според мое искуство не вреди... мн многу години бев со личност која незнаеше да ме цени..иако викаше дека премногу ме сака го покажуваше тоа на мн погрешен начин кој никогаш не го смени.колку и да праев се најдобро за него не чинеше...едноставно се откажав од лјубовта и се одлучив за некој кој ке ме почитува
Љубовта секако дека е важна во животот и дека е нешто убаво, но тоа не значи дека за неа треба по секоја цена да се бориме. Јас мислам дека не вреди да се бориме за неа, а и не треба. Само од љубов не се живее.
Две ипол години, караници секоја недела, убаво беше само првите два месеци (одпосле дознав дека кога сме се запознале се гледал и со друга девојка). Се караше за ништо или за небитни работи, дури и се лутеше тогаш кога јас ќе се налутев. Јас учев, тој се фалеше дека танцувал со девојки на излегување, дознав и дека цело време одржувал контакти со бившите. Бараше за викенд да е сам, а правеше журки дома. Работевме заедно, и дур јас бев во канцеларијата натрупана со документи, тој флертуваше со девојките кои доаѓаа. Кога се каравме, употребуваше грди збори, како „не те сакам, те користам замо за секс“. После неколку дена се извинуваше. Велеше дека јас сум крива за тоа што не може да ги положи испитите. ВРЕДИ ЛИ?
Не значи дека ако си била повредена и измачена од една индивидуа која по сплет на околности си ја пронашла и сте биле во врска, дека сите индивидуи се баш такви. Затоа не за џабе еден човек пробува, ризикува, истражува се додека не најде некоја компактибилна особа за себе која ќе и дари љубов и подршка. Од грешките се учи, а ти си научила и ова само те направило поцврста и посилна особа. Вреди да се бориме за љубов, за оној кој ќе ни го исполни срцето и душата, оној правиот што ќе ни дојде порано или подоцна, ако не вредело тоа значи дека тој не бил всушност оној вистинскиот и вистинската љубов.
Кој идиот. Кое понижување. Како дозволуваш така, пред твои очи да флертува со други? Да комуницира со бивши, секој викенд забави, БЕЗ ТЕБЕ? Па каква врска е тоа, каков дечко е овој? За ова не треба да се бориш. А уствари и за што ќе се бориш овде? Мила, за љубов се потребни двајца. Затоа, гордоста на прво место и остави го.
Ако е ЉУБОВ, вреди. Напишав со големи букви затоа што јас љубовта не ја сфаќам само како заљубеност, туку во пакет со почит и желба да успее врската и од двете страни. Во тој случај вреди и да простиш и понекогаш да погазиш некој свој принцип, да одиш против сите... А да се бориш за некој кој не те почитува, кој те малтретира психички или физички, кој те вара повеќе пати затоа што си го сакал/а, тоа апсолутно не го поддржувам.
Незнам.. погодиме темата... дали вреди?? хмм.. после сите работи направени за него сите жртви сите премижувања за многу работи,прогледувано низ прсти..на крајот па да те изневере и да оставе не вреде ..но многу лично прашање ее ... треба да го проценеш секој не е вреден ..во мојо случај за погрешен се борев ...иако го сакав и го сакам уште али веќе со него никој пат...
Не вреди, бидејќи понекогаш само љубовта не е доволна. За една стабилна врска да опстане потребно е разбирање, почитување и заеднички јазик ако го немаш тоа пиши пропало.
Ова сакав вака пред крајот на годината да го споедлам со вас. Не само што го оставив, туку и запознав еден супер добар дечко, дечко што се гледа дека ужива во времето поминато со мене... п.с не знаев дека е убаво некој да ти посакува добро утро секој ден. Најубав помин за Нова Година девојки.
Да не го тупам мн. ако вреди човекот ,вреди и да се бориш. Се друго е животна лекција и пролазно . Од кога ќе ја научиме лекцијата ,знаеме веќе дали вреди или не.
не знам дали го погодив насловот за ова што ке го пишам ама баш ме интересира нешто и барам мислење од вас кои би можеле да се причините ... вака одев со дечкото 2години и сеа брзо се скаравме значи крајно и то се се случи заради глупост оти јас му се лутев оти тој излегвасе со другарите а мене ми беше потребно внимание .. на крајот ко се скаравме тој ми рече дека ме нејкел поке оти многу сум го напнувала а пред то иначе ме сакал а мене баш цудно ми падна оти до пред то не чактисав никакви знаци дека ме нејки... и на крајо ме избриша од фб како децаата мали бее ... шо мислите дали тој глуми некое лудило или стварно е дека нејки поке со мене?
Како прво научи се да пишуваш. Како второ, мене ти ми личиш на "мало дете" а не тој. Како трето, те оставил бидејки си била напорна и не си разбирала од збор и СОЗРЕАНОСТ. Како четврто, не ти глуми лудило, едноставно те откачил.
Ни врска,ни љубов ни работа ...ништо не опстојува без вложување и борба за тоа, така што зависи од ситуацијата, не важи тоа за сите околности.
Вреди, ако е стварно ЉУБОВ.. а затоа што често не е, тоа ти е.. Колку и да ги силуваш, работите што не треба и не можат да бидат - нема.. А ти џабе си ја удираш главата од ѕид.. После само ќе те боли, друго нема да постигнеш... Логично, нели..? А често толку тешко се сфаќа...
Вреди ако е ВИСТИНСКА, ако е обострана без никакви навреди.Вреди да се борите за човек кој ќе биде пол со разбирање за вас, а и вие за него. Кој ќе знае да ве почитува и цени, кој ќе сака да го подели и доброто и лошото со вас, кој секогаш кога ви е потребен ќе биде тука, за таква љубов ВРЕДИ.