Секогаш кога сум се борела за љубов таа ми покажала дека не треба да се борам за неа. Или ја има или ја нема.
Тоа ако само ти се бориш, а другиот си спие на ушите. Ако и на двајцата ви е битно и сакате да останете заедно, и ако и двајцата се борите, тогаш вреди.
За љубовта, секогаш ама секогаш вредело да се борам! Со љубов се се победува, со љубов секое зло се уништува, нема нешто што би било на иста бранова должина, како љубовта, ништо ама баш ништо во животот не доаѓа лесно, па така ни љубовта, таа се негува со години, со почит, внимание, со тага и болка понекогаш, со трпение и смореност, па и со нервоза и избувливост... Љубовта е борба, борба која никогаш не престанува, борба за да докажеме на некого колку ни значи, колку го сакаме, борба за заеднички да ги постигнеме своите цели, борба за да останеме заедно иако не е секогаш се совршено, борба за да докажеме колку сме силни, против зборовите на другите, љубовта не е само "те добив, те имам", треба посветеност, изградба, внимание... се што ќе остане само на тоа "те добив" не е вистинска љубов.
Да јас за тоа велев. Многу често сум се нашла во ситуација да се докажувам а потоа сфаќав дека тие личности намерно ме доведувале во таква ситуација за да се откачат од мене. А јас тогаш се борев за таа љубов да опстане. Таму ми е грешката. Инаку ако има љубов меѓу двајца би се борила до последната сила.
Не. Кога бев тинејџерка бел лудо затрескана во еден дечко кој не беше атрактивен физички, но го засакав поради позитивата која зрачеше од него. Но, тој беше некој поинаков тип од другите, не се заморуваше многу со женски во тие години, слободен беше, и му беше важно да се дружи, ужива, не се оптоваруваше со врска. Потоа некое време почнавме интензивно да комуницираме во смисла да се јави и со часови да разговараме, а кога го опоменував дека зборува веќе два часа велеше дека е ок, не е проблем. На крај секогаш измислував дека имам обврски инаку немаше да прекине. А ми беше пријатно да разговарам со него. Но, сигурно се чуделе дома кога им доаѓале сметки високи, оти во тоа време само фиксни имаше. Ден денес се чудам каде наоѓавме толку теми за разговор. Така некако тераше де го има, де го нема, оти живее во друг град, а доаѓа во местото каде јас живеам одвреме навреме. После некое време кога конечно му текна на мене и сакаше врска, кога конечно сфати дека јас навистина го сакав, јас веќе се откажав од идејата да бидеме заедно. Се среќаваме сосема случајно после години, јас пријатно изненадена што го гледам, а и тој мене, и ме кани на кафе, да пишам на фб, ќе се договориме. Не пишав, штом го немаше толку време, а можел да биде со мене, сакав веќе да држам дистанца и да не се залажувам. Во меѓувреме се сменив. Пиењето кафе пропадна, тој си беше слободен, освен ако нешто не мател. За една недела се ожени со едно девојче кое беше малолетно, и кое само гледаше да избега од дома, оти беше без едниот родител, а другиот беше болен и веќе тонеа во проблеми, семејни и финансиски. За девојчето кое не видело ништо во тие години, главниот град е Париз, иако тој од нејзе е постар 16 години, што секако е голема разлика. Кога ова го слушнав ми беше сеедно, тотално сеедно. Не планирав ништо со него, но ми беше драг како познаник. Девојчето ме тргна од фб, а потоа и тој. Така што не вреди да се бори човек за љубов, но вреди да се бори за компатибилен партнер со кој би имало хармонија. Од овој пример сфатив дека веќе не смеам да ценам и преценувам луѓе кои не се докажале и покажале како некој кој треба да се цени.
Ако партнерот се труди, ќе се трудам и јас, ако нема иницијатива од негова страна тогаш нема што да правам тука. Залудни би биле сите напори за да опстане нештото ако немаш помош од спротивната страна. Еднаш направив таква грешка и никад више. Се трудев да вратам партнер кој реално никогаш и не бил мој кога ќе размислам. Вложив се што имам за да успее врската но само се понижив. Тогаш ептен бев заљубена, слепа, правев се за да му угодам. Сега се би дала за да се вратам неколку години назад и да постапам поинаку. Доброто од сето тоа е што научив лекција која би ја практикувала и во следни врски.
Вреди да се бориш за љубовта со некој што те заслужува и го цени твојот напор....во спротивно, залудно би било
Не вреди! Колку и да сум се потрудила да се борам за да имам некого на кого би му се доверила и би му искажала љубов каква што сакав да имам, сепак испаднало лажно верување, губење многу време, реткост е да има за кого да се бориш. На крајот пак јас сум таа што дава сѐ што може, а губи и не добива ништо за возврат. Ако постои борба во љубовта мечот удира во мене. Колку пати само се повторува тоа флертување, што ме тера да заборавам на вистинска љубов, на таква љубов во која има борбена приказна. Што значи дека кај мене љубовта е флерт и чиста празна страна која нема кој да ја напише и да ја претвори таа имагинација во реалност. Вредноста во борбата е во еден момент кога еден ќе затропа на мојата врата и еден ќе ме прими во неговото срце и ќе ми овозможи да имам сѐ што изгубив да имам. Во борбата виновни се противниците, никогаш не смее да се дозволи да бидеме прегазени од противниците на нашата гордост и самостојност во одлуките кои ги имаме. Затоа што тој противник би сакал да е по негов памет, да тече сѐ како тој што си замислил а да не се согласуваме во тие случаи. Така да, не се борам за тој што никогаш не заслужил да ме има. Се борам само за правдината моја што треба да е сочувана и убаво е да ја знае секој кој што е противник.