Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли СЕКОГАШ да се бориме за љубовта?

Дискусија во 'Разделби' започната од doll, 10 декември 2009.

  1. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Кога е вистинска љубов, нема борба, има само убави моменти!
    Се друго е далеку од љубов.
     
    На Aleksandarreal, Vladus и Carolin. им се допаѓа ова.
  2. angel22

    angel22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Се извинувам за грешките во пишувањето.
    Знам дека некогаш бев напорна ама не е до созревањето туку тоа се случуваше секој ден и затоа јас станав таква. Секогаш мене крива ме наоѓаше оти не одвојуваше 5 мин за мене и имавме праено муабет за то ама џабе. Свесна сум за многу работи, премногу се трудев за со него, направив се што беше до мене. Премногу ме повреди постот што го пиша, премногу нападно од твоја страна ама во ред не замервам само криво ми е после толку труд што вложив во него на крај пак јас сум таа виновната и напорната, Јас се помирив со фактот дека нема повеке да бидам со него само сакав да слушнам ваше мислење, сепак заљубени очи гледаат тоа што сакат да го видат за разлика од страна.. Од страна секогаш подруга е ситуацијата. Фала за мислењето ми значи, сепак си одвоила време да ми вратиш и тоа го ценам. Позз :)
     
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Ангелче совземи се и разбери дека животот секогаш продолжува на онаков или оваков начин. Помири се со ситуацијата и колку и да е тешко стисни заби и продолжи напред со дигната глава.
    Дај си шанса на себе да запознаеш други личности во текот на животот што ќе те направат среќна и исполнета.
    Едноставно кога гледаш дека нешто не бидува не бидува едноставно, за љубовта и една врска се потребни двајца, потребни се многу чуства и реакции што за жал тоа го нема дечкото во кој што си се заљубила. Со сила убавина не бидува па колку год да се трудиш ти околу врскава штом дечкот е индиферентен најдобро е да раскрстиш и оваква млада и убава да си ја бараш твојата среќа некаде да друго место.
     
    На angel22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LoveParis✔️

    LoveParis✔️ Нов член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    За мене кога би вредело да се борам за некој тоа би било во случај кога знам дека е компатибилен со мене,дека сме на иста скала и спремни двајцата да создадеме здрава врска.Тука е многу битно и разбирањето и почитта.оти сите сме имале ситуации каде сме зборувале ама на крајот џабе,треба да бидеме многу свесни за кој вреди да трошиме време и зборови а за кој не.И лично самата сум многу зборлива и кога ќе ми текне на безброј случаи и залудно потрошено време на такви муабети со небитни луѓе многу ми е криво.И тоа борење нема да ми претставува нервози туку ќе биде на начин што двајцата ќе почнеме полека да градиме темели на врската со љубов и компромис и понатаму заедно да се носиме со препреките и ризиците што си ги носи таа.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не е љубов, љубов ако се бориш сам.
     
    На Goody и eloves им се допаѓа ова.
  6. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Дека вреди - вреди. Дали треба секогаш да е така - не.
    Како и многу работи во животот, така и во љубовта доаѓаат моменти кога настануваат проблеми. Не може да очекуваме се да е песни и цвеќенца. И тогаш, ако сме сигурни во љубовта, не треба да се откажуваме и треба да се бориме.
    Ако овие борби се секојдневни битки, тогаш тоа не е љубов.
     
  7. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    невреди
    ако изводи глупости
    си ја бара бељата
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Љубовта не е љубов ако не боли. Онака, здраво да те тресне од земја. Барем јас така си ја сфаќам.
    Вреди, ако самата ти си решена да се бориш, оди до крај за тоа што го сакаш. Секогаш е подобро така, отколку да не се обидеш.
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Не вреди секогаш да се бориме за љубовта...некогаш е залудно што и да направиш, едноставно понекогаш е подобро да се помириме и да продолжиме со животот. Не е доволно и невозможно е кога само едниот се труди, за љубов се потребни двајца.
     
    На kvkviki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pucanka

    Pucanka Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Девојко чактисана леле мори мајко мила па незнаеш да зборуваш како да се биде со тебе ајјј боже!!!
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Вреди ако борбата е заедничка ама ако само ти се трудиш, се нервираш, бараш начин да ги средите проблемите а другиот уво не го боли, тогаш дефинитивно не вреди.
     
    На Aleksandarreal, cresa-jagoda, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Не вреди.
    Се борев упорно долги години да ја зачувам ,да не дадам на никој ,збор да каже за нас,иако потајно бев свесна дека се во право најблиските за некои работи,ама верував во љубовта.
    Дека е најбитна ,дека убавите моменти вреди да се живее. За бакнежите,за прегратките ,за поддршката ,за душата која сака какви и да сме ,за се.
    Ама изгледа не било така.
    Колку и да сакаме да гледаме низ розеви очила дека е во ред,колку и да сакаме сета прашина да ја собереме под тепихот,повторно се ќе ни се врати во лице.
    Ко шамар.
    Ќе плачеме ко мали деца бидејќи не сме си верувале на самите себе ,а на тоа кои сме и што сме. НА тоа што ни треба во животот ,а упорно ни фали во секој момент.
    А упорно го прикриваме со работите кои не правеле среќни.

    Љубовта не мора да биде убиена од работи како изневерување,непочит и слично.
    Полека згаснува поради недостаток на комуникација ,на внимание, отсуство на заеднички поглед ,став спрема светот, отсуство на насмевки заедно ,монотонија која како црв во јаболко ги јаде годините врз кои упорно трупаме надеж и ги маскираме со нешто на кое упорно го знаеме крајот,отсуство на заеднички растеж низ годините ,интелектуален или на бил кој начин,немање на ист /сличен смисол за хумор. Умира поради тоа што едниот партнер упорно вложува и вложува и вложува со се што има за ја спаси врската,а додека другата страна ужива во веќе постигнатото ниво на комфорност и не е потребно ништо повеќе.

    И тогаш проклето сакаш да плачеш кога се ќе заврши. Да ја откорнеш душава бидејќи си ти таа личност која ги става другите работи пред љубовта.
    И пак ќе си речеш. ''Јас сум виновна ,можеби премногу сакам..''
    Но ,потоа некое време ,ќе сфаќаме дека не е така.
    Дека созреваме низ годините ,се менуваме ,се запознаваме подобро.
    Сфаќаме дека имаме еден ,само проклето еден живот.
    Заслужуваме барем еднаш во животот да бидеме себични за сопствената среќа.
    За сопствената вистинска среќа.
     
    На MG3, mila1111, theMidnight и 7 други им се допаѓа ова.
  13. johnnys.girl

    johnnys.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    83
    Искрено, мислам дека не вреди. Ако двајца се сакат и се еден за друг, љубовта, почитта, сами од себе си идат. Ако секоја една работа ја вршат со мнооогу многу труд и караници, сепак би требало да си тргнат секој по свој пат :)
     
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ако се врати,значи никоја друга не го сакала,пушти го пак :D
     
    На girl1111, Lana del Rey, Svetulkaaaaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Da vredi vo ime na ljubovta da se boris dokraj osven vo slucaj koga tvojata ''ljubov'' ispoluva fizicko nasilstvo. Ne veruvajte na nejzinite/negovite opravduvanja deka Vie ja/go provocirate da e agresivna/agresiven i deka so uste pogolema ljubov ke uspeete da ja/go smenite. Vo slucaj na fizicki nasilna licnost ne vredi da se boris za takva ljubov bidejki pred se ne e toa ljubov tuku potreba teranje na terk na odnesuvanje agresivec i zrtva. I se se resava so vospostavuvanje DOBRA KOMUNIKACIJA,RAZBIRANJE duri i koga ke dojde momentot da si iceznala ljubovta ako se imaat ovie faktori zadovoleno polesno se nadminuva krajot,
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Не!
    Еден живот имаме и на никој не треба да го посветиме!
    :rock: :rock: :rock:
     
    На Lana del Rey, mila1111, izabela.nik и 2 други им се допаѓа ова.
  17. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Не!!
    со сила убавина не бидува... гледаш не ја бива работата, тоа е тоа...
     
    На mila1111, sugarlips и crazylady им се допаѓа ова.
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Сега гледам дека не вреди!
     
    На mila1111, sugarlips, marija1907 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nut

    Nut Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Не,не вреди.
    Ако е вистинска љубов и ако двајцата се сакаат, нема потреба од борење,бидејќи вистинската љубов победува се без борење.;)
     
    На mila1111 и fificaaa им се допаѓа ова.
  20. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ако е вистинска и права љубов вреди до последно да се бориш за таа љубов, ама ако е обострана:l:
     
    На Aleksandarreal, MilaP и referentka им се допаѓа ова.