Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вреди ли СЕКОГАШ да се бориме за љубовта?

Дискусија во 'Разделби' започната од doll, 10 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.893
    Пол:
    Машки
    Јас сум најпатетичен, најсериозно, ко од Марс да сум паднат. Првата врска што ми траеше 2 месеци, а претходно се познававме од основно одделение, си заминав ладно чесно поштено, за да по 3 месеци ме моли, ама не прифатив. На некој начин господ послушал нејзините клетви или што и да беа, па се зезнав сега два пати.


    Првиот пат убаво ме штракна, ама беше похрабра и в лице ми кажа, додека другава ја трпев пошто се заљубив многу и мислам (мислев, не знам баш) дека вреди, ама сепак замина странство на 3 месеци работа и се раздели од мене, со причина демек јас сум бил прекрасна личност, сум бил личност каква што посакувала бла бла, и реков че ти дадам шанса да се премислиш, макар и јас би го побарал како услуга да си направиш ти и мене, да не ме разочаруваш, пошто стварно се трудев, и таа ми вика че останиме пријатели и ко че сакаш пиши ми. Ха, че и пишам за упатство како да се однесувам со жени, односно на што да не потпаѓам, ќе прашам некогаш.


    Се борев до самиот крај, иако испаднав мајмун, ај барем ќе знае дека има некој копук од Марс што ја сакал многу, и че си се теши така во тешки времиња.
     
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Старк, те читав по темиве, не сакав да се повторувам, многу од девојкиве, а и дел од момциве ти го кажаа горе-долу истото. Зошто се нарекуваш патетичен? Да, глупаво и тажно е што си вложувал и си се трудел, а не било баш обострано и доволно ценето од неа, но што си скривил ти за да се чувствуваш лошо? Глава горе и продолжи со животот. Верувам дека кога најмалку очекуваш ќе најдеш девојка со која подобро ќе се сложуваш, која ќе го цени твоето внимание и чувства и која ќе ти одговара во секој поглед. Предобар и пренаивен си бил. Убаво е што се трудиш и што знаеш да цениш, но остави простор да се докаже малку и спротивната страна. Така ќе видиш дали ќе се труди и дали воопшто се замара. Еднострано да е цело време не бива.
    Ти посакувам многу среќа и љубов и што поскоро да ни се пофалиш со нова девојка. :D
     
    На Annora, Stark и sj *O* им се допаѓа ова.
  3. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Пријател зошто се навредуваш самиот? Не знам зошто си разочаран толку. Работи на самиот себе и обиди се да си го организираш времето на начин да не мислиш на неа.
     
    На Annora, RoseRain и sj *O* им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.893
    Пол:
    Машки

    Pa i onaka rabotev dve raboti i odam teretana, rabotrv dve raboti za ds imam pari da odam chesto kaj nea, posto studira vo drug grad, a inace od ist grad sme. :)

    Kaj da e ushte malcd ce diplomiram, ushte diplomska mi ostana i taka..
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Гледаш дека убави работи ти претстојат и период кој може да те направи повторно да бидеш среќен. Ти посакувам што побрзо да дипломираш и се што посакуваш да ти се исполни. Со лесно и со среќа на одбраната на дипломската. Доколку имаш потреба од разговор слободно пиши ми.
     
    На Annora, sj *O* и Stark им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.893
    Пол:
    Машки

    Благодарам на убавите зборови, и утехата, па ќе видиме што ќе биди во иднина.
    Поздрав и се најдобро.
    :D
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    Ми раскина Оти не е повикан на свадба кај сестра ми.Во врска бевме година ипол со што имавме раскинато еден период од два месеци.Не можам да проценам дали ме манипулира Или ме третира лошо Оти јас него го третирам лошо.Последните две три недели никако не се погодувавме да сме кај него дома.Ми имаше кажано дека се преселил кај брат му и еден ден цел ден шетавме и вечерта требаше да идеме кај него и чекајќи автобус знаејќи дека треба да идеме у правец накај станот на брат му најладнокрвно ми рече дека не излегло ништо од тоа и не ми кажал порано за да не се караме и излегло дека уствари седи у некој трет стан и очекуваше да се качам у бус со него јас реков не ќе си идам дома.Муабетот ми е лагите се лаги мали или големи.И не е прв пат да ме излаже за вакви глупости.Следниот ден кога пола саат зборев дека ми е криво што се осеќал дека треба да ме лаже и е проблем и не е океј .. не искоментира ништо на тоа само рече дека сум била своеглава и сите околу мене знаеле дека треба да биде поканет на свадба само јас не а јас не го канам од причина што не се осеќам дека врската ни е на тоа ниво и дека треба да се работи на решавање проблеми и бла бла па после запознавање со домашни.И не можам да сфатам дали ме манипулира за да си го добие тоа што го сака или пак навистина сум јас своеглава и треба да размислам поубаво..
     
  8. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
  9. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да ја ставам темата па решив тука..Ако има слична нека иде оваа у канта.

    Би сакала да ве прашам за мислење како женските така и вас машките..
    Што мислите дали е вредно да се борите за “љубовта на вашиот живот“?
    Дали треба да бидеме храбри дури и повеќе од тоа што сме и мислиме?
    Дали е можно на некој начин да се успее и да ја освоите таа љубов?

    За некој што колку и да се обидувате да го заборавите не можете зашто длабоко ви е врежан во вашето срце..Некој кој што толку многу го сакате, некој кој не можете да си го замислите денот без него. Некој кој го чувствувате длабоко во вас и вашиот ум не може да престане да мисли на него. Некој од кој никако не можете да се ослободите зашто вашата душа не ви го дава тоа.

    П.С Знам дека секој поразлично ќе ги почувствува прашањава па затоа и ја направив оваа тема за да слушнам ралично мислење.
     
  10. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Се борев цврсто до крај.
    Со цела душа и срце.
    Ама некој не цени и не ме заслужил.
    Затоа сега прво сакам да си ја кренам самодовербата и да се почитувам самата себе.Оти не бев почитувана од него и живеев во илузија дека тоа е љубов.Љубов не е само те сакам малечко,сонце,среќо,душо.
    Не е љубов ако сме цел ден заедно а тој при секоја кавга ме турка од себе и сака јас да молам.Реков доста е.Боли и ќе боли.Ама, доста беше.
    Сакав да се радувам со него.Сакав да бидиме заедно и да сме среќни.А него го гушело тоа јас сум сакала само со него.Да де.Сакав искрено.Оти ми беше убаво.Оти сакав се лошо да се заборави и да уживаме.
    Сакав добро само.И нормално кога ќе си лут сакаш некој да те смири да прави со тебе разговор.А не некој дополнително да те нервира и вреѓа.
    Се бориш ама се изморуваш.
    Се изморив едноставно.
    Еве солзи ми идат.
    Се сеќавам на се убаво.Се што беше прекрасно.Кога правевме маратонски муабети,кога ме гледаше како принцеза,кога се што се прави правевме заедно.
    Амаа НЕ! Морам да престанам да мислам на тоа.
    Сакам да сум среќна.
    Нема никој да е како него.Нема да ме гледа како него.Нема да се однесува како него.Нема никој да гали и гушка како него ама барем ќе ме почитува тој некој друг.

    Барем ќе знам дека имам работа со возрасен маж.А не со разгалено детиште.

    Боли.Плачам.
     
    На Ivan4e04, orevka, Mini90 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Јас се водам според тоа дека сè е убаво додека трае.
    Љубовта на мојот живот ќе бидат само моите деца ако имам еден ден.
     
    На eliesaab, simonka93, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    I feel ya girl... :/
     
  13. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски

    Боли и ќе ме боли.
    Не знам како понатаму.
    Ќе ме моли ќе плачи знам јас! Амаааа ќе бидам премногу јака и ќе плачи цел живот по мене.Ќе се свести дека јас само добро му мислев и се правев за да ни биди убаво.
    Навредите до ден денес неможам да ги заборавам.
    Не вреди извини.
    Не ни саакам да кажам што ми имаше речено и простив.Ама последниот пат немаше шанса ништо не ме враќаше повеќе кај него.
     
    На Rama и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  14. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би се борела. Љубовта е пролазна работа, никогаш неможеш да бидиш сигурен.
     
    На Плавуша123, Rama и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  15. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Како што мине времето,сваќам дека нема љубов а камоли љубов која ќе ти трае до цел живот...Едноставно идат личности во нашиот живот и си заминуват,сакаме нејќаме мораме да прифатиме.
     
    На Rama, La.loca и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.790
    Пол:
    Женски
    Прв дечко.прва љубов и веќе 15 години заедно.
    Средно школо завршив,факултет завршив-тој не.иако моите се противеа ги пребродивме сите препреки и предрасуди и ете не-сеуште сме заедно.
    Во него гледам маж, другар, брат =мој животен сопатник.и добро и лошо поминавме.и болести и се'
    И пак да се родам повторно би ја направила истата одлука.
    Тој е повеќе платен од мене,убаво заработува и во него гледам заштита во секоја смисла на зборот.
    Јас повлечена,тој темпераментен.како вода и оган се надополнуваме.јас смирувам ситуации и поозбилно гледам на работите. тој развеселува, поткрева внимание.прави весела атмосфера.Да сме биле иста професија никогаш не би издржале заедно.

    И така... постојат бајки и сродни души а јас верувам дека ние сме едни од нив, и уживаме во нашиот хармоничен живот.

    Љубов на мојот живот,прва,една и единствена:inlove:
     
    На molikaMk, sparklie, poenta и 15 други им се допаѓа ова.
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    И вреди и не вреди да се бориш. Пробав најмногу што можев ама не успеав..Она кога пишувате 24/7 веќе година и пол скоро две за една секунда се да заврши. Би се борела и понатаму да остануваше во Македонија, но се надевам ќе си ја најде среќата. Би му пишала моментално но после оние зборови веќе ништо не е како порано. Многу ме погодија неговите зборови, сепак не е таков но... Не знаеш што носи животот. А ова морам да го спомнам. Благодарение на @simonka93 сега сум добра. Ми даде совети ме утеши и ми се погоди најдобра пријателка на форумов. Те сакам Симонка :l::l::l::l:
     
    На Alishan30, LanaSGirl и simonka93 им се допаѓа ова.
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Вреди да се бориш се додека и другата страна исто размислува и постапува, се друго е пролазно.
     
    На poenta, RAF Camora, sorbet и 16 други им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    @angelche16 :hug:

    Верувам дека постои таа една љубов што ќе ни' го обележи животот...
    Тоа не мора да биде дечко или партнерот со кој сме во брак, може било кога да се појави, да не' промени и да ја паметиме цел живот
     
    На RAF Camora, LanaSGirl, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Nema da bide kako nego? Budalce, ne daj Boze da bide kako nego, zatoa sto sekoja zasluzuva podobar.

    Nema da se odnesuva kako nego? Ne daj boze da se odnesuva kako nego, zatoa sto sekoja zasluzuva da bide gusnata, a ne turnata koga i' e potrebna poddrska, a dotolku sto tvojata zelba da si kraj nego, namesto radost za nego bila gushenje.

    Nikoj nema da gali i gushka kako nego? Daj Boze da go sretnes onoj koj ke znae da go ispocituva tvojot trud, a onoj moment koga ke bides galena i gushkana so pocit, bez da bides otturnata vo bilo kakva situacija, ke sfatis deka toa e vistinsko galenje, a taa pregratka e najtoplata i najsigurnata.

    Glavata gore i cekori napred kon zivotot. ;) :) :hug:
     
    На lilly57, carangigia, poenta и 5 други им се допаѓа ова.