Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли СЕКОГАШ да се бориме за љубовта?

Дискусија во 'Разделби' започната од doll, 10 декември 2009.

  1. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Веќе не се борам за никој.
    Ако треба ќе си бидам сама, бар нема да се замарам..
    Ќе се научам да живеам без љубов . :|
     
    На crazylady, kala21 и Jecichka им се допаѓа ова.
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Според мене, не, не вреди. бар не секогаш
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    За љубов секогаш вреди но за одредени личности не :)
     
    На wanderlust, kala21, flowerred и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Amen to that!

    Кога некоја љубов е вистинска, таа самата по себе си следи, си доаѓа, не треба да ја повикуваме.
    А и прашањево ми е збунувачко. Имам чуство дека се става знак еднакво помеѓу љубов и посесивно посакување на една, конкретна личност. Макар таа личност не не тинтра 1,9%, ма не е битно јас го сакам и крај, ќе се борам.
    А тоа не е љубов. Тоа е чиста, детска распекмезеност и пред се емотивна недозреаност. И таквите особи не ги сфаќам кои буквално газат и преку мртовци за да стигнат до својата цел.
    Плус, како бре ги инспирира да имаат некој во својот живот кој очигледно не ги сака толку колку тие него.
    Сакаш галениче, ене ти иди вдоми си некое па имај си го. Ама не си играј играчки со луѓе.
    Сето тоа ми е некое вештачко одржување на агонија или безобразно поигрување со туѓи животи, бидејќи обично не се работи тука само за „мене и тебе“ туку и за трети личности.

    Исто како што не ми е јасно како некои со сила се држат во врски кои оддамна не функционираат, just for the sake of it. Затоа што, „ама јас го сакааам, ние сме создадени еден за друг“. Ја, мајката. Мижи Асан да ти баам. Работава е „леле што ќе правам самааа, па јас не сум навикната да сум самааа“. Шмрк! |(
    Ако е ова љубов, и борење за љубов, ондак јас сум машинобравар.

    Да не бидам сфатена погрешно. Секој човек може да киксне некогаш и треба да му се даде втора шанса доколку искрено ја посака таа втора шанса. И вреди да му се даде, а другата особа и сака да ја даде таа шанса.
    Но глупаво е да се мешаат љубовта со посесивноста, со силната желба да се има некој, или да се биде со некој. Бидејќи тоа за мене не е љубов, и затоа - не гледам причина зошто треба човек да се бори за такво нешто.
    Тоа ми е нешто ко рекламана за кондоми, кога мало детенце во супермаркет сака нешто, а не може да го добие. Па се треска на земја па вришти, плаче и не знам ти што. Па си викаш - ај што сум глуп што не ставив кондом.
    Епа, same same but different :)
     
    На crazylady, Miss.M5, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Сепак има и врски кои се на некој начин некогаш забранети и осудени можеби од околината, и зависи кои се причините , некогаш е во ред да се бориш за својата љубов.
    Во смисла, ако мајката на пример на едниот партнер мисли дека нејзиното дете треба да биде со некој друг, и е против врската, во таа смисла, или можеби ако за некои глупости дојде до недоразбирање меѓу двајца кои се сакаат и ако двајцата се заинатат или некој тежок период имаат, има ситуации во кои човек на некој начин е ставен во позиција да се бори , во овој случај за да опстане врската.
    Вреди да се бориш , ако со ист интензитет и двајцата сакате да останете заедно.
    Ако се другите против вас, иако ќе биде тешко, вреди , да.
    Јас, на пр. сум се нашла во ситуација да бирам дали ќе се борам за да ми опстане врска..
    Еднаш беше за бракот, и да ви кажам искрено, и покрај тоа што имам две деца, јас се откажав.
    Можев лесно да се изборам со проблемите кои други ни ги правеа, но не можев да се помирам со фактот дека тој не се бореше за нас...
    се освести , но кога веќе ме изгуби. :x

    Сега се плашам само да не се најдам некој ден во ситуација да треба да се борам со нечија мајка која не би можела да се помири со фактот дека синот нејзин нашол девојка со минато и деца.
    Мислам дека и кога би била многу силна љубов, не би успеала да ја освојам таа битка..
    А не би ни сакала јас да бидам причина за престанок на комуникација во нечие семејство...
    Затоа и ако осетам дека нешто ми иде натаму, јас се откажувам од таа врска, наоѓам проблеми кај што нема.....
    Правам се што можам за да се оддалечам, да не се борам.
    Не сакам никој да ме понижи само заради тоа што сум поминала, без да ми го оцени карактерот и душата...


    Иако другите ги оправдувам, јас не можам.....
    Едноставно за таква борба немам сили , ни срце :|
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас се наоѓам на ваков крстопат во моментов - дали да се борам или едноставно да продолжам сама.
    Не е лесно, и искрено во овој момент немам конкретно мислење за оваа тема, бидејќи ни самата не знам.
    Според мене: ако двајцата се борат за врската да опстане, односно ако едниот го признава трудот на другиот и обратно, ако има љубов, ако се ценат постапките еден кон друг, тогаш не останува ништо друго освен да се бориме за љубовта.
    Но, ако само едниот вложува, не е важно кој, не вреди веќе ... Особено ако другиот ниту пак го цени тоа што првиот го прави за него.

    Јас вака размислувам горе-долу, бидејќи како што реков погоре немам конкретно мислење.
    А ,се' уште не знам што ќе направам со мојата ситуација, дали да се борам или да се откажам, прво морам добро да анализирам. :)
     
  7. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    вреди ако се борите и двајцата да ја остварите вашата љубов, ако и двајцатасе сакате и ако личноста вреди да се борите да бидете со неа......да знаете и да останете сами двајцата на светот ништо нема да ви недостасува 9 ни љубов ни внимание, и дека тој човек секогаш ќе биде ваша потпора...) да тогаш вреди

    а ако се борите за да добиете љубов-тогаш залудна е борбата.....не можете цел живот да се борите за трошка внимание и љубов.....не можете цел живот некој да врзувате со ланци за вас.......

    доколку има силна ОБОСТРАНА љубов вреди, доколку човекот СО кого се борите ( не ЗА какого се борите)
    за да успее вашата љубов вреди, ти си му се на светот тој ти е се на светот( во смисол никогаш нема да се оставите на цедило, да вреди.........

    онака бесцелно е....дури и да го добиете тој човек вашата „љубов“........цел живот треба да просите љубов, да се борите за внимание.........а не е ден или два......цел живот е во пршање....
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Да се бориш еднаш а не сто и педесет пати за едно исто нешто што те повредува.
     
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530

    сето ова се случува бидејќи не само во оваа тема,туку и во други подрачја на животот се случуваат несакани работи бидејќи не ги согледуваме пречките пошто толку сме затупени од тоа нешто што ни се случило,а за да видиш дали вреди да се бориш за таа личност на крајот скоро секогаш(ретки се случаевите каде е се исплаќа) излегува дека не вредело.а ако личноста толку многу те сакала и почитувала ќе ти ги кажела на почетокот маните и сите информации,а не на крајот кога се е завршено :!:
     
  10. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Ако другата страна не се бори за тебе тогаш НЕ, НЕ ВРЕДИ.
     
    На wanderlust, kala21 и flowerred им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    искрено ако љубовта од другата страна не заслужува ма тогас не вреди,а ако и за нас се борат заедно ке се бориме за насата љубов ;)
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marissa12

    marissa12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    мислам дека секогаш вреди да се бориш за љубовта. зошто да не се бориш за она што го сакаш,за она што те прави среќен? бори се до крај..ништо неможеш да изгубиш :)
     
  13. little.gf

    little.gf Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    42
    не секогаш мислам зависи за кој се бориш ;)
     
  14. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Викаат дури немаш ништо добиено нема што да изгубиш. Но, не вреди ние секогаш да се бориме. Ако се бориме треба и двајцата да се бориме за љубовта. Добро, понекогаш може и едната страна да се потруди малце, но до некоие граници. Не треба да претеруваме. Јас ги имам прекршено тие граници од нормалата и се надевам дека нема да повторам уште еднаш истата грешка :!:
     
  15. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јас секогаш се борев за личности што не заслужуваат, но веќе доста е
     
    На richgirl998 и vitomir им се допаѓа ова.
  16. loveisshit

    loveisshit Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    26
    Значи толку многу се трудев да не му одам на нерви и сто договори сум направила со него да престане да ги прави нештата кои ме креват во воздух,а се за џабе. Никогаш нема повеќе да се борам за дечко, не вреди, подобро пушти го да иде кај што му е местото !
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ditrih

    ditrih Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    вреди да се бориш се доколку и другата страна го заслужува тоа ...во спротивно не вреди само ќе се понижиш ,ќе стапнеш на својата гордост ,ќе го фрлиш достоинството ... а зошто ???!заради некој што не го разбира значењето на зборот љубов , за некој што не знае да го цени тоа што го правиш за него??!си ја качуваат цената кога ќе видат дека ги сакаш ...ти им правиш добро а тие само болка ти задаваат ...дефинитивно не вреди за такви личности!!!
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не,не вреди да се бориме за љубов.
    Ако нашата друга половина не почитува,сака итн,тогаш нема простор за борба.А ако има простор за борба,нешто не е во ред.
    Јас љубовта не ја разбирам како борба,без разлика дали другата страна заслужува или не,напротив.
     
  19. Tainstveena

    Tainstveena Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Vo nekoi slucaevi ne vredi da se borime , no zosto da ne bi se borele ako nemame shto da izgubime .No sepak za mene sekogash vredi da se borime .
     
  20. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Ако се бориме заедно тогаш вреди. :)
     
    На vaga95 и richgirl998 им се допаѓа ова.