Дали промените на времето како што е деновиве ви прави проблем? Јас едвај функционирам, со главоболки, ми се лоши ептен посебно во затворен простор.
Не сум сигурна дали е за тука наодов ама правев снимка на врат пред пола година, ова ми беше наодот, ми го виде некоја рандом докторка на брзина и ми рече ништо не ти е. Дали да останам на тој муабет? Зошто имам болки во вратот, на наодов пишува работи кои не ги разбирам а нема кој да ми ги протолкува
Треба магнетна резонанца ако болките се хронични сигурно е дека баш спротивно е на тоа дека ништо не ти е како што ти рекле. Треба и на сите поединечно да им се кажува дека рентген снимки не се доволни за хронични болки во грбот а и општо
Дали имате добиено одговор од доктор/физиотерапевт за тоа што од вежби смеат и не смеат да се прават (општо вежби, не само за врат)? Пример кардио сигурно може, но дали смее да се вежба со тежини?
Мораш да правиш вежби, само тоа ќе ти помогне. Има на Јутјуб секакви, најди си и вежбај. И оди на масажи или акупресура како дополнително нешто за подобрување на состојбата.
Имаше некој прикачено од интернет вежби, баш за спондилоза беа. Ги правев и јас за проба и супер се. Ама што сме мрзи, после ќе не боли
И јас купив еден од Топшоп, за никаде. После повеќе ме болеше оти тоа топките што ротираат уште повеќе те кршат. Подобро оди си на рачна масажа. Некој пиша некое студио Виталиум мислам во Црниче, и јас баш ќе пробам таму па ќе споделам.
Да, па јас ко што читав, таму на вратот нема циркулација и затоа има застој на крв и од тоа притисокот се покачува. Ако вежбаме за врат вежби, подобро е. Само треба да ни стане навика ваљда.
Да, ги правам тие, но повеќе прашањето ми беше за вежби за други делови од телото, некаде читав дека класични стомачни не треба да се прават затоа што се прави притисок на вратот, а за тежини баш вежбав два дена со тегови од 2кг што реално не е нешто многу, но следните денови имав болки и вртоглавици. Не знам дали е до мене или општо со вратна спондилоза не треба да се вежба со тежини и да се креваат тешки работи.
Па да, ваљда не треба претешки вежби, па и со тегови од две кила не е малку. Јас би одела со полесни и наједноставни, ама редовно да се прават е поважно.
Dopamine massage Капиштец е ама многу сум задоволна. А киропрактичар на инста kiropraktika.mk во близина на веро кај Кузман студентскиот.
Да, оди во Виталиум. Ќе видиш ќе ти помогне. Ама напрај си неколку масажи, подобро е така наеднаш на пр.секоја недела во еден или два месеца, некако барем за мене грбот ми беше како нов и ми престанаа болките што претходно со ниедно апче не ги средував. После тоа можеш и поретко ама и да вежбаш мора за да има ефект.
Jas imam spondiliza na vratna kicma i ovie denovi osekjam kako da sum pijana,zanesena,slaba glavobolka Dali nekoj drug ima vakov problem?