Пу, пу, пу, скраја да е. Ама ако не си ти, ќе да биде некој како тебе според последните случувања. Кој се стана педагог и просветител страв да го фати човек. Терај си свој филм, ама тоа не ја мени вистината.
Онаа професија која те прави среќна е достојна професија,само тоа го знам,а за недостојна не знам,бидејќи сами си ги избираме нешите животни професии.
Ако го работиш тоа што го сакаш супер , баш ми е мило , но сигурно тоа е во некоја приватна фирма кај што понекогаш не ги интересира партиската определба . Иначе не сум јас ни професорка ни учителка , имам завршено факултет што можам да се вработам само државно, (зборам за струката што имам завршено) а освен со книшка па и некоја паричка тоа не бидува, пак ќе пишам ЗА ЖАЛ
Абе имав и другар друг, стварно спремен, на исто место вежбавме, генерација сме, рече минатата година бев без партија и пари, не ме примија, оваа година сум со партија, и пари, ама и ги направи вежбите како што треба, па го примија него. Кај нас парите отвораат секакви порти и врати.
Зошто дозволувате малиов психо да ве трола? Имав скриншот дека уопште не е ни завршена. Не се сомневам дека е партиски лигуш, ама со партиски лигуш не се објаснуваш, се игнорира тоа...
Не разбирам зошто боли вистината,ако боли треба мене да ме боли...а не вас Јас во секој случај го добив заслуженото.Ви посакувам среќа и успех во иднина,да ве прати неверојатна среќа како мојата.Поздрав,убав ден!
Отсекогаш* учителке, и после запирка се остава празно место. Се срамам кога ги читам размислувањата на луѓе како тебе, дно.
Едно време барем им беше срам да кажат дека се партиски вработени. Сега тој факт дури и гордо го истакнуваат.
Што се чудиш? Затоа овде на фемина никој не пишува каде работи. Очигледно, срам им е. За разлика од нив, на мене никој нема да ми се се*е над глава да трчам за партијата. А ако покажеш непослушност, добиваш отказ. Така ти е тоа во нашата држава. Сите способни отидоа во странство.
За жал , повеќето вработувања се на партиска основа во државава . Јас сум строго против тоа , но не верувам дека ќе се смени нешто во иднина , баш напротив , уште полошо ќе биде .
А ова девојчево на 23 години што станала пратеник. Мислам со 0 работно и животно искуство освен преку врски како иначе би дошла до таква функција пратеник во собрание? Не викам дека не е амбициозна и вредна ама нејзиниот глас во собрание се вреднува исто како на професори, доктори на науки што реално дошле таму по заслуга а она е само студент.
Страшно и жално е на кое дереџе сме како држава . Јавна тајна е дека сите работни места се добиваат партиски . Кога за во еден бутик ти требаат " пријатели " да те бутнат .. што да кажам за државни институции .. тешко на нас што сме без работно искуство и без факултет , а не сакаме да се напикаме со пријатели и партија ..
Која е таа? Име, презиме? Од која партија? Инаку искрено поарно студентка некоја, може и дипломирана е, отколку оној скроз на скроз неписмениот Амди Бајрам со неговите глупости-Кока Кола, кафези, зајчиња, морковчиња, среден прст и што уште не.