И кај мене обратна ситуација. Болни, пообилни и подолги циклуси. Се чудев кога ќе ми кажеа дека имат 10 дена циклус и користат од најдолгите night влошки. Јас сум сега во таа група,не е фер. Мислев дека оти сум со царски ,ама знам и случаеви што родиле природно им се сменило да,но на полошо. За оволација не сум приметила, уште тоа ми фали да се смени. Инаку уште не се нормализира кај мене, дали оти уште дојам? Недела,порано, недела покасно, не се знае ни ред ни датум. А имав точно на 28,30ти ден редовно.
Оти доиш. Ама ни мене не ми е регулирана. Ужас е ова по породување цел ден сум на кревет притисок некој ужасен ме стега со гадење. Не ги ни видов што прават само ги слушам. 6ти пат преспивам. Се надевам ќе можам утре на нога да станам.
Гледај одмарај,јас кога имам ич не можам сама,мм си доаѓа порано обавезно,среќа па може. Ај белким ќе сврти пак по старо.
Нормално одложивме. За недела дена требаше да одиме, али ситуацијава смени се. Ќе си славиме дома тројцаа речиси се ми беше договорено Мкд ,али ќе надокнадиме. А и нашиов Б.Џонсон засега не затвора ништо,се очекува експанзија околу католички Велигден. Не ми се ризикува да одам,ќе тргнеме здрави во авион ,аеродром, ќе закачиме и долу треба да се самоизолирам 15 дена,и толку заврши одморот Тука сме побезбедни. Ќе ме дислоцираат со мислењево.
Дали ставате нешто за флеките од бременост на лице? За други флеки ми препорачаа гелче од Биоксин,па ставам и на тие флеки, да знам дали џабе се мачкам
Д витамин недостаток прави таков проблем. Да не идеш до авицена уклучи по 1000 единици на ден еден месец ( и онака нема штета) па ќе пишеш како е. Мене поткожни на челото ми испаднаа како тинејџерка знае некој оти?
Жени, почнав со диетата на иренна што ја има на форумов. Дојам уште, ама не е некоја многу рестриктивна диетава па мислам дека нема да штети. Имам 8кг вишок од пред бременост морам да ги симнам. Да не има некој да ме дружи да си се бодриме?
И јас сум со плус 8кг пред бременост, само 6 намалив откако се породив никако да намалам повеќе. Почнав да пешачам ама сега со вирусот и тоа е страшно.. инаку во среда 8 нед откако сум породена и ние сме на доење. Вие колку направивте?
Мојата е 10 месеци веќе. Мали сте вие уживкајте си мајка, рано е уште ќе симнеш повеќе кг ти и без диета, јас со 22 кг плус отидов на пораѓај, 8 симнав кога се вртив од болница па уште 4 после недела дена кога се симнаа отоците, и до сега уште 2-3, ама стагнирав веќе со симнување па решив на режим да се ставам. Никогаш не сум била дебела, и не сакам да бидам ваква.
Ќе ја пишиш да не лутам низ форумот? Ако ми одговара и ја ќе ти правам друштво... Требаше да почнам на раб и се надевав да ослабам ама коронава не затвори дома и уште за јадење купуваме плус мора диета...
Знам дека е рано и дека има време ама неможам со тие килограми, се нервирам мислам дека со доењето повеќе отекувам и секој ден се повеќе имам качено а уствари иста сум на килажа.. а рано ми е и за посебни режими
И јас се породив пред 40 дена. 70кг имам и се осеќам огромно спојлери и образи ке испукаат. Исто јадам од предходно но пијам ептен течности дека дојам.. да помине вирусов и пешачење точак ке се најде време.
Од кога се породив, циклусот ми е редовен. На 28 дена. Болки немам, порано завршував во хитна на инјекции, сега јок. Али друг проблем сега,ужасни болки во половината и вртоглавици до зашантрување. Ви се случило ли? Косата се оправи. Веќе не паѓа. Нова си расте и тоа прилично брзо.
Шо ова што го читав и мојов ритам е некако сличен ама јас со поинаков редослед... Наутро на празен пијам од напитокот од вечерта(цимет,мед и вода) потоа со малава додека се спастриме па јадам кифла со маслинки ама ја јадам залче сега па по 5мин пак однога што би рекле стари, потоа до 17ч додека да дојде сопругот или ке каснам портокали(3-4) или јаболко или 2шољи кафе, ручам тоа што ќе направи свеки јадиме без леб(скоро 2недели леб не јадиме ја и мм заедно сме во ова) и обавезно една марула ја дробиме цела и роквици и младо кромидче, маслинка ако ни е полит ручекот во салатата јајца варени ставам а јас и дотурам и домат, краставица сирење бучкуруш али без салата ме седнуваме и на крај кога ке видиме само салата сме јаделе е синоќа јадевме (ручавме кај 7и нешто) каснавме по една топка сарма и салата за 5лица...не вечераме пак ако ни се пријаде овошје јадиме.. Денес риба имаме на мени со салата а ако ни се пријаде варам пченица... Последен пат кога се мерев јас бев точно 100 а мм115 здравје кога ќе се мериме нареден пат ке видиме ма да он мн брзо слабее алал да му е... ГОРЕ спомнатиот напиток е во 200мл зовриена вода се става пола к.лажиче цимет стои пола час и се додава и г.лажица мед(мене ми е мн благо така пола лаж. Мед додавам) се пие пред легнување пола од тоа а другото во фрижидер наредната ден на празен стомак се пие и по некое време можеш да јадиш или кафе... Извинете за долгиот пост...
Добро е блиску сме до 6ти,уште три недели Топки цели паѓаат,без разлика дали е миење,сушење,чешлање.. да не зборам онака што си паѓаат без да ја пипнам косата,што при усисување не можам да ги дочистам..