1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање

Дискусија во 'Разделби' започната од Jecichka, 9 декември 2013.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Дај си време на себе си, расчисти со себе си, па после одлучи што ќе правиш. По постов ми делуваш како да си збунета и се ти е измешано.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ја прескокнав вистинската причина поради којашто раскинав со Филип бидејќи оваа спрема Кристијан е многу поголема па сакав да дискутираме само за неа :)
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Па нема што враќање, едноставно кругот се врти. Горе си пишала дека си го изнерверувала Кико ( Кристијан), а доле си пишала никогаш не си го изнерверила. Како и да е, незнам што се мачиш. Има и други машки, ај 18 години имаш млада си пред себе имаш живот. Ти се мачиш да го пишуваш ова, а тој некаде си пие, спие што и да прави.
     
    На 123.Maki-first му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Здраво! Раскинав со дечко ми пред два месеци. На почетокот не ми беше тешко, нормално, не ми беше ни сеедно. Но сега како поминува времето се повеќе ми фали. Овие два месеци ниту јас, ниту он се потрудивме да се смириме. На фејсбук постира наши песни, на твитер пишува работи што најверојатно се посветени за мене, но ете го нема да пише или да се јави. Искрено сакам да бидам со него, ама начинот на кој завршивме беше јасен, јас веќе нема да се трудам да бидам дел од неговиот живот, зашто тоа го правев и повеќе од доволно додека бевме заедно. Сепак имам достоинство и не сакам да го прегазам само затоа што он нема храброст да ми каже некои работи. Совет?
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Ако е вината негова што сте ја преќинале врската и ако тој тие 2 месеца додека сте раскинани не направил ништо за да се смирите, можеби не сака да е со тебе повеќе. Можеби тоа што објавува ваши песни го прави намерно, за да ти недостига. Пробај да правиш нешто, да се дружиш, да излегуваш, прави се што сакаш само немој да мислиш на него. Ако сака тој да сте заедно, ќе направи нешто.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Не знам како би ти помогнала кога проблемот си го опишала на толку површен начин. Зошто сте раскинале? Кои нешта нема храброст да ти ги каже? Како сметаш дека би била посреќна? Не можам да те посоветувам без да ги знам тие нешта. Не можам да кажам дали да се обидеш или не, и дали навистина би си го прегазила достоинството. Не може ни да се генерализира околу тоа дали и колку е добро да им се вратиме на бившите, бидејќи секоја врска, исто како и луѓето, е сосем различна приказна. Обиди се да ја опишеш вашата подобро за да добиеш попрецизен совет :)
     
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Било од кој и да е причини, секогаш кога ќе се врати онај кој заминал ништо не е повеќе исто, тоа е кристално јасно, тоа што ќе се скрши колку и да го лепиш ке пука , еднаш и јас се вратив или тој ми се врати небитно е сега.. ама се зезнав уште полошо стана , се доведовме до тој степен да заврши се онака во тишина без ниеден кажан збор раскинавме и не се видовме повеќе никогаш , секако пред тоа следеше избегнување од негова страна кое не го дефинираше како јасен знак што следи, не сум дете да не сваќам ама бев заслепена можеби ... никогаш не си дозволив повеќе да поминам низ иста болка 2 пати и нема, ама животот е училиште кое не учи на нови часови со секое будење на утро и вдишување на воздух.