1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вработување на партиска основа

Дискусија во 'Политика и настани' започната од LivingGlam, 28 септември 2015.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Малку ќе излеземе од темата, ама цел проблем почнува од раното образование. Премногу е општо и безлично. Не’ терале да учиме датуми и лекции на памет без да ни претстават слика. Како дете имаш некој единствен потенцијал што те дели од другите. Ако те насочат кон тоа да го реализираш, нема да има многу големи промени во соништата. Ама те ставаат во калап. Мораш да учиш исти лекции како сите, мерен си со истите правила и ги решаваш истите тестови. Сите те учат како да паметиш информации, никој не те учи како да размислуваш и да се пронајдеш себеси. Се слагам со @blueberry93, не се промовира знаење во вистинска смисла на зборот.

    Нема флексибилност и индивидуалност. Па сега со новите учебници и пропаганда, и родители врзани за партија, за децата следи уште полоша иднина. Повеќе од половина нема да се здобијат со основна писменост. Супер ќе се вклопат во идеалот 'државно си е државно'. Оди на факултет, само заврши го и ќе те пикнеме преку штаб.

    @Ginger^ точно е тоа дека се менуваат интересите со тек на време. Ама не сме општество во кое едноставно можеш да се преквалификуваш. Сепак треба да се даде насока пред да почнеш да студираш.

    Спомнавте приватен бизнис. Ако немаш добар почетен капитал, отиде тој сон. Пробав, видов, искусив. Не е воопшто лесно како на рекламите.

    @blueberry93 уште еднаш ќе те спомнам. Добар е примерот со братучетките. Едната моден дизајн, другата се фокусира на деца со посебни потреби, третата италијански јазик. Студираат тоа што го сакаат, ама се во странство. Знаеме каква иднина би им следувала тука со истите тие професии. Ич не е ко на рекламите.

    Ова е огромен проблем. За да можеш да се грижиш за здравјето на синот да бидеш принуден да одиш во странство и да земеш книшка за да работиш тука. Подобра слика за реалноста, амин.
     
    Последна измена: 29 септември 2015
    На JuLleE, Gosh, anakonda88 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Затоа мојот сон да работам како социјален работник, остана само сон... И можеби некогаш реалност, ама не тука. За жал...
     
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @Ginger^ точно е тоа дека се менуваат интересите со тек на време. Ама не сме општество во кое едноставно можеш да се преквалификуваш. Сепак треба да се даде насока пред да почнеш да студираш.

    Во ред.:)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.379
    За студентите кои успеале да посетуваат курсеви и обуки во странство алал да им е. Бидејќи сите знаеме која борба е да успееш да добиеш работен договор и виза во еден МкДоналдс или да чистиш за време на летниот семестар.
    Дури и странство праксата на студентите се состои најчесто во диплење алишта или сервирање.

    Онаа вистинска пракса, каде работиш и учиш ретко кој германец може да си ја дозволи, секако доколку живее кај мама/тато, и они ги плаќаат сметките.

    Се сложувам со пишаното за вработувањата по партиска основа. Жалосно.
    Сепак верувам дека многу лица кои покрај интелигенцијата и знаењето имаат снаодливост/упорност/издржливост за среќа порано или подоцна го наоѓаат своето место и во приватниот сектор.
     
    На JuLleE, tessie и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.656
    Допаѓања:
    95.761
    Пол:
    Женски
    Многу сте смешни со тоа што вадите од нафталин мислења и ги формулирате како ви одговара, само тоа имам да кажам! Ти Лилит си ми влегла во мејл да видиш дали сум пратила CV некаде? Стрикно работам во фирма сестра на италјанската фирма која ја спомнуваш, за во Гранит, мад амислам Бетон беше, ти требаат врски исти ко за во администрација да се вработиш. Јас бре луѓе мои не сокрив дека сум се вработила со помош, можев да скријам, кој ме знае овде, ама не сокрив. Ама има врски и врски, моите не беа врски на кои за возврат требаше да им дремам по митинзи, да им плескам раце, да дремам во штабови и да се споделувам на фб што Груевски направил вчера на пладне, туку беа такви што ми кажаа бујрум имаш работа оди ако те бива ќе те викнат. И тоа од сите мои работни искуства беше со “врски“ а пред него сум имала 3 други и после него еве пак најдов работа, без врски никакви. Овде кај што работам газдата е познат по својот карактер и не идат да работат затоа што се дерел, епа јас научив да се контролирам кога се дере, научив да реагирам па затоа останав на работа и планирам да останам до крај а здравје и после породувањето и трудничкото да се вратам на работа. Не се фалам, само сакам да кажам дека има и такви кои кога ќе ја слушнат фирмата одбираат да не работат наместо да пробаат. Не е дека е идеално, не е лесно да најдеш работа, ама моја другарка се окози од барање вработена за во кетеринг, три жени и пратив не успеаа да се снајдат во работата, тешка била, многу било стоење на нозе или не биле они за куварки, па дома седат и од родителите бараат пари за храна за нивните деца, се жалат дека немаат работа и кукаат по државата. Паричката има две лица бре лепотици.
     
    На CameliaMiller, danichap, Binka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    го прашувам мој близок дали можи да ми помогне за вработување и тој ми вели а треба да си заслужиш прво во партија,па да волонтираш па можи тогаш ќе се вработиш.значи во македонија треба очигледно да заслужиш за да се вработеш.ете од такви не ни ја бива државата од газолижаци.(не сум партиски определена)
     
    На Olgica.bu и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Јас веќе се имам изјаснето во темата сдк и имам кажано дека околу мене течат такви далаверија и закани што просто јас сум вчудоневидена и запрепастена од нашава државна ситуација.

    Лично познавам многу луѓе кои оделе на печалба и дури си го ризикувале животот за да се вратат со куп евра и да го платат местото што и било "ветено" за купче пари. А притоа и даваа договори за неколку години и истите потоа ги распарчуваа за да на крај луѓето заврашуваа отпуштени и покрај сета мака и беа фрлани на улица.

    Тоа е фактот, за жал колку и да се залажуваме ова стана јавна тајна која сите ние одлично ја знаеме и се плашиме да ја признаеме.
    Тамошната влада не уништи до тој степен за да оние кои веќе работат се исцрпуваат и улизуваат до крајности, а оние кои не работат да си го тражат чарето и под дрво и под камен за да избегаат од голготава и никогаш да не се вратат.

    И за крај само да кажам дека и покрај тоа што сум во странство одамна и покрај тоа што уште од мали нозе не сум чула ниту видела "пара" и работа од Македонија, неможам сеуште да ги сватам "оние" кои упорно не притискаа мене и мојата фамилија да ни платат превоз да одиме да им гласаме, се прашувам побогу дали имаа воопшто осет, свест и малку човечност во себе за да се осудат воопшто на вакво нешто.

    И на крај секогаш останувам видно запрепастена од власта, немам коментар и збор со кој би опишала како ги дoживувам овие работи, ја почитувам Македонија (како парче земја), ги почитувам и блиските кои ми се во неа, а толку боли кога гледаш, слушаш, доживуваш која голгота не снајде.
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
    На CameliaMiller, JuLleE, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас искрено морам да ја пофалам сегашната партија на власт за нивната досетливот. Таа максимално ги искористи последиците од транзицијата и приватизацијата. Сите очајни луѓе, стечајци, нискообразовани ги прибра им даде леб на луѓето. Многу луѓе времиња што барале работа благодарение на оваа влада живот видоа и ако утре излезат на ТВ и кажат Македонија има толку и толку јавен долг нив ич нема да ги боли увце дека наредни 4-5 генерации ќе треба да го отплаќаат истиот и ќе се срамат и ќе ги колнат нивните предци за тоа „наследство“. Тие битно сега имаат леб да јадат. Е сега има луѓе што имаат гордост и достоинство и не се спремни да ги извршуваат обврските кои им ги налага партијата и преку мажачки, женачки, или надградување на образование си заминуваат од државава и не се враќаат веќе. Секој втор млад човек си ја гледа иднината надвор од оваа држава. Искрено бев прилично зачудена кога прилично активна активистка на партијата на власт мислам е и некаков советник иако пола фамилија си ја вработи во државно, сепак се подготвува да ја напушти земјава. Најбогатите активисти си ги пуштаат децата во странство да им се школуваат и живеат и после тие ќе ми зборуваат за патриотизам, најлесно е да си патриот кога не си во Македонија. Ама како ѝ да е секој си има право на избор, многу не бираат да го студираат тоа што сакаат туку тоа за кое нема да им треба партиска книшка, секој избор во секој случај си бара жртви.
     
    На theowndemon, Nausicaa и MilaP им се допаѓа ова.
  9. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на еден повозрасен Македонец со кој работевме заедно надвор од Македонија. Човекот во години, најверојатно треба да е пензионер, работеше по 12часа секој ден, непријавен, затоа што дал не знам колку илјади евра, да го вработи синот како полицаец, а истиот тој син се уште не е запишан на факултет, шета по кафичи, ќе се запишел откако ќе бил вработен. Уште зборуваше да го прател синот летото на одмор, ако се вработел од септември не ќе можел да оди на одмор. Не знам дали за овие работи ни е виновна државата или луѓето кои дозволија да дојдеме до ова. Мислам дека уште не е вработен син му, може ќе остане како еден од оние на кои им ветиле работа.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.053
    Веќе некаде пишував за моето искуство, ама мислам дека е ова посоодветна тема.
    Партиското вработување е глупо да збориме дали постои.
    Јавно е веќе.

    Јас работам работа што не знам ни сама како ја добив.

    Не сакав ни да аплицирам прво. Мајката на дм ме убеди.
    И си реков - ништо не ме кошта.
    Прашав кој е одговорен - тој и тој. И му се бапнав во канцеларија.
    Јас сакам да аплицирам за работа!
    Дотичниот чудно ме погледна, ваљда ненавикнат на вакви упади, ме изгледа и ми рече - оди во канцеларијата до мене и остави ги документите.
    Си реков, тоа е. Којзнае уште колку прости и безнадежни души како мене си носат документи.

    Не помина недела, ме викнаа на разговор.
    Најкраток во животот што сум го имала.
    Во салата имаше барем 15 души.. подголтнав. Паника.
    Дотичниот ми рече само: се што требаше да знаеме веќе е во CV, ајде претстави ни се вака, да видиме каква ти е комуникацијата. Јас... уште инфаркт да ме стрефеше.
    И си почнав.. по две минути, главниот во приказнава, почна да ме зеза за последното раб. место, сме контактирале а не сум знаела.

    Ми рекоа, оди си сега, во понеделник во 10 тука да бидеш.


    И така се почна.

    Немав никаква надеж, никаква.
    Бев волонтер, па договорец, влегов и во ова законов за трансформација.
    Иако работата не ми е по струка, зборувам на факултетското образование, по струка ми е во однос на средното образование.

    Не знам ни сама како ми успеа.

    Само едно нешто знам - за се, јас треба да се потрудам бар 10 пати повеќе од ова врскаџииве.
    Да работам повеќе од нив, да бидам поспособна од нив, да знам повеќе од нив.
    Не сакам да ја работам оваа работа. Си ја сакам професијата која со толку љубов ја учев.

    Ама немам врски за неа, тоа е.
    Надежта велат последна умира, а мора да се работи.

    И не ми е криво ич што некој мн. полесно добил работа или од старт знаел дека ќе ја добие, криво ми е што тие најчесто не знаат да го ценат тоа што го добиле.
    Ама и власта не е вечна, само они како да не го знаат тоа...
     
    На SexiLy и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    не е секогаш фер вработувањето на партиска основа бидејќи има некои кои се неписмени со 8 одделение влегуваат на работа, а немаат појма од животот а има школувани луѓе кои не ги примаат на работа бидејќи не биле од нивната партија
     
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Jas osven za partisko vrabotuvanje vo ovaa drzava za drug nacin ne poznavam !
     
    На JuLleE, SummerGirl, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    па изгледа и нема
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.263
    Искрено, најтрагично е што најнеписмените во оваа одржава ОБАВЕЗНО завршуваат факултет ( без навреда, ама 60/70 % од магистрите ) со сите салтанати, и баш тие и се вработуваат најбрзо и најлесно со врски. А оние останати 40 % у продавница работат за 8 илјади.

    И ова е вака затоа што кај нас треба да бидеш по глуп од предпоставениот, за да не можеш да му ја земеш работата. А и онака си завршил факултет ради реда, професијата не си ја сакаш, па барем пари да си земаш за да си го ашкаш. Само треба ти и цело твое поколение до трето колено да гласате за било кој идиот кој мпментално е на власт.

    Вие со факултет, барем имате шанса некад да се вработите тука, па ако не имате шанса во странство. Што да кажат таквите како мене кои се само со средно, кои не можеле да си дозволат да одат на факултет, а не се неспособни дебили ?! Немаш шанса ни тука, а за во странство само среќа ти треба, ништо друго...(facepalm)
     
    На JuLleE, Olgica.bu и galapce им се допаѓа ова.
  15. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    Не е баш така,во суштина во Македонија има 2 типа на луѓе,оние кои се борат за себеси со пикање во партии и успеваат,и оние кои со седат само на ушите и потоа виновни им се другите,што не успеале да се истакнат во општеството.

    *Модератор: преместена дискусија од Актуелни политички настани
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Можеш и без партија да успееш.
     
    На poppie, raww, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Со пикање по партии се истакнува само?
    Нисам знала.
     
    На raww и GDE DA IDEM им се допаѓа ова.
  18. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    И јас така мислев но не било така.И подобро што е вака со партија.Тие што симпатизираат партија одамна си фатија високи позиции во општеството,без разлика на образованието.А тие што беа без партиска поддршка сега работат на нива.
     
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Шо збораш. 8-|
    Како е подобро?
     
    На poppie, raww, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.481
    Пол:
    Женски
    Ако правилно и вешто ви работи јазикот,не ви треба партиски грб за да решите/поправите нешто.
     
    На poppie, SummerGirl, glosipgirl и 5 други им се допаѓа ова.