си и чесно печали си го лебот.
    Партијата е денес, ама не и засекогаш твој грб.
    Денес се едни , утре се други....така ??
    Овие брате како на татко им да е институцијата, така се понашаат...
    Е затоа многу луѓе сакаат да се смени власта.Место да привлечат гласачи, тие постигнуваат контра ефект.
    Да ги видам без ,,тато,, без ,,бато,, ...како ќе опстанат на работа утре-задутре...кога ќе мора да стане и да биде во 8.30 на работа...
     
    На Abrakadabra, cresa-jagoda, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Страшното е што тие истите ќе те убедуваат дека се’ е супер во државава затоа што на власт се тие од нивната партија, само затоа што нашле работа што не ја ни сакаат. Не е во ред толкав процент од народот да е инволвиран во политика, со книшки со списоци со се’, едноставно не е. И кога ќе се побуниш ти велат дека си завидлив затоа што некој се снашол со труд, а ти не. :D
     
    На Abrakadabra, Rama, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Во врска со митинзите... ебате животот смешен, глувчешки. Од Штип во Охрид ги праќаат на митинг, цел ден се циганчат по пат со еден сендвич и потоа рано наутро одат на работа. Не, дека им се оди, ама кој ги прашува. Си ја продал душата на ѓаволот.

    За проблемот со партиското вработување имам да ви кажувам многу. Посебно не можам да го заборавм времето кога на мајка и вршеа притисок. Секако дека не можам да кажам ниту име на фирма, ниту име на човек. Колку и да сум храбра во кој систем ко од Кафка роман, не сум воопшто храбра. Баш да немало кому да му се обратиш.

    Се познава дека е криза зашто баш сите гледаат да си го спасат газот и сите си гледаат за себе, тивко со наведната глава. Крај краева ко што кажал Лоренс, телото пред умирање прво вошките го напуштаат.
     
    На Annath, cresa-jagoda, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Во државно е секогаш исто, која и партија да е на власт ќе си ги вработува своите. Али во приватни фирми со дефицитарни струки да вработуваат по партиска основа не можев да поверувам.

    Се додека не ги слушнав бомбите и како вработените во оваа фирма ги терале на избори да гласаат.
    Имаше оглас пред некоја година и одам и давам СV на секретарката, менаџерот беше нешто зафатен и ми вика ќе ти се јави тој и пред да си тргнам ми вика книшка имаш ли? Занемев. После некој ден дознав дека огласот бил за некој 33 годишен кој работел непријавен од 2009та и сеа дипломирал па да го пријавеле.
    После еден месец нов оглас, единствен сум на завод невработен со оваа струка. Ја пратив стрина ми која шо е директорка на една установа во градот. Пак истото и го рекол, ако нема книшка досеа извадено не можам да го вработам, не е од нашите. И вработиле некој од дисперзирани што ни пракса има видено у животот, ни пак знае нешто од називот на работното место. Ниту пак има учено некој предмет барем сличен со тоа што го бараат.

    После 3-4 месеци нов оглас, дојдовме до број од заменик менаџерот, кој ни даде број од правникот да сме се јавеле и кажеме кој не упатил кај него. Муабетот заврши да сум пуштел СV на мејл. И нормално глеам сеа вработиле една помала колешка, нема уште завршено, али вчера ја видов на слики тагната како преку умс чисти знаци и дава летоци не за абортус.
    И кој ќе го провери дали има непријавена работничка? Никој.
     
    На Olgica.bu, Rama, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Хахахаха ова е виц богами :D
    По некоја случајност ако сме биле иста струка додека барав работа, ти си знаела каде бараат вработени, а ја ќе го видам огласот на avrm,gov.mk кога некој што знаел дека им требаат вработени веќе работи :D
     
    На Bender Rodriguez, Nausicaa, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не само партишка книшка, не, не. Туку и поддршка од месен комитет, да потпише тамошниот претседател дека не само што си член, туку и си трчал за партија, си се појавувал на митинзи, си одел по куќи, си лепел плакати или што ти знам јас. Ама дури и тогаш не е сигурно дали ќе те стават на фамозниот список. Чекај, можеби ќе треба да си платиш. И ве молам не ми кажувајте дека тоа се само муабети, лично познавам луѓе што си платиле за да ги вработат и не го кријат тоа. Нивната пресметка е дека сега ќе фрлат неколку илјади евра, ама ќе ги вратат за некое време од плата, а сепак, во државна администрација се. Сигурно работно место. Некој спомна пријавување корупција? Е има и такви што пријавиле, па после сто пати се покајале. Да ми простите на изразот, ама во уште поголеми гом*а пропаднале. Не само што никој не ги чепнал ниту ги казнил дотичните, туку овие што пријавиле можат да се збогуваат со секој оглас за во државна администрација.
    Ви ја прочитав цела дискусија од СДК и искрено некои членови ми се бетер од Сител.
     
    На Bridget, mims-89, 2036 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Многу депресивно изгледа темава. Изгледа се’ уште не ја виделе тие од таборот, па да дојдат да не’ убедуваат колку ни е добро тука и како се’ си функционира беспрекорно, само треба да пријавиме... :D
     
    На Bridget, cresa-jagoda, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.058
    Допаѓања:
    17.141
    Ние треба да пријавиме кај нив доколку познаваме таков случај, со име презиме со све, да превземат мерки у партија хахаха Кој виц.
     
    На cresa-jagoda, anel и galapce им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Јас сеуште не разбирам која е таа себичност и учење во животот за да си го задржиш работното место од 9 илјади плата ќе дозволиш криминалци да уништуваат туѓи животи и да прават што сакаат.
     
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Надвор од фактот дека врската е партиска, во мала земја, со многу малку народ, каде секој некого познава, не е толку чудно да некој стигнува на работно место оти е препорачан од некој познат. Значи вработување оти некој од двајцата кандидати е познат, па и да не знае нешто, ќе се научи нели. А ти сине чив си?

    Чекајте да си ја симнам круната од главата да не ми падне. Последната понуда за работа што ја добив беше од фирмата каде последно напуштив. Пред да ставаат оглас, ми понудија прва да одбијам. Ете, врски, во белосветска земја и белосветска фирма. Не дека сум најдобра, има таму по светот милион кадарни. Си играм keepy uppy со крунава сега. Ама ме познаваат, ме знаат, сум ја работила кај нив цела декада, ќе се прилагодам на некои нови работи за недела дена максимум, не ми треба посебно тренирање, и нема потреба некој да ми ја надгледува работата како тоа би било потребно за некој нов, додека се докаже одговорен, потполно ја разбира работата, за да не направаи утка( нели, да го пазиш да не ја мие веце школката со истиот сунѓер наменет за лавабото :P)

    Темата СДК се разгоре поради малку така поголема работа од тоа, дали имаш некој да те препорача, па и поттурне така. Партиски, и врапчињата знаат како стои работа со такво вработување и многу важно, со зачувување на тоа работно место, а се чу и во фамозните разговори, каде се чу и дека избирачки список не значи колку луѓе ќе гласаат, туку броење на кој за кого мора да гласа и колку ќе доведе од фамилија да гласаат. Се знаат наредбите, па иди ти жали се, поточно пријави ги кај... кај Господ, веројатно. Ама не, така никој овде на форумов нема да дојде и да каже, оти нели, сепак овде на форумот е само соберена најдобрата, најквалификувана, најначитаната, најискусната и така нај нај нај раја.(нај зборовите се пишуваат одделно или заедно?). Врските се за други таму некои си.
     
    На anel и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Препорака е друга работа, и на секој пазар за вработување функционира како фактор. Ама препораката се базира на компетентност. Никој нема да те препорача ако не вредиш, на тој начин би си ја уништил сопствената репутација и бизнис врска. Ти @imelda како препорачана, имаш одговорност да го оправдаш тој што се заложил за тебе.

    Овде се работи за врски и нефер конкуренција, не за препораки кои не обврзуваат никого да те вработи и за кои не мора да венееш по штабови.
     
    На Annath, cresa-jagoda, anel и 9 други им се допаѓа ова.