здраво, имам болки во вратот, главоболки како вртоглавица особено при промена на време, облаци дожд, направив ренген испадна вратна лордоза и спондилоза... Знае некој чаре? Хехе
За да се видат сите структури треба магнетна резонанца. Спондилозата почнува со дегенеративна болест на меките дискуси што не се гледаат на ренген и понатаму се јавуваат коскени израстоци од пршлените што може да притискаат на рбетниот мозок. Ако веќе имаш најдобро е консултација со невролог или со неврохирург не со ортопед.
Вратот е многу деликатен спондилозата притиска или на артеријата или на рбетниот мозок и се јавуваат проблеми како вртоглавици и слично затоа невролозите се многу по стручни.
Се согласувам. Прво кај невролог па кај ортопед ако треба. Мене искрено ортопедот воопшто никаков корисен совет не ми даде и само изгубив време.
Го знам ова. Затоа ортопедот после прегледот на пациентот и на снимката, препраќа и кај друг специјалист доколку смета дека треба.
Долго време имма проблем со укоченост на вратот и сама си утврдив дијагноза дека е спондилоза Се до овој пат кога прв пат ми се јави вртоглавица и ме држи цела недела Не можам да функционирам, многу ми смета, нестабилност во нозе..... Како се справувате со вртоглавици и дали некој праел акупункутура? Или да бил кај Туран?
Мене на ренген ми утврдија вратна спондилоза... Неколку месеци се мачев со вртоглавици,главоболки. Бев на физикална терапија и сега се подобрив, но не знам до кога Пред ова бев еднаш кај Таир ама мислам дека Туран,Таир само секундарно те крцкаат и се опушташ малку , ништо повеќе... Направи снимка на врат , види што ќе ти препорачаат
Да, вратна спондилоза треба доктор да ти утврди Направи снимка, по можност магнет бидејќи така најдобро се утврдува. Физикална во принцип треба да ти помогне. Кај Туран јас не би отишол ако е обична спондилоза, а со акупунктура можеш да пробаш
@Srekjna13ka @FreeToGо секако ќе појдам за снимање иако знам дека ми е тоа 100%, само дури другата недела има термин за на преглед. Пиете некакви апчиња за циркулација нешто ? @FreeToGo а ти си правел акупунктура ?
За циркулација пијам екстракт од цвекло и ми помага. Акупунктура не сум правел иако имав намера, мене ми помогна квантна терапија. За акупунктурата има доста поделени мислења, не може да знаеш дали ќе ти се погоди ако не отидеш...
Не пијам ништо сега. За време на терапијата пиев neurobion. Имав дефицит на витамин Д и тоа пијам се уште .
Спондилозата е дегенеративна и неповратна состојба која секако ќе прогресира со годините такада менување на навиките во комбинација со суплементи и физикална терапија е решение за да не дојде до неизбежна операција на постари години.
Имам вртоглавици од четвртокот наваму, не се нон стоп,ама ми сметаат додека сум на работа. Се осеќам несигурно. Пред 3 месеци бев на невролог бидејки имам и дискус хернија, но и вратна спондилоза. Имам препорака за физикална, но не отидов. Дали можам да правам масажи со рачен масажер од топ шоп додека да отидам по упат за физикална.
Дали сте имале исуство со овој центар : СИНАЈ - Центар за рехабилитација и масажа https://www.facebook.com/sinai.centar/
@FreeToGo општ матичен те упатува кај ортопед или невролог? Дали можеш да бираш кај кого да одиш? И кои по твое искуство се добри доктори?