Прво матичен и ренген У меѓувреме барај термин за невролог ортопед трауматолог за да те прегледа и прате на магнет Ако можеш да си дозволиш оди директ на магнет па невролог физијатар Шо ти се симптомите?
Има ли некој на приватно добар? Односно, добри? Прво болка и слабост во вратот, многу големо искривување во заокружениот дел. После страшна болка во рамења дури и пазуви (како укочена топка некоја е под пазувите и боли), па се шири долж цела рака и дланка, трнење, слабост. Имав пред две години болка, ама не беше вака искривено и не беше вака низ цел горен дел. Во Промедика кај некоја докторка физијатар бев ама ништо посебно не ми објасни ниту обрна внимание, ми даде 10 дена физикална ама ништо немав подобрување.
Kade snimaat magnet na vrat,imas nekoja preporaka? I jas imam maka so vratna spondiloza,imam rengen samo napraveno.
zdravo sakam da prasam dali nekoj ima iskustvo so vratna spondiloza da ima problem so predniot del odnosno so gradniot kos i problemi so izdusuvanje?
Секако треба да посетиш доктор, да направиш снимка ако не си до сега. Јас така со рентген открив дека ми е спондилоза, кај тебе можеби е некоја друга состојба затоа треба да се провериш. Исто би ти препорачала да се јавиш во Рефлекс или Кинестетик, да видиш каде ти одговара да почнеш со специјализирани вежби кои верувам дека можат многу да ти помогнат. Јас во Рефлекс одам на медицинска масажа (сега веќе трудничка), сакав да почнам и со вежби ама не знам дали можам сега бидејќи сум бремена. Со лесно и што поскоро да имаш подобрување.
Здраво сакам и јас да прашам нешто. Имам спондилоза на вратот, на промена на време знае да ме стега и боли и вратот и цела глава. Некогаш ме наболуаше на левата рака мускулот од лактот па нагоре накај вратот. Овие 2 3 недели ме боли левата рака, некогаш на истиот дел на тој мускул, некогаш долж од горе до прстите али вечерва ме боли цела рака. При движење нагоре ми е ограничено движењето и ми се губи силата на раката. Дали некој се соочил со нешто вакво, дали проблемот е од грбот и вратот или нешто друго е во прашање, совет? Се плашам да не е кардиолошки проблем или проблем со вратна спондолоза.
Не сум правела магнет. Само рентген на вратна кичма, правам некои вежби често со грбот и вратот. Држењето на телото ми е катастрофа имам мала кифоза. Е сега болкава од прееска не престанува, се намачкав со блокмакс, малку ме смири ама се менува. На момент ме боли горе од раката на момент доле, како да шета болката. Не знам како да постапам сега.
На ренгрн не се гледа точно што е По симптомите милион посто сум сигурна дека е дискус хернија Фати смимај се на магнет А у меѓувреме спиј на здравата страна а болната рака качи ја на висока перница Пиј вентор кетонал ибубруфен види шо ти одговара и мирувај Види под мишка дали имаш ко топчиња кое болат како да ти е скапано месото таму
Имам каоо грпка на вратот... матичната рече спондилоза е ..викендов имав страшни вртоглавици и притисок во вратот...вртоглавицата ќр ја опишам како..трае 2 3 сек и како телото да ми се ниша еднаш горе доле како да пропаѓам некаде. А па ккга легнам и ср свртам тогаш во круг ми оде се...дали е можно да се поврзани со тоа
Направи рентген на вратна кичма обавезно, иако тие се симптомите, ама да си бидеш сигурна и да почнеш со третман доколку се покаже спондилоза.
Матичната сумња дека е тоа ке се снимам..а кој е третманпт...пролета вака ми се јави кога тррбаше да ср згрее а залади промена на време и еве сега пак
За почеток сигурно ќе ти препорачаат физикална терапија 10 дена, а понатаму ќе треба и редовни вежби, ортопедска перница за потпора на вратот при спиење и тоа е. Мора доста активност и правилно држење на телото со цел да се превенира напредок на тие дегенеративни промени доколку ги има. Ама направи си снимка првин, не се преоптеретувај уште сега со што ако, па ќе те насочат после каде и да треба.