Форумџика на годината

Вработување на партиска основа

Discussion in 'Политика и настани' started by LivingGlam, Sep 28, 2015.

  1. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,384
    Likes Received:
    1,828
    Каде во приватно во Македонија има напредок и покачување на плати па и солидни плати, досега ни чула ни видела. Во приватен сектор едвај чекат да скратат плата, од минималец до 20.000 највеќе се движи платата?
     
    Angie1432 and cresa-jagoda like this.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
    Зависи во кој сектор. Кај мене се случувало во годината 2 пати да качат. Даваат и бонуси, ама ако заслуживме како тим и над 20.000 денари се платите. И ова е лошо ако споредам дека пред 10 години кога бев почетник даваа повисока ставка при покачување, мобилни преку фирма, сметка платена од фирма до 800 денари, ова зборам пред 10 години, потоа почнаа и со други ваучери. И во приватен сектор има луѓе со плати од 40.000, само што на секој на чело не му пишува колку зема. Сешто има. За малите места да не правиме муабет, таму перспектива нема, работа нема, пари нема.
     
    cresa-jagoda and Amelia like this.
  3. Amelia

    Amelia Популарен член

    Joined:
    Sep 12, 2010
    Messages:
    2,384
    Likes Received:
    1,828
    Ако не е тајна во каков сектор работиш, која дејност, општ работник си или?
     
  4. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Joined:
    Dec 3, 2011
    Messages:
    1,959
    Likes Received:
    31,554
    Значи пак чим си се распрашала те упатил некој.
    Не можам јас во некоја си фирма сега без да знам, ај ќе прашувам па ќе ми се посреќи дека бараат работник па ќе ме примат.

    Ова е долга тема. Освен ниски плати и невработеност, партиски, пријателски вработувања, нефункционалност, цел систем во државата е причина за иселување и ќе биде се поголема.

    @Amelia ИТ сектор. Таму и високи плати земаат, можи да се кажи најголеми во мк.
    За други приватни фирми не знам.
     
    cresa-jagoda and Tanjamm like this.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Joined:
    Jan 16, 2014
    Messages:
    5,198
    Likes Received:
    27,455
    Има, во ИТ сектор највеќе.

    Толку ми е жал за жени во 50ти години со средно образование рмбаат за 15, 16.000. Им ја цицаат енергијата скроз, буквално до последен здив. Ама овие фабрики ќе функционираат уште 10 години макс. Млад веќе во фабрика е ептен реткост. И после ќе дојде некоја си госпожа од администрација и ќе изиграва некое лудило на шалтер Фуј бре :puke:
    Приватен, да. Ама со убави плати. Тие плати што ги даваат ги вадат газдите за два дена. Пребанално е.
    Државно, не. Некој да ме заебава само ради тоа што Грујо или Заев е на власт, no, thanks.
    Ова ќе си трае уште 20 години, после само пензионери ќе останат и децата на овие што се на државно за да ги наследат.
    Едит. И во приватно бараат врски, ама мислам не на партиска основа, туку на тоа кој си и чив си :)
     
    Tanjamm likes this.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,753
    Likes Received:
    6,768
    @Tanjamm Верувај ми дека требаат врски и за други места освен фирми. Еве, јас сум од Скопје, другарка ми се утепа од аплицирање кај стигне (во принцип бутици и продавници) и со месеци никој не и се јавуваше, и на крај и фатија врски за во еден бутик, да не го именувам кој е. Јас работев во приватна американска фирма, како агент во кол центар, и дури таму прво работела некоја девојка, па дошла нејзина другарка, па после вработуваат познаничка на вторава и тие се секогаш поомилени во очите на газдарицата.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
    Не можам да ти кажам. Не сум општ работник, ама не сум ни шефица.
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,418
    Gender:
    Female
    Јас знам каде.Знам фирма.
    Таква е природата на работата каде што платите флуктуираат.
    И има фирми кај што не смееш да кажеш чив си кој си, пошто баш лошо ќе бидеш третиран.Никој нема по гзот да ти оди, туку ремпере ќе те прават.Зборам инфо од прва рака
     
    Tanjamm likes this.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634


    Јас кога спомнав пример со десетки, тоа се однесуваше на следното: имам две роднини, една заврши факултет со десетки, а другава беше уникатна, едвај средно заврши оти од 10 предмети имаше 8 кецови. Денес оваа со кецовите е далеку поуспешна од другава. Првава со десетките кога ја сретнав со мајка и ми рекоа во една прилика "ти бе гајле си немаш пари си млатиш, а јас со десетки без работа седам". Џабе десетки без практично знаење. Отишла во мојта струка во една семејна фирма кај една лажга која не е лоша, ама закрпува кого ќе стигне, и 2 месеци џабе работеше, а можела да ме праша за фирмата, што е, како е, ќе и кажев. Другава со кецовите никад не би спуштила таков сељачки и низок коментар, оти е реализирана, успешна, средена, едноставно човек стана. Стои на свои нозе, секоја година два пати на море, средена, дома им помага. Втората е вредна и има емоционална интелигенција, знае на чија врата да чукне и процени дали трудот ќе вреди. Да напоменам, јас не сум бизнис или деловна жена, ниту сум кариеристка, ниту сум напредувала, туку само редовно ми качуваат плата и тоа е се. А тоа пак е мотив на некого несоница да му предизвикаш и куп сомнителни прашања, и да си навлечеш навреди.
     
    st-el and t.a.m. like this.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,992
    Likes Received:
    26,124
    Gender:
    Female
    Чест на исклучоци , ма да повеќе ги има другите ..
     
    Tanjamm likes this.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
    Баш така @CrazyGirl15. Ја примија со цел да и се помогне, од почит кон татко и кој дал свој придонес во општеството, а не беа партиски членови. Инаку за @deskarada еден пример и совет, иако можеби ќе и звучи смешно. Моја другарка кога дипломираше, си состави CV и отиде во дирекции на 5 фирми каде по струка може да се вработи. Печатено CV во папка и им остави. Можела по мејл, ама сметаше дека е посериозно да ја видат лично и да ги види лично, да остави контакт. Дали успеа? Не. Чекаше 3 години за работа. Ама ете некој во мал град може да се обиде и со праќање биографија по мејлови. На работа кај нас стигнаат повремено биографии, ама повеќето се несериозни, каде наведуваат дека знаат српски, хрватски, босански, бугарски јазик, или пак српско - хрватски. Едно девојче имаше пишано за награди кои во 5,6, одделение ги добивала на конкурси и натпревари. Значи тотални утки, а да е нешто фино, нема да помине така незабележано или да не го имаме в предвид.
     
  13. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Joined:
    Sep 21, 2020
    Messages:
    178
    Likes Received:
    283
    Gender:
    Female
    Здраво, дали некој влегол во државна администрација без врски?
     
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    1,758
    Likes Received:
    3,685
    Gender:
    Female
    Сериозна си со прашањево?
     
    Alessandr0 and Mantub like this.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Joined:
    May 9, 2011
    Messages:
    1,705
    Likes Received:
    6,355
    Во нашата земја за секоја работна позиција ти требаат врски. Дали партискии, финансиски, роднински, пријателски, на крај пак се врски. Тие што се без врски само тие си знаат низ што се поминале во животот. Од останатите ќе слушаш само колку се тоа 'успешни'. Најлошо е што и во странските фирми каде реално се вработува врз основа на тест, ќе се погоди некој кој ќе те прашува за прашањата што ти паднале на тестот за да те примат за да и ги даде на братучедата и слично. Што значи до народот е. Никогаш нема да не биде. Секој го бара полесниот начин за вработување. Малку се тие кои веруваат во своето знаење и не бараат врски. Секоја чест на тие исклучоци!
     
    Tanjamm and Аргентина * like this.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
    Еве јас сум ти една од тие кои сами се снашле, а сум ќерка на работник, градежник, врски немам, и имам пишувано низ што се сум поминала ( кога ќе видам дека мобингот за некого е смешен сфаќам дека нема ни ден работено во животот). Значи контрадикторни се дел од членките, од една страна велат ако се сака се се може, од друга страна се за независност и пази независни биле, ама за истите ова било труло општество и затоа не им одело, итн. Различни форми на мобинг има секаде, точно, од тоа ако работиш со пари, колешките да те наместат да испаднеш крадец или да те направат дека си некој што не знае математика, и да те шутнат за 2-3 дена. Една во лабораторија се плашеше дека ќе и заменат примероци со крв за анализа, со цел да ја шутнат. Но, на младите им фали трудољубивост, култура на однесување ( тоа можеш и на форум да видиш), и да купуваат знаење од колегите. Младите се дрски, а немаат знаење. И не е само да имаш поим, и знаење, туку и емоционална интелигенција, да знаеш да преговараш за плата, услови, да се вклопиш во средина, да знаеш кога да премолчиш, а кога да бидеш гласен. Сите практиканти кои ми дојдоа овие години, а не беа малку, првиот ден право ме прашуваа колку плата земам ( крајна некултура е ова ако одиме по некои правила за бон тон), па кога искрено ќе им кажев, се исмеваа со платата ( пази, платата не е мала, а нив никој не планира денар да им даде, оти немаат знаење, ама па тие мислат дека 500 евра плата во старт им следи). Секој ден доцнат, што е исто знак на неодговорност. Имаше една доцни цел час, па уште два часа пие кафе и пуши цигари, и дури кога е 12.30 часот прашува дали има нешто да сработи, а пази работното време е до 15 часот, и ако не го фатила денот од наутро готово е. Една дури си седна на биро пред компјутерот на шефицата, и оваа и вели „ееехх,убаво си го намести задникот пред моето лице“, мораше да ја „отрезни“ дека ако два - три дена доаѓа на пракса не е дома, и бирото не е кауч. Сите овие сигурно кажуваат „немам врски бе, кој ќе ме прими“. Да, до народот е. Точно, се слагам. Ама кога ќе видам некој од пуста сиромаштија избегал од село, а денес има 6 дуќани, вози мерцедес, сите го почитуваат, врти пари, си велам до среќата и до паметот е. Кога ќе видам некој отишол во Авганистан ( и за таму има серија критериуми, колку и да звучи дека примаат кого ќе стигнат), па купил стан за себе, за родители, изградил викендица на село, и купил стан во Грција или Албанија на море, си велам „браво, колку успешен човек“.

    И сите фирми кои се успешни и постојат по 10,15, 20 години на пазарот ( а сум била во многу од нив, сум видела каков однос имаат и колку се ниво), тие се успешни не оти примаат со врски, туку оти примаат професионалци, а такви во Македонија се помалку ќе ги има и ќе чинат поскапо.

    Ни дојде колешка која има 50 години, разбива со работа, и одоколу завиткано како обланда си кажува дека „сака трудот да и се цени и да биде платена, и задоволна“ и нормално дека ќе паднат 2 покачувања на плата во годината. Епа така е оти на младите „државата им е крива“, ама нејзе во 6-та деценија не и е, замисли. Младите ако два дена тргнат на работа или 2 месеци, потоа се караат со колеги кои се на залез од кариера и плукаат по социјални мрежи по тие што им даваат знаење.
     
  17. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Joined:
    Dec 4, 2020
    Messages:
    91
    Likes Received:
    117
    Gender:
    Male
    Ја тебе се те разбирам,ти треба да научиш странски јазици ако сакаш да се разбереш. Македонскио е пресиромашен за да искажам расположение од душа.


    Прво ќе рипнам од камени мост отколку да бидам службеник на корумпирана држава ама не е дека во приватно не ве вработуваат роднините, сопартијците, швалерките,.. секој ден сум сведок колку е раскалашен народот и како влегувале кај нас во фирма. На форум сите сте совршени,ти верувам,уживај.



    П.С. мој совет, не мора секој (втора братучеда,тетка,комшика) да знае колкава плата зимаш.Ќути си некогаш,у реду е.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
    Ааа тука грешиш, одамна не кажувам висина на плата на роднини, пријатели, туку работев во една од најјаките фирми во Скопје и Македонија, така да не се глупи да мислат дека платата е мала. Платата беше добра, ама далеку од како што ми рекоа "млатење пари". Таа фирма даваше шанса на млади, доаѓаа на пракса, и ако некој се покажеше, следниот месец го ставаа на платен список, и тоа беше добро. Дури на факултет, додека бевме газдата му имаше речено на еден од професорите да ги селектира најдобрите и дека сака да го "собере" кремот кај него во фирма. Ако во некоја фирма е потребен јак правник, економист, програмер, не верувам дека некој на таа позиција ќе ја прими љубовницата со средно текстилно.
     
  19. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Joined:
    Dec 4, 2020
    Messages:
    91
    Likes Received:
    117
    Gender:
    Male
    Вчера кажа дека работиш за мала плата,денес не се глупи да мислат дека платата ти е нала? Јака ти душа,во секој пост различно и јас да пишував толку ќе заборавав што сум пишувал.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,995
    Likes Received:
    14,634
    Си толкуваш како сакаш, и како ти чини, ама ти не читаш и не сфаќаш. Зборам за три различни фирми каде сум работела во период од 10 години ( убаво си објаснив). Во фирма бренд која беше една од најјаките во Скопје и Македонија ПЛАТИТЕ секако не беа мали, и не се глупи луѓето да мислат дека таму се работи за минималец (дури и ако не сум кажала цифри)кога во суштина пред 10 години најслабо платениот земаше 20.000 денари, а најплатениот 92.000 денари(ако ова било мала плата пред 10 години, ок). Со таа фирма во CV оди полесно, и наоѓање на работа не беше проблем. А во мала семејна фирма во провинција по неколку години практикантите сметаа дека платите се мали, а не беа мали, туку беа нормални плати, ама тие имаа многу високи апетити и знаење нула. ИМ кажав колку беа платите, ама па некултурно е што прв ден такво нешто прашуваат. Сега сум во трета фирма, и два пати качија плата во рок од 1 година. Дали е сега јасно? И тоа не е добро, оти пред 10 години едно покачување вредеше повеќе од двете покачувања денес. Значи фелата отиде во инерција. Дали е сега јасно?

    Еве ако сакаш за твоја сатисфакција ќе кажам дека без партија, роднини, пријатели, и љубовници ништо не бива, и крива е северџанија, фиром, заев, грујо итн. Дали е одговорот ок?
     
    Last edited: Feb 5, 2022