Што според вас сметате дека би било врв на човеково достигнување? Она кон што секој човек би требало да се стреми. Според мене тоа е човекот да научи да дава и љуби без да очекува ама баш ништо за возврат. Дали вреди?...вреди и тоа многу!
Усовршување на личноста, човекот да знае да ги почитува другите луѓе, да ги цени, сака, да има култура на однесување, во себе си да го пронајде она што смета дека е добро и вредно за почитување, но и врз основа на тоа да делува.Бидејки во човекот постојат позитивни и негативни страни, мора да знае кое од тие да ги одбере и истите да ги прифати.Се е во нас, нема ништо надвор од нас.За да ги имаме оние нешта кои ние си ги посакуваме за себе си, треба истите да ги пронајдеме и во другите или со други зборови за да имаш нешто, треба да дадеш, многу едноставно е.Секој човек не сака да биде повреден, но затоа и не треба да повредува друг, затоа што се што правиме ни се враќа, не на ист начин, туку на сличен,некогаш дупло или некогаш само поминуваме низ суштински истата ситуација во која другиот се нашол, само тоа не го забележуваме, всушност не сме свесни.Само тогаш би биле премногу совршени и би се случувале само убави работи, веќе сме го достигнале врвот.Ова секако го зборам објективно и би додала уште дека сега човештвото не оди кон врвот, туку кон дното, врз основа не сето она што се случува во светов.Го бараме совршенството, но некако како да не гледаме дека можеби истото некаде во нас постои.
Нема некоја општа дефиниција, индивидуално е тоа. Секој има различни приоритети. А и според мене не би било интересно ако сите имаат исти интереси и ако сите се стремат кон иста цел.
За мене врв би било некој голем успех, нешто посебно да се направи за човештвото и светот. Совршенството, фала богу не постои. Всушност што би правеле ако сите се сакаме, сите се добри, сите се убави. Иако навидум изгледа прекрасно всушност било монотоно и досадно. Јас кога ќе слушнам некој дека го достигнал својот ВРВ, не знам зошто ама ме асоцира на кариерата, на тој успех. Нешто што не може, и не сме способни сите да го направиме, односно да направиме една иста работа. некој, хирург спасил толку и толку животи, некој архитект конструирал фантастичен објект, некој писател напишал извонредно дело. Ете тоа за мене е врв, а за да љубиме мислам дека сите тоа го можеме, само да ги отвориме срцата.
Човек кој знае да владее со себе до детали. Со огромна самокотрола и самодисциплина, и амбициозно истите да ги искористува.
Јас мислам дека за секоја личност врвот на човечкото достигнување би била различна. Ова зависи од амбициозноста на личноста, целта што сака да ја оствари и можноста. За некои врв на човечкото достигнување е формирањето на семејството, за некои усовршување во кариерата, за некои патување на некое место на кое секогаш сакал да оди итн. Според мене врв на човечкото достигнување е човек да биде успешен на секое поле во животот. Да има семејство, да биде сакан, почитуван, среќен и здрав, добра кариера, финансиски да стои добро, да има верни пријатели, да може да си дозволи најразличен луксуз. Иако изгледа како неоставрливо на некој начин, според мене тоа би бил врвот.
Зошто да бараме врв на човечкото достигнување? Тоа е различно за секој... И што кога ќе се достигне тој врв? Што тогаш? Нели би било подобро никогаш да не се достигне тој врв? Животот би бил позабавен, зар не?
Врв би било кога човекот би се одликувал со чесност,со праведност ,со љубов, кога не би бил себичен,сега сето тоа не постои секој гледа за себе да си ја нареди работата и ќе изгази ако е потребно преку секој само за да успее..нема врв на достигнување се е само тврдоглавост и цинизам и нема ни да има некогаш како што тргнало