Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли СЕКОГАШ да се бориме за љубовта?

Дискусија во 'Разделби' започната од doll, 10 декември 2009.

  1. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Мислам дека не. Зошто да се трудиш толку многу да останеш, ако тој не прави ништо за да те задржи? :?:
     
    На crazylady, Pucanka, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Не вреди! Некогаш колку и да се трудите и двајцата кога не иде не иде и се е џабе. Не сакам да кажам остаи се и не се замарај туку со сила убавина нема :(
     
    На crazylady, Pucanka и kjukli им се допаѓа ова.
  3. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    Вреди ли? Вреди ли да умираш и повторно да се раѓаш секој ден, само поради љубовта? Во секој човек постојат два дела, разумен и луд. Едниот знае што си ти, знае што е најдобро за тебе. Тој е разумен. Но не знае само едно нешто, не знае што е најдобро за твоите чувства. Тој ќе те оддели од нив, ама еден ќе победи. Разумот или љубовта, одбери сама...
     
    На Pucanka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SkrsenoSrce

    SkrsenoSrce Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    vredi li sekogas da se borime za ljubovta ? so devojkata se razdeliv pred mesec dena a bevme zaedno skoro 5 god. se razdelivme po nezina zelba naceka moment koga ne bev vo drzavava kako izgovor deka ne me saka povejce i deka mora da bide taka po nedela dena se vrativ se slusnavme nekolku pati razgovaravme i mi vika da ne i se javuvam deka i neze i bilo tesko konecno ja ubediv da se vidime pominavme edna den i edna nojc zaedno no nikako ne mozev da ja povratam bese ladna bez cusva bez emoci kako sosema druga licnost sto ne ja poznavam kako mozi da go napravi toa dali covek moze da potisne takvi emoci koga si pokraj nego ili toa e nekoj inaet ili ne znam sto i seuste mi e tesko da go prifatam toa kako radelba vo momenti pomisluvam na nea i mi e mnolgu tesko no ne znam dali treba da pokusam odnovo da ja vratam i kolku e to pravilno da molis nekogo dali covek moze da se promeni preku vecer da zaboravi 5 godini lubov i pocituvajne nikogas ne sum ja povredil ni pak sum sakal nitu pak sum ja udril sekogas bev stranata sto popusta za da imame balans vo vrskata.dali e toa moja greska so mojata postapka da bidam onaj koj e dobar i preminuva preku se za sekoj problem sum razmisluval i da sum napravil greska ja priznavav.se prasuvam dali vredi da se boram za nea ili da ja ostavam da odi po neziniot pat.dali nekogas ce se kajam za mojata postapka kakva i da e ili ne.bi sakal pomos vo ovaj moj problem ocekuvam komentar ili prasajna za da mozam da go resam i da stavam kraj na ovaj moj problem zatoa sto me izmacuva a toa ne mi dava motivacija se cusvuvam kako izguben taka sto sto vo posledno vreme ni jas ne licam samiot na sebe :(
    [mod-kirilica:36tqharq][/mod-kirilica:36tqharq]
     
  5. Lauralee

    Lauralee Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Spored mene vredi да и дадеш уште една шанса и да се обидеш,5 години не е малце време за туку така да бидат фрлени во вода.. немој да мислиш да не се понижам ,вака така... нема да се понижиш туку напротив ке знаеш и да не биде успешен твојот обид за повторно да бидете заедно дека се што било во твоја моќ си направил и дека едноставно таа самата се оладила и несакала повеќе да биде со тебе.. Но пред себе ќе си бидеш чист дека стварно си се обидел.
    Можеби девојката е презаситена или веќе подолго време таа тоа го планирала но не го направила тоа со цел да не те повреди па сега нашла начин и изговор за да го стори тоа,
    можеби ако со нешто си ја повредил (си отишол во странство таа се налутила па тера инает он мене да ме остава или сл.
    може сосема друга е работата ..види убаво размисли и како што ти кажав вреди да се обидеш уште еднаш... сепка тоа е љубовта на твојот живот и направи све што можеш да ја вратиш :)
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Вреди, ама во твојов случај мислам НЕ.....
    Мене ми стои дека таа има друг, затоа е и толку ладна и незаинтересирана кон тебе. За да не и` предизвикуваш негативни емоции и фрустрации, остави ја на раат, посакај и` се` најубаво и терај си го животот по нов пат...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IamOnlyYours

    IamOnlyYours Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    СИГУРНО ПРИЧИНАТА ЈА ЗНАЕ САМО ТАА - ТИ МОЖЕШ САМО ДА НАЃАЃАШ , ПРЕТПОСТАВУВАШ ... НО БИДИ СИГУРЕН АКО ТИЕ ЦЕЛИ 5год БИЛЕ СО МНОГУ ЉУБОВ И ЕМОЦИИ ТОА НЕ МОЖЕ САМО ТАКА ДА ИСЧЕЗНЕ , БИДИ СИГУРЕН ИМА НЕШТО ИЛИ `НЕКОЈ` ШТО ЈА ПРАВИ КАКО ШТО ВЕЛИШ ``ЛАДНА`` И ДАЛИ ДОСЕГА СТЕ ПАДНАЛЕ НА ТЕМА - БРАК ?
     
  8. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Човек не може да се промени преку ноќ. Сигурно долго време она размислувала на таа тема и сигурно ни неа не и лесно да прекине долга врска.
    Мислам дека не можеш да тераш некој да биде со тебе. Ако според неа е завршено и она нема чувства према тебе, со тоа што би пробувал да го вратите старото само би направил да и станеш уште поодбивен. Жал ми е кога слушам за ваква пропадната љубов, после толку години, но ете емоциите се минлива работа..ние се менуваме, и не можеш никогаш да имаш сигурност во љубовта.

    Јас мислам дека ако ја сакаш треба да и кажеш дека сеуште чувствуваш исто кон неа, ама дека тоа е нејзина одлука и дека не сакаш да и седиш на патот.
    Боли, но не некои работи не може да ги промениме. Дури некогаш си мислам дека колку повеќе се трудиме околу нешто толку повеќе го губиме...
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Затоа што сакаш да бидеш покрај тој што го сакаш, иако тој не прави ништо за да те задржи. Упорно настојуваме да задржиме нешто, што не сакаме да се распадне, а тоа веќе почнало да се распаѓа. Имаме трошка надеж дека нешто ќе се смени, а кога саканата личност ќе го начекаме во прегратките на друг/а сфаќаме дека било залудно и залудно сме се труделе да задржиме нешто што не ни постело.
    Се сложувам со тебе и со ова мислење, не вреди секогаш да се бориме, мора да биде посебна личноста и да заслужи да се бориме за неа, ако не нека си љуби друг/а. :)
     
    На kjukli и crazylady им се допаѓа ова.
  10. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Ве молам за совет
    вреди ли јас да се борам за љубовта?
    ситуацијата е доста деликтна.во врска сум 3 месеци и мегу нас е идеално.разликата во години е 6,јас 19,тој 25.моите уште од почеток беа против,му имаа кажано нешто на татко ми за дечкото и ете ти беља.и котек и плачење и викање,низ што се не поминав,ама не попуштив.мајка ми попушти,за неа е ок сега,ама татко ми прави сцени по дома.не зборува со никој дома,сите сме виновни,мене ми рече дека немам повеке татко,никогаш нема да ја имам неговата почит повеке,и дури рекол дека ке се лее крв,ке ме убие мене,дечко ми или себе си.гледаат дека кога сум со дечкото сум поинаква,а кога се караме постојано плачам и се нервирам.незнам што да правам.сега ке одам и на факс ама не верувам дека нешто пак ке се смени.може ке стане полошо.
    овој месец ке биде пекол
    ПОМОШ :/
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Што му кажале толку страшно за вака да реагира?
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Мора да има причина,поради која татко ти реагира и се однесува така.
    Како бе на 19год уште работите се решаваат со ќотек..
    Ти имаш разговарано за фаталниот муабет што му е кажан на татко ти?
     
  13. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Да,разговаравме 1000000 пати ама секогаш завршуваме со викање,станува неидржливо
    дечкото пред неколку години бил во врска со моја братучетка,со која не си ни познаваме,исто му имаат кажано дека сака само да ме искористи и да ме отфрли,бил женскар и незнам што др.
    го знам дечко ми подолго време,знам каков е,се тоа се лаги од нејзини блиски
    татко ми ми вели дека требало да ми биде срам,бидејки тој претходно бил со неа,а сега со мене,сега таа сакала да му се врати,повторно да пробаат да бидат заедно,а јас сум била пречката.дечко ми не сака ни да чуе за неа,бидејки премногу го повредила,незнам што да правам повеке
    ке полудам :(
     
  14. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    Срцка, многу едноставно. Ако си сугарна толку во дечкото, фино лепо ке го викнеш да поразговара со татко ти.
    Јас тоа би го исценирала вака - ке разговараш прво со мајка ти и она сигурно ке те сфати како се чувствуваш. После ке наместиш ситуација ти и мајка ти да сте дома за да дојде дечкото, и за некое време да се појави татко ти. Нема да може пред него многу да крева паника,него фино лепо дечкото ке каже дека те сака, сака да излегува со тебе, нема да те повреди и ке побара прилика да го докаже тоа. Нема кој родител не би се смирил со ваков муабет - ГАРАНТИРАМ. Ке објасни се за што го обвинува татко ти а смета дека не е виновен. Ке рече - господине пред да ме нападнете слушнете ја и мојата страна на приказната и ке видиш дека се ке се среди.

    Ако навистина те сака, ке го направи ова. Во спротивно ти размислис си.
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Не!
    Посебно ако другата страна не ја заслужува нашата борба и желба за да се извојува победата. Ако делиме различни соништа, не можеме да се согласиме, ако има повеќе груби моменти проследени со викање, навредување, понижување (и било каков друг вид погазување на едниот партнер) отколку нежност, доколку не може да се пронајде разбирање, а очајно сакаме да пронајдеме излез од она што не гуши, а веќе за жал губи секаков смисол на било каква поврзаност, не вреди и треба да се остави да оди по ѓаволите..

    Има и многу други ситуации кога не треба, ама пишувам конкретно за овие зошто и сум лично засегната и јас излегов од тој пекол.

    Не вреди, секогаш..
     
    На crazylady, kjukli и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Првин делот со ќотекот ми е чуден, зар на 19 години те тепаат? Ама ајде тоа да го оставиме на страна...

    Татко ти малку претерал, ама сепак е во право...
    Зошто на 19 години, за врска од само 3 месеци (која можеби ќе потрае уште 3 години, а можеби ќе заврши за 3 дена) да си правам проблеми дома... Го разбирам татко ти- тој има 25 години а ти 19- па кој татко би сакал да ја гледа ќерка си со дечко кој има 25 години и има поминато колку- толку во животот? Сепак тој ти е татко- сигурна сум дека ти мисли најдобро и затоа не го прифаќа дечко ти, а и има аргументи за тоа...
    А и башка е бивш на твојата братучетка која не ја познаваш (а всушност не е ни битно дали ја познаваш или не)...
     
  17. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Вреди да се бориш за љубовта, но не вреди да се бориш за секој човек што мислиш дека е љубов.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Вреди само доколку е искрена и вистинска.
    Имам јас во минатото еден господин што и ден денес го сакам.Ете не можеме да бидеме заедно.И си се помирив.Затоа што не вреди да се борам за ваква љубов што од негова страна не е искрена.
    Но кога Господ затвара некои врати,тогаш некои и ги отвара.
    Јас воопшто не ни размислував да имам дечко сега,бидејки ми е рано и мислев дека на ниедно друго машко нема да можам да верувам,ама не е се така како што мислиме.
    Се појави еден што ме сака искрено и тоа многу и што ме цени,некој кој би направил се за мене само да не ме изгуби.Некој кој ми верува иако сите се против мене.
    Е за него вреди да се борам.
    Вреди да се борам за нашата љубов.
    Секогаш.
     
    На MG3 и hermosa им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Родителите колку што знаат да се грижат, толку знаат и да претераат со нивното. :!:

    Знам еден куп примери каде се против врската (кај мои другарки и брачеди), таткото разбрал дека тој се влечкал на факултет....дека коцкал....дека бил дете на разведени родители....дека баба му била бајачка....дека бил приведуван в полиција....ИТН. |( (ова се посебни деца, не за едно)

    И на некои родители им пречат некои банални работи (пр. што е криво детето што му се разведиле родителите? :fubar: )

    А, дел од муабетите се намерно измислени или филувани (пр. тој што го привеле, уствари на времето го собрале во рација него со малолетните другари, тоа пред 10 год. и некој го запамтил, па филовале приказна дека е приведен, човек да си помисли некој насилник е. :^) )
     
  20. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    6.425
    Пол:
    Женски
    Вреди да се бориш за љубовта до одредена граница, џабе ако одиме со глава во ѕид, ништо не се постигнува. :)