Јас како студент не бев определена за никој,потоа завршив дипломирав,и ме вработи партија,сега сум среќна учителка.Толку!!!И не сум единствена
Не си прајте на умо бајрам, денеска бев посматрач од партија, но никогаш не сум ги поддржувал ниту пак ги поддржав овие избори, сосем трети избрав, некои налево шо тераат. Нејсе муабетот ми беше наслушнав муабет.. *ах еве го овој инспектор во полиција со беше, шо го заебаја, сеа цајкан го вратија, па трча по партии за пак да го излажат некое време инспектор да биди* Момчето нема завршено ниту факултете за полиција, ниту пак конкурирал, ниту пак физички е спремен, а се сомневам дека и психички е со сите токму адекватен за таа позиција. Но, партијата и мајка му инспекторка... Колку повеќе се мешам со овој тип на луѓе, се повеќе се разочарувам од се..
Знам таков случај. Тетка ми и другарка нејзина учеја на педагошки, тетка ми порано заврши, таа подоцна, но неа ја вработија како наставничка, а тетка ми не. Погоди зошто!?
И сеа треба да и собираш гласови на партијата, да делиш пенкалца за да не те отпуштат? А, и да се молиш другите да не тепаат оти отказ нели.
Е, баш тоа што го зборувате дека без партија нема ништо, совршено беше прикажано на спотот од ДПМНЕ на аеродромот, како и' да се викаше. Со тие членски имаат преголемо зло направено, не забораваме.
Ниту тоа го правам ниту тоа,само учам деца,и заслужено и гордо сум учителка,дипломирав со просек 9,8.Работам работа која од секогаш ја сакав да ја работам,а тоа дали собирам пенкала,стила за партијата ќе соберам само еднаш во четири години,ама секој месец земам плата.
И татко ми е вработен како наставник, но не беше воопшто политички активен. Со години работеше приватно, не го ни гледав дома. Кога го вработија во училиштето, директорот му рекол дека треба да биде "политички активен", иако немаше друг дипломиран во таа област, тој одлучи барем малку да се појавува во штаб таму ваму. И сега после години, кога за тоа си разговараме, му имам кажано дека доколку се очекува од мене "некоја активност" очите нема да ми ги виде таа компанија, тој директор и сл. Едноставно ќе си се борам за работно место кадешто нема да ме уценуваат.
И јас мислев така.Но не секогаш,но среќна сум дека ја работам работата што сум ја сакала од секогаш,сведоци сме дека некој барал работа од партија со соодветното образование,но му дале некое сосема друго место.Сакам да кажам дека од аспект на образование не секогаш може партијата да ти помогне.
Има и луѓе со просек 10.00 со твојот факултет, ама не се партиски определени и испаѓа дека ти ја работиш нивната работа ради партија. Утре може да дојде и некој/а со просек 7.5, ама со поголеми партиски врски и ќе ти ја земе работата. Така идат тие работи
Тоа е една од највлијателните причини, зошто младите сакаат да си одат од тука, бидејќи дозволуваме политиката да биде дел од нашето секојдневие. Зошто да му се правдам на некој за кој гласам и за кого сум политички определена? Тоа треба да биде најнебитен фактор. Не може некој да ми вели дека сум христијанка а на пример јас да верувам во Алах. Сведоци сме дека млади успешни доктори си одат од тука, бидејќи некои си братучеди на директорот се примени на работа, мајка ми со просек кога дипломирала, кога била на разговор на интервју, за работното место и рекле само "касниш", веќе примивме "наш". И подоцна таа дознала дека тој имал "јаки врски". Се додека општеството ни е поделено партиски, а тоа многу се чувствува - нема да имаме можност сами да се изградиме како личности и нормално дека ќе очекуваат од нас да бидиме политички активни. Треба се почесто да се спротиставуваме на тој начин на вработување.
Ова не само што не е за фалење, туку е и кривично дело. Па уште без око да ви трепне кажувате дека сте криминалци. И после: Државата не чини
На форумов нема... ама има место каде што може. Нема вечно да трае ваквото однесување. Дали при-пејд, или пост-пејд, ќе 'платиме' секако. И поединечно секој, и како општество.
Нека не те чуди што младите бегаат во странство. Имам јас комшика која работи учителка во основно школо. Погоди како се вработи. За неа да ја пикнат избркаа друго девојче, нормално, поспособно од неа. Ама девојчето немаше партиска книшка.
Па така де. Ми се гади кога ќе видам кој се е вработен по школите. Со мене една на факултет, врска немаше, се вработила во средно училиште со книшка. Затоа не не бива.
Јас работев во градинка. Ама како волонтер. Не ти ни требаа врски за тоа. Знаеш што? Кога дојде ред да вработуваат побараа партиска книшка. Јас одбив и веќе наредниот ден не ме видоа. Да не почнам да пишувам какви негователки има по градинкиве. Доаѓаат на работа само да се прошетаат. А за учителките...јасно е како ден. Мора да го лижеш газот на партијата. Инаку, ќе те избркаат. Па ти ако сакаш имај и решение.