Фала ќе ги ѕирнам, може ќе се нафатам посериозно дур не дошло лето. А појас некој имаш земено? Се мислев дали да земам, може полесно, а и посигурно би било за некои вежби.
Појасот е повеќе за поддршка на грбот. Во однос на дијастаз не помага никако. Го носев кратко време пред неколку месеци и ете го си фаќа прашина. Ако имаш болки во кичмата да можеш да земеш инаку не би давала пари. Ако вежбаш, што и да вежбаш, внимавај на дишењето, многу е важно за правилно правење на вежбите. Стегаш кога издишуваш ама стегаш стомачни максимално.
@Mucika @cocopuff Кај Драгана fit life на инстаграм сега објавеби вежби за дијастаз. Исто има и видео кои вежби треба да се избегнуваат жените со дијастаз.
Мајки ми треба препорака за онлајн курсеви за вежбање од кои сте задоволни? Исто и дали во програмите имаат и исхрана? Имам уште малку останато стомак и дијастаза од 2 прста плус некои 6-7 кг што сакам да ги намалам.
За 5 месеци -6кг само од доење, уште 3-4 имам вишок, до лето таман ке ги стопам со ова темпо, бебе цело време ми е во раце па тоа ми е вежба 24/7
Едвај чекав да се пофалам во темава. Со бебуш трудна се поправив 26кг, сега после 6 месеци сум на стара килажа. Вежбам ви фитхаб, вежбав и во бременост, а храна знам да забушавам. ☺️
Мајки вие што бевте на Мамафит кај Ана, има ли резултати, вреди ли програмата? Вежбите дали се ок за некој што 9 години не е физички активен . Има реотворање на програмата сега па да знам вреди ли да уплатам .
Ќе ја уплаќам програмата. Барав низ форумов и наидов на оваа тема. Читнете тука има за програмите и искуства.
Женски, Почна некоја од вас да вежба? Сакам да правам вежби за газ, ептен ми е сплескан, а како средношколка какво заоблено газе си имав Дајте вежби за подигање. За колку време можам да го поткренам? Има некоја искуство?
По природен пораѓај кога почнавте со вежбање? Најмногу ми е за стомакот, стомачни и сл. а тек сум 17 дена пост пораѓај. Да ги чекам оние 40 дена да видам до каде ќе се вратам прво, зошто веќе намалувам килажа и се ми изгледа по старо освен стомакот или да си почнам со време
Јас почнав после 4 месеци. Ама со епизиотомија сум и плус имам надворешна повреда, па болки имав некаде докај 3тиот месец
И јас епизиотомија, пукање и ревизија, болки кај раната веќе немам иако уште зараснува, дури и дупка има. Ама ајде ќе се стрпам не ми бега слабеењето
Јас се здебелив 9кг во бременост и со пораѓајот изгубив 8 Е сега стомаче малку ми се познава ама како што не пазам на исхрана може во породилното да ставам повеќе од во бременост Во план сум за недела-две со повеќе пешачење да почнам и полесни вежби. Таман и прегледи да поминам дотогаш
Дали по породување, по одреден период сте почувствувале како дупка во желудникот, како нешто надолу спуштено и ко празен да ви е желудникот, а воедно и ко тежина да осеќате? Не знам дали се должи на враќање на органите или пак на неспиење и нервоза. Дан си го зезнам ми е страв
А дали имаше зголемено создавање гасови? Ептен сум подувана. А имам и дијастаз, и тој прави мака. Ај кажете и другите