Да! Незначи дека аку еден ве разочарал дека треба да се откажите. Секогаш нешто поубаво има за тебе да дојде без разлика колку пати ке бидеш повредена. Не се откажувај никогаш затоа што не вреди заради некого да си го упропастиш животот.
Одговорот е краток на ова прашање не знам дали некој го постирал претходно. Да се бориме за љубов СЕКОГАШ - не вреди, но НЕКОГАШ - да. That's it. Зависи од ситуација, дали партнерот ни ја враќа љубовта, дали е тоа личноста со која сакаме да поминуваме добар дел од нашето време и сл. многу фактори се во игра... пред се најважно е да добиваме поддршка и од другата страна инаку џабе е кога еден сака!
Здраво девојки Еве и јас да прашам за мислење. Што мислите, дали една љубов и врска меѓу двајца може да потрае иако била прекината неколку пати ? Кога сеуште силно постои она „нешто“ кое ве поврзува кон другата личност, сеуште да имате чувства еден кон друг а секако тоа да е обострано, кое е доволно силно за да не ви даде да се откажете иако секој како човек погрешил ... Дали мислите дека може да се среди врската, да оди кон подобро, ако и двете страни вложуваат се од себе, дали вреди да се борат за нивната љубов иако стара, но сепак долга и силна, или сепак да не се обидуваат да го спасат и она жарче што сеуште тлее во нив што ги држи некако заедно, за да не се „изгорат“ уште еднаш, и да се повредат ненамерно ?! Поздрав
^Нема да знаете ако не се обидете. Само не ја продолжувајте врската туку почнете ја одново, пред тоа решете се што ве мачи и двајцата со разговор, нема нешто што неможе да се реши ако сеуште има љубов и волја да се смирите ќе биде
Треба многу повеќе од љубов за да опстане врската. Ако многу елементи недостасуваат не вреди да ги губиме живците.
Мене не ми се исплаќа да се борам за љубовта... се борев многу за да го задржам, ама тој пак си замина и ако бидам повторно со него знам дека ќе мора повторно да си оди... за мене љубовта е многу сурова работа
Вреди до некоја одредена граница,додека може да зависи опстанокот на љубовта од вас,ама кога повеќе не е во ваши раце тоа,нема за што да се борите,како јас во случајов,Обично сум личност што оди до крај,отидов и овојпат,пробав да спасам нешто што беше прекрасно,ама повеќе не беше во моја можност.И да се борам џабе е,немам како.
најискрено не вреди секогаш да се бориме,за што да се бориме ако е тоа правилна љубов не ни треба да дојде до тоа да се бориме,некогаш во зависност од ситуацијата вреди,ама некогаш не
Зависи од ситуацијата и од личостите. На пример не вреди да се бориш ако не ти е возвратена па каде е овде лигиката ако видиш дека не ти е возвратена чао пријатно повеќе среќа со нареден. Вреди да се бориш доколку се сакате заедно сте, но имате проблеми како да не ви е одобрена врската од родителите или некој сличен проблем.
Ако жртвите се премногу, не вреди... Не вреди исто само еден од двајца да се бори. Мора и двајцата, за да постигнат успех во љубовта...
Не вреди слепо да се бориме за нечива неветена или невозможна љубов затоашто едноставно не вреди! Сум се обидела да дадам се ама џабе е НЕЧИВО СЕ во случај кога тоа не е посакувано! тогаш, што ни преостанува да дадеме? Треба да си дадеме себе малку за промена, наместо на другите. Ова е моето искуство. Не се сложувам со оние кои ќе кажат ДАВАЈТЕ ЛУЃЕ. Јас се предавав и се предадов и тоа во повеќе наврати во минатото а, добив едно големо СРАЊЕ! Такашто уште од мали нозе ни ги полнат главите со разни љубовни фикции и невистини за некаква си вистинска љубов мамбо џамбо, додека, вистината е дека таа вистинска љубов можеме да ја имаме единствено кон СЕБЕ! евентуално кон децата! не заборавајте дека постојат педофили и чедоморци А за љубовта кон некое друго битие, тоа е посесивност и страв од осаменост според мене. Од причина што кога сакаш некого автоматски сакаш да му/и ја одземеш слободата со тоашто ќе бидете заедно. Дури и најхармоничните врски со текот на времето се претвораат во монотонија и навика Такашто вреди да се бориме единствено за сопствените идеали во животот!
jas mislam za da se boris za nekoja ljubav treba vistinski da vredi a toa ke go pocuvstuvate vo sebe,ako se borite pak samo vie a partnerot ne prevzema nisto ,nego ne mu e gajle ili e so dr zenska togas navistina ne vredi.pred da se resite dali ke se borite ili ne napravite spisok na raboti koi ke gi dobiete i raboti koi ke gi izgubite borejki se za nea. [mod-kirilica:2p7j9qzu][/mod-kirilica:2p7j9qzu]
јас моментално се наоѓам во ваква ситуација...дечко ми пред некој ден ми кажа дека не ме сака како што ме сакал и чудно се однесува... ќе му дадат недела дена време да одмори без мене... а после тоа подготвена сум да се борам со сите сили да ја повратам љубовта што ја имаше меѓу нас,затоа што го сакам премногу.. ама се плашам да не бидам на крај уште поповредена ...:///
сакам да поделам мое љубовно искуство што ми се случи на т.н стари години,ама нели поговорката е никогаш не е касно да се сака страсно...имам 46 год и веќе 28 год во брак...имав одличен брак првите 25 год,за последните 3 год мојот сопруг одеднаш стана љубоморен и посесивен..тука кумуваше и моето вклучување во невладина женска орхганизација,и така почнаа состаноци,едукации,семинари,почесто бев надвор од дома(што се до тогаш не бев),сопругот подлегна под она македонско мислење дека сите семинарки нели одат да се курваат и сл..психичкиот притисок беше неиздржлив... посакав друг маж кој ќе ме сака и почитува.. така тргнав да ја барам таа моја замислена љубов онлине...и се случи..првин започна со допишвање,па слушање на тел и после 6 месеци контакт средба..уште кога го видов знаев дека тоа е она вистинското,беше помлад од мене,(јас бев 43 год тој 34)имаше најубави очи на свет,не бевме од ист град ама сепак бевме блиску и стартувавме,со тајни состаноци,пораки на тел,секој слободен момент да бидеме заедно...ме одушеви и што не инсистираше на водење љубов скоро 1 и пол год.мене изненадно миизлезе понуда да работам странство,јас заминав 10000км од него ама тоа не беше пречка за нашата љубов,продолживме со контакт,скајп,фб ,камери и сл.. нашето и прво водење љубов се случи во Iстанбул до каде тој ме испрати на пола пат..летав едноставно,бев на седмо небо..и се случи господ да го донеси и него во земјата кај со бев јас,пресреќни почнавме со планови за заеднички одмори и сл...молчешкум се договоривме да ги оставиме своите фамилии и да продожиме заедно....2 год преубава љубов за која сонвав,успеав да ја имам...полека дома почнав да ги припремам моите синови дека бракот со татко им е готов не можам да бидам жртва,дека сакам себе си да си се посветам..и тогаш јануар 2012 год јас бев дома на одмор случајно го чекав мојот најмил да се вклучи на скајп,ајде вика да видам кои луѓе се на фб.откривам негови лажни профили,пораки од тип цуцо ,мацо,преубава си,секси и сл,пушти камера да ти ги видам очињата и сл,размена на слики од вете страни...бев шокирана,зарем мојот најмил е ова????побарав од него објаснување,ладно ми одговори дека тоа се само пријателки и нормално е така да се однесува со нив.....не,за мене беше виртуелно неверство...така почна нашата мора... довербата беше скршена,почнаа лаги,како јас сум единствената з анего,ме сака најмногу се е друго онлине безврска и сл..не можев да пројдам преку тоа...јас отсекогаш бев искрена со него,договор беше да си иамме онлајн пријатели,ама еден со друг да си знаеме шо и како се случува,да нема тајни...е па премногу летнав,верував и бев слепа..еве веќе 1 год,сме ту на топло ту на ладно,за до ред4 мес не ми пукна(откако повторно фатив тјани љубовни пораки) и реков доста беше... не сакам д аме газат да ме клаваа како резерва,тој онака прозирно се обидуваше повторно д аме придобие ама јас реков точка...нема поќе...мислам дека вреди да се борием за љубовта,ама само за онаа која е на јака доверба,и со права личност,,,јас вервам во љубов,повеќе не ја барам,ќе чекам да ме најди,,,што е мое ќе си дојди....
ви се има ли случено да засакате некого премногу,постојано да ви е тој во глава,да не можете да си го замислите денот без него и неговите навики,неговите прекрасни зборови кои ве прават бескрајно среќни,постојано да вели дека ве сака и дека не би сакал да остане без вас..и еден ден без причина да замине и да заборави на се како никогаш да не сте биле дел од неговиот живот..мене ми се има случено..се заврши пред 2 дена..останав сама и депресивна.Го прашав што се случува со нас..тој рече дека се е во ред но јас знаев дека не е така и го оставив не сакав премногу да го прашувам ве молам помогнете ми штоо да правам