Да си го поставев прашањето дали вреди да се борам за љубовта пред некое време не верувам дека одговорот ќе ми беше потврден ... но сега знам дека е. Моментално се наоѓам во криза во врската, криза која можеби јас ја измислувам, а можеби и самата постои... Мојот живот се смени благодарение на љубовта. Ова чувство целосно ме исполни. Иако не бев целосно вљубена, не сум и сега затоа што љубовта нема граници до колку најмногу човек може да се вљуби, овој човек до мене ме прави среќна и искрено не сакам да го загубам и затоа знам дека и ќе се борам за него се додека тој тоа го заслужува. Па девојќи посакајте ми среќа да успеам да не бидам премногу посесивна и да имам повеќе разбирање кое многу ми треба.
Ne vredi ...go znam toa od iskustvo neznam veke sto da pravam go sakam veke godina dena a toj mi ima kazano deka nesaka nisto da ima poveke so mene odkolku drugarstvo ..I ednostavno kje poludam mu imam priznaeno deka go sakam megutoa toj onaka samo light ...i na nekoi momenti custvuvam kako da mi dava lazni nadezi no sepak neznam dali vredi da se boram..skoro sekoja vecer placam no ... sto da se pravi .SOVET ?! ..fala odnapred
Демек вредело... ама зошто само јас да бидам таа што ќе се бори?! Тој ништо не треба да прави?! Не знам веќе... ништо не ми е јасно...
axxx da da u pravo si za ova ali sepak neznam zoshto no zenskite sekogash povekje se trudat i patat .... (((
Во право си Анатх! Љубовта е круна на борбата на 2цата......а не само на една личност! Во спротивност тоа е егоизам!
јас сум мажена веке 1година и имам керка,ама пред да се земиме,имавме многу проблеми во врската,не од наша страна,туку на лугето им сметаше да сме заедно.едно време бев готова да се откажам од него,зашо не можев да продолжам така,сите да ме малтретираа.после сфатив зошто да го пуштам човекот што го сакам,и тој мене?заради други љуге мислеаа дека не сум за него,правеа се ама на крај тој им покажа заби,и попуштија.сега заедно сме и многу ми е убаво а си велам да се откажев ке го изгубев
Вреди да се бориме за љубовта !!! Секогаш и секаде ! И да се разочараме ПОВТОРНО ТРЕБА да се бориме за неа... Тоа е моето мислење што никогаш нема да се промени... Бидејки безразлика колку и да е некогаш тешка и болна ... Сепак љубовта е најпрекрасното чувство што постои на овој свет за кое вреди секогаш да даваме се од себе... Бидејќи искрено.. Има ли нешто поубаво од утрото кое не буди потсетуваќи не дека сме сакани, посакувани, чувани и мислени! Никогаш НИКОГАШ не треба да се откажуваме од тоа чувство!
Никогаш не би можела да се заљубам во женет човек,а доколку се случи ненадејно,без да знам дека има семејство ќе се тргнам на страна.Не сум јас таа која може да си земе за право да растури брак,да им го уништи животот на децата и да внесе кавги. Со некој од друга националност не би можела да бидам.За мене таму стои знакот СТОП и знам дека таму не смеам,а не ни чувствувам потреба да се плеткам. Околу возраста мислам дека сепак треба да има некоја граница бидејќи се работи за различни интереси,но не осудувам двајца кои искрено се сакаат и се сложни покрај разликата во години. Љубовта е многу силно чувство,но доколку не е возвратена се пропаѓа во вода.Не вреди да трчаме по некој кој не покажува ни најмалку внимание.Да,вреди да се бориме доколку знаеме дека сме сигурни и дека е пред се чиста и искрена љубов.Спремна сум да ги преминам сите пречки доколку искрено се заљубам и не потклекнувам на никакви коментари од околината.
sekoj na svoj nacin se bori za ljubovta,no sepak zavisi od situacija do situacija.ponekogas ispaga pologicno da ne se boris,tuku da soberes sili i bez razlika kolku i da te boli hrabro da i poglednes na vistinata u oci i da se soocis so toa porano odkolku da go trosis vremeto silata ljubovta kon nesto sto navistina ne go zasluzuva,i ne ucestvuva vo borbata tuku e pasiven nabljuduvac,i ne mrda so prst.zosto bi se borel ??nema logika.ponekogas poubavo se pominuva i donesuva sreka vo ljubovta togas koga hrabro ke go svrtis grbot,i ke ja prekines borbata.i togas vazi praviloto ako bilo vistinsko i iskreno ke ti dojde samo na vrata.isto kako koga ke ja pustis pticata da leta -ako se cuvstvuva slobodno i sakano sama ke ti sleta na dlanka.sto e tvoe samo ke si dojde bez mnogu trosenje sila i nervi .a ona ako ima deca semejstvo pa normalno od start deka ne vredi da se boris i razmisluvas voopsto za takva osoba..
Vredi ako znaeme deka taa e vistinskata ,samo sto problemot e kako da ja prepoznaeme ?????? Se borev 4 god mislejki deka vredi pa sega mi e tesko koga ke mi kazat moite doma "ti vikavme ne e za tebe " zatoa mislam deka treba da se borite ako se bori i on zaerdno so vas ako ne otkazise dodeka imas nervi .Ova e moe mislenje nemora da sum vo pravo
Дали вреди или не, зависи многу од ситуацијата во која се наоѓаш. Многу јасно е дека ако навистина се сакате а ве одделуваат некои пречки кои се ситници во споредба со некои тогаш многу вреди да се бориш за тој што го сакаш, но секако тоа да биде обострано, бидејќи не иде само од едната страна. Но, дали вреди да се бориш за некој кој го сакаш многу иако знаеш дека тој не те заслужува ?? Е тогаш мислам дека не вреди, бидејќи ако вредело тој нема да те пушти туку-така, напротив би гледал да те задржи на секој начин.
Zdravo dami, jas sum nova na forumov i vie ste mi potpora vo momentalnata situacija niz koja pominuvam Inaku taze izlezena od 1 godishna vrska, so decko koj mislam deka e po moja mera, karakterno si odgovarame, se soglasuvame, so max doverba od 2te strani, i bez ljubomorni i posesivni ispadi...Pred mesec raskinavme poradi nebitna pricina, odnosno toj saka da ostane vo stranstvo po zavrsuvanje na studiite, a jas sum vo mojot roden grad, a inaku i 2ta poteknuvame od ist grad. Se navrakjam, znaci raskinavme, ne se slusavme toj mesec, ne kontaktiravme, i pred nekoj den se vrati i se dogovorivme da se vidime. Ja realiziravme sredbata, razgovaravme, toj e pesimist za nasata vrska, veli deka mu e teshko sto sme oddaleceni, no najdobro bilo da se razdelime iako postojat cuvstva megu nas. Uzasno mi e, na samata pomisla deka ke se razdelime, zosto veruvam deka koga ima ljubov mora da se dava se od sebe, i da se preminat site prepreki. I nekako odlucivme da kontaktirame bidejki toj ke se vrati, i preku letoto ke bide tuka, pa da vidime kako ke se odvivaat odnosite megu nas, i pokraj toa sto veli deka se cuvstvuva "izladeno", a istoto i jas go pocuvstvuvav na poslednata sredba, no znam deka go sakam. Ne znam dali e pogresen cekor toa sto go pravime, zosto sega ne sme nitu raskinati nitu vo vrska, toa e kako mec so 2 ostrici
Јас сум нова на форумов.Ми треба помош од вас. се надевам дека ќе можете да ми помогнете. Па вака јас сум во врска веќе 2год. и не е баш се нај нај но го сакам премногу. ... Е сега тој оваа мене што ми го казува јас го сметам како еден вид уцена. Се ближи пиво-Фест во пп па би сакала да одам со моите родители но тој вели ако јас не одам и ти нема да одиш, а доколку сум отидела ќе ми раскинел. Јас му реков само па што чекас до четврток ко можеш уште сега! Тој рече денот кога ќе заминеш јас и ти повеќе нема да бидиме заедно. А и за се едно нешто тој е љубоморен веќе незнам ни дали е оваа љубов или опсесија? Што да правам ве молам помогнете ми!!! очајна сум
Девојче, значи имаш само 15 години! Кому ќе полагаш сметки? Убаво си му рекла - што чека до четврток, ако има машкост нека ти раскине одма! Ама гледаш дека не го сторил тоа. Ти + сакаш да одиш со родителите, ама дури и да си со друштво, не смееш да дозволиш на некој дотичен да ти наредува и да те уценува. Денес е за некоја ситница, утре ќе е за нешто поголемо и поважно. Да си одиш кај што си решила и ич, ама ИЧ да не се секираш. И самата велиш дека врската не е нај нај, можеби е знак дека треба да се смени нешто. А ти си млада, и имаш толку време и дечковци пред тебе. Не си ја троши младоста на такви доминантни наредувачи. Уживај си во животот, и не се заморувај. Позз
Така и мислев и секако ќе одам каде сакам и со кого сакам. Нити е прв нити последен. Ти благодарам премногу
вреди но само ако во нашите срца осетиме дека е таа вистинска и права љубов. јас за љубовта која ја имам сега. која ја примам и несебично давам, за која правам се, би се борела со последната капка крв. не би дозволила ништо ама баш ништо да ми застане на пат или да ми попречи за да бидам со него. само за вистинската љубов вреди да се бори човек
Љубовта е највозвишеното чувство... зборот љубов не е само обичен збор од пет букви, тоа е нешто повеќе од букви, повеќе од зборови. Голем благослов е да љубиш, да знаеш да љубиш,но да љубиш вистински, не себично. Според мене за љубовта вреди да се бориме само тогаш кога ни е возвратена. Значи не секогаш. Зошто би се бореле за љубов ако личноста не не перцепира, не ни возвраќа? Која е смислата тогаш? Љубовта е сила која менува, но за тоа се потребни двајца. Ако таа е двонасочна, тогаш треба да се бориме, но ако е еднонасочна...џабе е.
НЕКА БРКА РАБОТА аууу колку мразам такви машки што поставуваат услови... пи**а у душа...ако има г’з нека ти раскине вака а не услови да ти поставува... аууу се напнав хахахаа изв
Se sto e povrzano so ljubovta NE VREDi...duri ne vredi i temava za razgovor sto ja izmislil nekoj-LJUBOV...bla bla bla
Вака... Заедно сме 9 месеци.На почетокот се беше во најдобар ред.Но сега како да не е истиот човек од порано.Не се имавме видено 1 недела и кога се видовме имав чувство дека со другарите му е позабавно.Разговаравме за тоа.Но јас незнам дали да се откажам од нас?!?! Дали вреди нашата љубов за тоа да плачам и да се нервирам поради глупости (за кои тој секогаш вели дека не било намерно или биле ситници) Го сакам (сега можеби помалку) и тој ме сака мене.Но сепак еднаш сум среќна со него,а еднаш не.Секогаш мислам дека еден ден ќе ме повреди многу и на најлош начин.Тој е мојата прва вистинска љубов.Навистина го сакам ама ми е доста од плачење и од тоа секогаш јас да простувам и да заборавам.Ми се чини како само јас да се трудам за нашата врска.Не сакам да биде така...