Не е повремено туку веќе трае 2 години.Попуштање на притисокот во ушите нема.Првин одев на ОРЛ, спрејчња ,таблети ништо.Сега одам кај киропрактичар тој ми вика дека се е од вратот и дека може да се среди ,ама траело долго.Искрено третманите се скапи за долготрајно лечење.исто така вели дека проблемот е со центарот на рамнотежа во ушите(незнам медицински како се вика).Денес ќе оддам да го проверам ,па ваљда сум на прав пат.
Слух супер,тимпанометрија исто,тест за вртоглавици одличен.проблемот го гледа во виличен зглоб и врат. Ренген на врат и доплер на каротиди следно за правење.вратот најголем проблем таму да се насочам.
За виличен зглоб има инекции како хијалуронска киселина за зглобови ама тоа спаѓа во домен на максилофацијална хирургија таму имаат рентген и компјутерска томографија.
да и таму ќе појдам ,во план ми е и тоа да го проверам.мада бев еднаш и препорака е јади течна храна ,не се смеј ,не се дери ,не зевај ,не отварај ја устата широко ,
Некој што имал вртоглавици и нестабилност при одење, притисок во ушите од вратна спондилоза? Дали поминува ова после некој период, дали помага физикална терапија и вежбите за врат? Ве молам за одговор.
Леле како јас да читам, две недели сум со некој притисок како да ми се затнати ушите и имам нестабилности во движење.Почнав со физикална денес и уште полошо ми е поизразени симптоми ама викаат да почекам така на почеток потоа ќе има ефект.Цело време ти се затнати ушите или повремено во денот
Повремено, имам проблеми од порано со синуси па користам спреј и помага. Многу ме мачи оваа нестабилност скоро еден месец, таман ќе речам дека е подобро пак знае да ме фати нерамнотежа, буквално како да лебдам. И во тишина осеќам и зуење во уши, ама тоа мислам дека е на нервна база зашто и порано додека имав анксиозност осеќав зуење. Одам и јас на физикална, истото ми го кажаа- ефект ќе има 2 недели откако ќе завршам, дај Боже да се среди сѐ.
Одам и на терапевт/ советник и мислам дека во право си поврзано е со анксиозноста.Таму добро ми доаѓа, прекрасна е терапевтката поинаку од другите за кои ми кажувале, дава совети, насоки, техники, не само да слуша. Се надевам дека со физикална со психотерапија ќе се среди, особено ми пречи и мене таа несигурност во движење - баш како што кажа како да лебдам и ќе паднам така некое чувство
Средно уво, ртг на врат, ме виде неуролог, за некој ден имам закажано преглед за тироидна.Лекови не пијам .
Разгледај во темата стоматолог мислам прочитав дека зуењето е поврзано со вилицата и имаше препорака за стоматолог др.Елена мислам од Дента ЕС - Скопје
I jas denovive sum.ista kako tebe. Cekam naredna nedela da go snimam vratot. Pisi sto ti pomogna vo celava situacija.
Голема помош имам од терапевтката со која работев, паралелно одев на физикална.Се надевам ќе биде добро и понатаму.